Контакт

Uncategorized

(Видео) Села пред средбата со Заев не знае дали ќе ги поддржи уставните измени

Објавено пред

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, не кажува дали ќе даде поддршка за уставните измени, ако не поминат неговите предлог- амандмани. Пред најавената средба со премиерот Заев, Села вели дека ќе почека да почне дебатата во Собранието и дека за неколку дена ќе биде познат нивниот став со кој би требало да се заокружи процесот на уставни измени. Додаде дека нивните предлози биле во насока на јакнење на стабилноста на државата.

„Мислиме дека е многу важно Македонија да стане членка на НАТО, а со тоа да не повлече со себе внатрешни проблеми кога ќе биде во НАТО. Во овој контекст се и нашите предлози за граѓаните во Република Македонија да се чувствуваат еднакви со еднакви права. Никој не треба да се плаши од еднаквоста и од праведноста, а сите ние треба да се плашиме од компромисите што се правеа со законот за амнестија и други компромиси кои ги гледаме преку СЈО“, рече Села.

Оваа порака на денешната средба Села му ја пренел и на шефот на Канцеларијата на НАТО за Македонија, Зоран Јанковиќ.

Од Алијансата за Албанците поднесоа шест амандмани кои се однесуваат на унапредување на употребата на албанскиот јазик, измени во делот на државјанството т.е. да не стои Македонци, како и барање да се наведе дека државата е мултиетничка, а наместо дијаспора, да се наведат етничките заедници. Речиси идентични барања имаат и од Беса на Касами, од каде велат дека тие не го запираат интегративниот процес, како што претходно обвини вицепремиерот Бујар Османи.

За барањата на двете албански опозициски партии, премиерот Заев рече дека ќе преговара бидејќи „висат“ потребните гласови за двотретинско мнозинство, потребно за последната фаза од уставните измени.

Седницата за уставните амандмани е закажана за утре.

Uncategorized

Заложничка драма во Бразил: маскиран маж држи во заложништво патници во автобус

Објавено пред

Маскиран маж држи како заложници патници на автобус на мостот Рио-Нитерој, што ги поврзува градовите Рио де Жанеиро и Нитерој.

Вооружени полициски службеници го опколија местото и преговараат со киднаперот.

Засега не е јасно колку заложници има во автобусот, а според неофицијални информации, мажот ослободил пет лица.

Локалните медиуми наведоа дека киднаперот се заканил дека ќе го запали возилото.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Исчезнатата Британка на грчкиот остров Икарија пронајдена мртва во бездна

Објавено пред

Триесет и петгогодишната Британка Наталија Кристофер, која исчезна во понеделникот наутро на грчкиот остров Икарија, попладнево е пронајдена мртва. Нејзиното тело било пронајдено во бездна длабока 20 метри, во непрооден планински терен во областа Караме, Агиос Кирикас.

Според првичните информации, таа била поклопена од карпа што паднала врз неа, а била пронајдена по сигналот од нејзиниот мобилен телефон. Како што пренесуваат грчките медиуми, најверојатно станува збор за несреќен случај, откако Наталија сакала да се качи на карпата.

Наталија, која има британско-кипарско потекло, а живее на Кипар, била на одмор со својот партнер во Икарија. Тој пријавил во полиција дека исчезнала откако не му одговарала на телефонските повици. Претходно, Наталија му рекла дека ќе оди да трча.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

На социјалните мрежи се појави видео од Катица Јанева во фризерски салон

Објавено пред

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појавија неколку видео-снимки од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во фризерски салон во Скопје.

Засега не е познато кога е снимена Јанева.

Специјалната обвинителка од минатата недела е на боледување. Ден пред да го отвори боледувањето таа поднесе оставка што ќе стане активна со изборот на нејзиниот наследник.

Обвинителството ѝ го одзеде едниот мобилен телефон со наредба и го предаде на вештачење во истрагата за рекет.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да ја потпише екстрадицијата за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и...

Македонија3 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија4 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ5 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет6 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет7 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет7 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет19 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт20 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион21 час

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија22 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија24 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Досие