Контакт

Uncategorized

НБА: Лилард 49, Ирвинг 46, Расел 40

Објавено пред

Изминатата ноќ во НБА лигата мина во знакот на тројца кошаркари, Лилард од Портланд, Ирвинг од Кливленд и Расел од ЛА Лејкерс, кои постигнаа 40 и повеќе поени.

Лејкерси и Кливленд одиграа спектакуларен меч, победа забележа актуелниот првак 125:120, но отпорот на аутсајдерот го скрши дури во последната четвртина.

Расел за Лејкерси постигна рекордно во кариерата 40 поени, додека Кливленд го предводеа Ирвинг со 46 и Леброн Џејмс со 34 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=I_UA7t1H7ro

Демијан Лилард блескаше во победата на Портланд во Мајами 115:104. Бекот на Портланд мечот го заврши со 49 поени, 28 од нив постигна во првото полувреме. Одличен меч одигра и репрезентативецот на БиХ, Јусуф Нуркиќ (21 поен, 12 скокови), а Мајами го предводеше Џамир Џонсон со 24 поени, 7 скокови и 5 асистенции.

Резултати: Сан Антонио-Сакраменто 118:102, Њу Орлеанс-Минесота 123:109, Торонто-Индијана 116:91, Детроит-Феникс 112:95, Филаделфија-Бостон 105:99, Бруклин-Далас 104:111. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Приведено 18-годишно момче – избол возрасен скопјанец со нож, а го нападнал и син му

Објавено пред

Полицијата го приведе Х. П. (18) од селото Љубин, Скопско, поради напад.

„Синоќа, по претходна расправија, Х. П. физички го нападнал Е. К. (45) од Скопје и му нанел повреда со остар предмет. Х. П. се сомничи дека на 6.10.2021, со уште неколку лица, физички го нападнал и малолетниот син на Е. К.. По целосно документирање на случајот, против Х. П. ќе биде поднесена пријава по член 131 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Студено и облачно со врнежи од дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и проследени со засилен југоисточен ветер, особено во западните делови, каде што на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне само 14 степени.

Во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд со променлив интензитет.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Приведен маж кој украл пари од црква

Објавено пред

Полицијата приведе 42-годишен маж од гостиварско Врапчиште, поради тешка кражба во црквата Свети Петар во Долна Бањица.

„Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште поради сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил тешка кражба во црквата ‘Свети Петар’ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар“, информираат од МВР во дневниот билтен.

Мажот е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и во текот на денешниот ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 минути

Со каиш ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43 – годишен...

Македонија43 минути

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија2 часа

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија2 часа

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Македонија3 часа

Заев: Извештајот на ЕК потврдува дека чекориме силно на европскиот пат

Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот...

Свет3 часа

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија4 часа

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија4 часа

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија5 часа

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Спорт7 часа

Потврдено: Ако не се вакцинира, Ѓоковиќ нема да игра на Австралија опен

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, нема да може да ја брани титулата на Австралија опен, доколку не се вакцинира....

Македонија21 час

Вархељи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархељи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање...

Македонија21 час

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за преговори за членство во ЕУ, се наведува во новиот извештај

Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста...

Македонија23 часа

Димитриевски: Лица од МВР три недели нè следат мене и мојот тим, тоа е вршење притисок поради изборите

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого утрово полицијата го сопре и го прaти со возилото на технички преглед, на прес-конференција...

Македонија24 часа

Се укинува ограничувањето на бројот на гости на една маса во угостителските објекти

Владата на денешната редовна 113. седница, меѓу другото, во согласност со моментната епидемиолошка состојба во државата усвои измени и дополнувања...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски ја повика цела опозиција зa уривање на Владата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати повик до Левица и сите опозициски партии, но и до владините кои се во...

Македонија1 ден

За една недела од коронавирус починале 26 вакцинирани лица, од кои најголем дел примиле „синофарм“

Во периодот од 8 до 14 октомври од коронавирус починале 105 пациенти, а 75 % од нив не биле вакцинирани....

Македонија1 ден

МВР не ја наведува причината за запирањето на Максим Димитриевски и најави истрага за случајот

Од Министерството за внатрешни работи по сопирањето на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, велат дека за случајот е вклучен Одделот...

Македонија1 ден

Уште 27 Авганистанци заминаа од земјава

Група од 27 граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во земјава изутрината од Меѓународниот аеродром Скопје, со членови на нивните...

Македонија1 ден

35 проценти од популацијата во државата примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 се аплицирани како прва доза, 2.509...

Македонија1 ден

Симовски: Резултатите од пописот најдоцна до март

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, информира дека обработката на податоците од пописот е почната веднаш по неговото...

Досие