Uncategorized
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се подготвени на целосна двојазичност на државата

Аболицираниот криминалец Зоран Заев помеѓу Тиранската Платформа и државните и национални интереси на својот народ ја одбра платформата, која значи директно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Аболицираниот Зоран Заев и СДСМ само да се доберат до власт, се подготвени на целосна двојазичност на државата, двојазични амблеми на војската и полицијата, двојазични банкноти и монети, како и прогласување на сопствениот народ за геноциден, додаваат од партијата.
„Аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ не смеат веќе да бегаат и да се кријат со разни лаги и манипулации од народот. Граѓаните на Република Македонија очекуваат, Зоран Заев и СДСМ јасно да ја отфрлат Тиранската Платформа и да се обврзат дека нема да ги реализираат елементите од неа“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку СДСМ го стори тоа, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за идната Влада која што би ја формирал и предводел Зоран Заев“, велат од партијата.
„Доколку пак аболицираниот Зоран Заев е импресиониран од Тиранската Платформа нека прифати парламентарни избори заедно со локалните избори во мај и нека излезе пред граѓаните со барањата од Тирана. Така граѓаните ќе може јасно да кажат што мислат за тоа, без притоа да бидат изборно измамени, како што тоа веќе еднаш им го направи СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
РКЕ: Подготвен е сет од сајбер-безбедносни правила за намалување на ризиците при снабдување со електрична енергија

Со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето и да се намалат ризиците од нарушување на континуираното снабдување со електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе правила за сајбер-безбедност.
Новата регулатива за сајбер-безбедност се воспоставува како стандард за енергетски компании од електроенергетскиот сектор и е изработена во соработка со NARUC (National Association of Regulatory Utility Commissioners) и УСАИД.
„Сведоци сме дека информатичката инфраструктура, која е од витално значење за функционирање на една држава и која се дефинира како критична инфраструктура, е често цел на сајбер-напади. Енергетската инфраструктура изобилува со податоци од кои зависи доверливото функционирање на енергетските пазари, а РКЕ има стратешка улога да обезбеди добро функционирање на националните енергетски пазари. Сајбер-отпорноста и сајбер-безбедноста не се проблем само за ИТ, тоа е и безбедносно прашање, но, пред сѐ, е и регулаторно. Затоа подготвивме правила и препораки, кои треба да ги следат и спроведат енергетските компании со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето, заштита на учесниците на пазарот и потрошувачите и зајакната ефикасност, конкурентност и транспарентност на енергетските пазари“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Во сетот сајбер-безбедносни правила донесена е и листа на препораки за електроенергетските компании, кои треба да се спроведат од МЕПСО и од „Електродистрибуција“, како и од производителите на електрична енергија, кои управуваат со електроцентрали, со вкупна инсталирана моќност еднаква или поголема од 200 MW (ЕЛЕМ, ТЕ-ТО). Операторите и производителите се должни да назначат службеник за сајбер-безбедност и да дадат приоритет на мерки за заштита на критичната инфраструктура за која ќе има соодветна процедура за следење, известувања и справување со сајбер-напади.
Uncategorized
Охрид Трчат – Македонија се радува(т) (Фотогалерија)

Бодрење, натпреварувачка атмосфера и укинати случувања викендов во Охрид. Новото издание од „Охрид Трчат“ каде се трча рекреативна трка, полумаратон и штафета, беше причина за сите љубители на спортот да се соберат на едно место. Над 1.500 пријавени имаше за трката на 5 километри. Меѓу нив и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој поради оваа причина отворањето на маратонот го препушти на спортскиот директор.
Помеѓу тркачите, имаше и јавни фаци, познати спортисти, а учество земаа и деца. Десетици компании, неколку училишта и институции имаа свои тимови. Меѓу многуте учесници, имаше и девојчиња кои трчаа во македонски народни носии, а не им пречеше ниту сончевото време и високите температури.
„Кревет дан требит“, „Ен ти езеро, свежни се“, „Ко ќе ме опулиш, насмеј се“, „Превоз дан требит?“, беа само дел транспарентите на охриѓани со кои ги мотивираа учесниците.
„Охрид Трчат“ стана традиција во Охрид. Се одржува секоја година, пред почетокот на летната сезона.
Uncategorized
Протести во Белград против насилството: Ако има дно, го допревме тој ден

Во 18 часот пред Собранието на Србија започна нов протест „Србија против насилството“, петти по ред по трагедиите во белградското основно училиште и во две села кај Младеновац. Намерата на демонстрантите е во поворката од српскиот парламент да го опколат квартот каде што се наоѓа седиштето на претседателот на Републиката.
Денешниот протест можеби е уште помасовен поради острите реакции во јавноста откако претставници на владејачката Српска напредна странка во српскиот парламент ги нарекоа „ѓубриња“ актерите кои ги поддржаа демонстрантите и нивните барања. Оваа недела актерите објавија проглас во кој оценките на претставниците на СНС ги нарекуваат насилство.
Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ вечерва рече дека мисли оти денес има повеќе демонстранти од кога било.
„Посебно сакам да им се обратам на младите во Србија, пред еден месец бевме опфатени со трагедија каква што нашите луѓе не помнат. Трагедија која никогаш нема да ја преболиме и не треба да ја преболиме. Сите наши порази и несреќи , сите злосторства што сме ги направиле на другите и самите нас го допреле дното, а ако има дно, го допревме тој ден“, рече Бјелогрлиќ. „Тоа што вие младите излеговте на улица, што не сакате да живееме во ова соголено општество, дава надеж дека ќе се издигнеме од тоа дно“, рече Бјелогрлиќ.