Контакт

Uncategorized

Утре ќе се додели државната награда „Мајка Тереза“

Објавено пред

Во свечената сала на Собранието на Република Македонија утре во 12 часот Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели наградата „Мајка Тереза“ за 2017 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери, а годинава добитници се Миливоје Јанковски и на доц. д-р Венера Крлиу-Ханџиски.

dobivaj vesti na viber

Uncategorized

Германскиот претседател Штајнмајер утре во дводневна посета на Македонија

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски утре и задутре ќе му биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на земјата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Штајнмајер и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Германија.

Во рамките на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје, претседателот Штајнмајер и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Променливо облачно и ветровито, попладне и во текот на ноќта дожд

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, а во источните делови и по должината на Повардарието засилен, повремено силен ветер од југоисточен правец (70 км/ч.) Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 20л/м2). На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје променливо облачно со засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Утре ќе има повремен локален дожд, а од четврток ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и со услови за појава на магла во одделни котлини.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Невидена побарувачка за турнејата на Тејлор Свифт ја урна веб-страницата „Тикетмастер“

Објавено пред

Милиони фанови на Тејлор Свифт ја преплавија веб-страницата „Тикетмастер“ на „Лајв нејшн ентертејнмент“ во вторникот барајќи места за нејзината прва турнеја по пет години предизвикувајќи периодични прекини и долги чекања на интернет, кои често завршуваа со разочарување.

dobivaj vesti na viber

Во вторникот наутро страницата за продажба на билети ги информира фановите, преку соопштение на „Твитер“, дека се соочува со повремени проблеми на кои компанијата итно работи да ги реши.

Подоцна, „Тикетмастер“ твитна дека имало „историски невидена побарувачка“ од милиони луѓе за турнејата на Свифт, The Eras, нејзина прва од 2018 година. Продажбата на билети за концертите на Западниот Брег беше одложена за три часа.

Фановите пријавија дека чекаат во онлајн-редици до осум часа, а многумина открија дека доцнат да купат билети, кои чинат помеѓу 49 и 449 долари.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

Ковачевски: Повисоки пензии, повеќе пари за општините и здравството во буџетот за следната година

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска, на заедничка прес-конференција, го претставија Предлог-буџетот за 2023 година, оценувајќи...

Македонија11 часа

МВР: Немало закани кон полицајци во Арачиново, случајот е целосно расчистен

МВР тврди дека никој не им се заканувал на полициски службеници во Арачиново, а случајот е целосно расчистен. „По извршени...

Македонија11 часа

Украдено возило на Итната помош во Кочани, полицијата го пронашла по пет часа

Доцна синоќа околу 03.40 часот од Општа болница Кочани било украдено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска...

Свет13 часа

(Видео) САД го претставија новиот стелт бомбардер, може да носи и нуклеарни бомби

САД синоќа го претставија својот нов стратешки стелт бомбардер Б-21 Рајдер, авион што може да лета без екипаж и да...

Македонија14 часа

Рашковски: Сингапур има биометрија, Србија сообраќаен софтвер, а Македонија ги има Трајчева и Русковска

Став на обвинетиот за предметот „Софтвери“ – поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашкoвски: „Жителите на Сингапур од 2022 година...

Забава15 часа

Патниците наскоро ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони во авионите

Патниците во авионите во ЕУ наскоро ќе можат да користат мобилни телефони за време на летот без да го вклучат...

Спорт15 часа

Џака: Дресот на Јашари беше за мојот млад соиграч од Македонија

Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, објасни зошто по победата над Србија носеше дрес со презимето Јашари. Играчот од средниот ред...

Македонија15 часа

Османи одржа предавање на колеџ во Варшава: „Нема место за агресија во Европа во 21. век“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи одржа предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин во Варшава, следствено по учеството...

Свет15 часа

Белата куќа ја објасни изјавата на Бајден: Засега не планира да се среќава во Путин

Белата куќа ја појасни изјавата што американскиот претседател Џо Бајден ја даде претходно, истакнувајќи дека американскиот претседател во моментов не...

Свет15 часа

Британскиот министер: Путин би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на армијата

Рускиот претседател, Владимир Путин, би можел да ги искористи мировните преговори за обнова на војската пред да почне со нова...

Свет16 часа

Зеленски тврди дека од руско заробеништво се ослободени повеќе од 1.000 украински војници

Повеќе од илјада Украинци беа ослободени од руско заробеништво за време на војната, рече Володимир Зеленски. Украинскиот претседател изјави дека...

Економија1 ден

ЕУ постигна договор за руската нафта

Членките на Европската унија се согласија да ја ограничат цената на руската нафта на 60 долари за барел, во согласност...

Свет1 ден

(Видео) Еруптираше најголемиот активен вулкан во светот, лавата се поблиску до градот

Лава тече од вулканот Мауна Лоа на Хаваите, кој е најголемиот активен вулкан во светот и чија ерупција започна на...

Свет1 ден

Сноуден се заколна на верност на Русија и доби руски пасош

Едвард Сноуден доби руски пасош откако се заколна на верност на земјата која го штити од американските власти од 2013...

Свет1 ден

Британија стравува од бактерија што се шири во училиштата, за помалку од месец починаа четири деца

Велика Британија стравува од епидемија на стрептокока А откако за помалку од еден месец од вообичаено безопасната бактериска инфекција починаа...

Македонија1 ден

Мицкоски: За само 3 дена од 5 до 7 декември ЕСМ ќе увезе струја за околу 4.200.000 евра

Продолжуваат во владата „хероите” со „херојските дела“ во енергетиката. Нов увоз на струја и ново авансно „херојско” плаќање. За само...

Македонија1 ден

Триесет години „Макфакс“, десет години „А1он“ – медиумите на „Клип медија груп“ прославија јубилејни родендени

Првата независна новинска агенција „Макфакс“ прослави 30 години постоење, сега како дел од групацијата „Клип медија груп“, а јубилеи прославија...

Македонија2 дена

Лажни дојави за бомби во три основни училишта во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училиштата...

Свет2 дена

Орбан: Проширувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас би имало трагични последици

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека продолжувањето на санкциите на ЕУ за рускиот гас и енергија од нуклеарните централи...

Свет2 дена

Сана Марин: Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна

Финската премиерка Сана Марин изјави во Сиднеј дека Европа „не е доволно силна“ сама да се спротивстави на Москва. Премиерката...