Uncategorized
Јавна расправа за стратегијата за климатски промени во Општина Прилеп

Во петок, во просториите на Општина Прилеп се одржа јавна расправа по предлог Стратегијата за климатски промени на Општина Прилеп и презентација на извештајот за стратегиската оцена на влијанието на стратегијата врз животната средина.
Активноста е дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија.
Игор Тасевски, локален координатор на проектот од локалната партнер организација “Центар за Граѓанска Иницијатива„ – Прилеп ја презентираше Предлог стратегијата за климатски промени на општина Прилеп пред претставници на општинската администрација, граѓански организации и граѓани на Прилеп кои се активно вклучени во процесот Зелена Агенда за изработка на стратегијата, како и резултатите од досега спроведените активности од овој проект во Општина Прилеп.
Извештајот за стратегиската оцена на влијанието на стратегијата врз животната средина пред присутните го презентираше Александра Каракашова Сачкарска, експерт по оваа проблематика. Присутните на состанокот имаа можност да дадат свои предлози по однос на стратегијата кои ќе бидат земени предвид при финализирање на документот и негово усвојување од страна на Советот на Општина Прилеп.
На 28 април 2015 година, Прилеп се вклучи во групата на десет партнер општини каде се спроведува Проектот на УСАИД за Општински стратегии за климатски промени. Во рамките на овој проект, преку иновативната методологија „Зелена Агенда”, граѓаните, граѓанските организации, приватниот сектор и општинските власти во Општина Прилеп беа активно вклучени во развој на долгорочната стратегија и акционен план за адаптација кон климатските промени и ублажување на нивните негативни ефекти, кои директно ја рефлектираат специфичната ситуација и потребите на локалното население.
Во овој процес, граѓаните на Прилеп, ја дефинираа адаптацијата кон климатските предизвици преку одржливо управување со водните ресурси како приоритет во Општинската стратегија за климатски промени. Во тек е спроведување на првата приоритетна мерка која вклучува санација на старите градски извори во Прилеп.
Зајакнувајќи ја локалната отпорност кон климатските промени, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени го зајакна граѓанското општество преку зголемување на посветеноста и вклученоста на заедницата во делување за прашања од заеднички интерес./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Европската унија

Шведска од полноќ го презеде претседавањето со Советот на Европската унија од Чешка.
Шведска е членка на ЕУ од 1995 година и ова е трето претседавање со земјата по 2001 и 2009 година.
Земјите-членки на ЕУ претседаваат со Советот на ЕУ на секои шест месеци и за тоа време претседаваат со состаноци на сите нивоа во Советот, кој заедно со Европскиот парламент е законодавно тело на ЕУ.
Во програмата на своето претседателство, под слоганот „Позелено, побезбедно и послободно“, шведската влада постави четири приоритети: безбедност и единство, конкурентност, зелена и енергетска транзиција и демократски вредности и владеење на правото, пренесува Хина.
Една од целите на шведското претседателство е завршување на преговорите за климатскиот пакет „Подготвени за 55 проценти“, кој содржи низа предлози насочени кон намалување на нето емисијата на стакленички гасови во ЕУ за најмалку 55 проценти до 2030 година.
Во тоа беше многу успешно чешкото претседателство кое ги заклучи сите предлози од пакетот поврзани со заштитата на климата, а најважна задача за шведското претседателство останува енергетскиот дел, односно договорот за директивата за обновливи извори на енергија и директивата за енергетска ефикасност,пренесе Телеграф.рс.
Uncategorized
Поранешниот шеф на руската вселенска агенција е ранет во Украина

Поранешниот шеф на Роскосмос, руската вселенска агенција, Дмитриј Олегович Рогозин, се здобил со потрес на мозокот и рана над десното рамо, изјави неговиот помошник за новинарите, јавуваат руските медиуми.
„Дмитриј Олегович е ранет. Метален фрагмент со димензии 8 на 6 милиметри навлегол над десната скапула во близина на ‘рбетот. За чудо не удрил во белите дробови. Покрај тоа, Дмитри Олегович има потрес на мозокот. Нема други повреди”, изјави неговиот помошник.
Поранешниот шеф на Роскосмос беше ранет при гранатирањето на Доњецк во средата вечерта. Поради сложеноста на повредата, локалните лекари не се осмелиле да го оперираат. Тој сега се наоѓа во една од болниците во Ростов, каде што чека да биде пренесен во Москва.
Медиумите не наведуваат зошто Рогозин бил во Украина.
Uncategorized
Фудбалската бајка за Меси заврши со светска титула по пенал-серијата против Франција

По едно неверојатно драматично финале, Аргентина ја освои својата трета светска титула, победувајќи ја Франција на пенали со 4:2 по неверојатните 120 минути во кои беше 3:3, за Лео Меси, конечно, да ја круниса својата фантастична кариера со најголемиот трофеј во фудбалот.
На моменти на финалето во Доха изгледаше дека Аргентинците не можат да загубат, но Франција секогаш успеваше начин да се врати, предводени од хет-трикот на Килијан Мбапе, за на крајот трофејот да се одлучува во пенал-серијата, каде што Аргентинците беа безмилосни и постигнаа четири гола, додека Кингсли Коман и Орелиен Чуамени не дадоа голови.
Аргентина имаше 2:0 водство по само 36 минути игра, откако Лео Меси со гол од пенал и „џокерот“ Анхел ди Марија ја крунисаа одличната игра и тоталната „блокада“ на Французите. Откако првпат упатија удар на голот на противникот по повеќе од час игра, Французите направија неверојатен камбек – за 95 секунди Килијан Мбапе даде два гола, еден од пенал и еден од игра, за да се отиде во продолженијата. И во продолженијата не недостасуваше драма – Лео Меси го постигна својот втор гол и до трофејот ги делеа 10-тина минути, пред да биде досуден уште еден пенал, кој Мбапе го реализираше за 3:3.
Во пенал-серијата, Мбапе повторно како прв беше прецизен, пред истото да го повтори Меси, но потоа обидот на Коман беше одбранет од Емилијано Мартинез, додека Чуамени шутна покрај голот за славје на Аргентинците.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк