Контакт

Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ: Оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против антидржавните политики

Објавено пред

На удар е слободномислечкиот Македонец, СДС се пресметува со сите оние што се грижат и на кои Македонија им е значајна. Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде што оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам, се вели во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период. Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1.000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско Езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа, велат од партијата, ги повикуваме сите граѓани, наши активисти, симпатизери, поддржувачи да излезат и, како што велат, да изразат поддршка кон патриотите и револт кон политичкиот прогон на власта.

Од ВМРО-ДПМНЕ за денес најавија блокирање на следните крстосници во период од 15 до 17 часот: Крстосницата кај Мавровка; Крстосницата кај Порта Влае; Крстосницата помеѓу бул. Јане Сандански и бул. Србија во населбата Ново Лисиче; Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.

Воедно, од партијата најавија и протест и пред Министерството за правда (Димитрие Чуповски 9), во 18 часот, каде што ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Uncategorized

Премиерот Џафери и владиниот државен врв во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја

Објавено пред

Владиниот државен врв ги одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет, 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

dobivaj vesti na viber

Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе и им оддаде почит на борците од Народноослободителната борба пред споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.

На официјалната церемонија, реализирана со воени почести, почит оддадоа и положија цвеќе и: делегација на Сојузот на борците од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска, аѓутант, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, како и претставници од дипломатскиот кор во државата, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, делегација на Град Скопје, претставници на политички партии.

Претходно, во церемонија со воени почести, делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на државата, од Собранието, од Сојузот на борците од НОАВМ, претставници од дипломатскиот кор, од Град Скопје, од политичките партии, оддадоа почит и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

Република Северна Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата. Така било за време на Втората светска војна кога земјата била рамо до рамо со прогресивните антифашистички сили. Нашата држава е создадена на рушевините на фашизмот, во извојуваната слобода и со прогресивната идеја за напредок. И, денес, во сложениот геополитички контекст, стоиме со сојузниците како рамноправна членка на НАТО и идна членка на Европската Унија темелејќи го развојот на демократијата.

Пораката на премиерот Талат Џафери и на Владата во чест на денешниот 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, е дека цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било форми на современ фашизам, кои се закана за мирот и прогресот насекаде во светот. Исто така, со искрена почит кон големата европска идеја, на која се темели изградбата на Европската Унија, ќе продолжиме да придонесуваме во заштитата и афирмацијата на европските вредности како гаранти на мирот и перспективите и на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија припаѓа во европското семејство на народи и држави и стремежот на граѓаните за членство во Европската Унија заедно ќе го оствариме.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Oсмани: Ја победивме албанската опозиција со над 40.000 гласа, да се почитува волјата на народот

Објавено пред

Прелиминарните резултати покажуваaт длабока победа на Европскиот Фронт, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа, изјави кандидатот за претседател, Бујар Османи, кој според првичните неофицијални резултати е пред неговиот опонент од албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари.

dobivaj vesti na viber

„Оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава“, рече Османи, додавајќи дека волјата на народот е јасна и треба да се почитува од сите.

Како што додаде, резултатите покажуваат дека се уште имаме поделено општество, притоа нагласувајќи дека Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите кажале дека самите одлучуваат за својата иднина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив.

Приврзаниците на ДУИ вечерва се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје за да ја слават објавата на првичните неофицијални резултати од првиот круг.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Демири, Ставридис, Ди Џовани и Јохансен: Бележиме зголемување на опфатот со вакцинација, но сè уште е под препорачаните 95 отсто

Објавено пред

Министерот за здравство д-р Илир Демири, специјалната претставничка на СЗО во земјава, д-р Ане Јохансен, претставничката на УНИЦЕФ за Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и д-р Кети Ставридис од Институтот за јавно здравје,  одржаа заедничка прес-конференција, на која информираа за опфатот со имунизација во државата по повод одбележување на Европската недела за имунизација.

dobivaj vesti na viber

Демири, потенцираше дека Министерството за здравство со поддршка на УН агенциите презема повеќе активности за одбележување на Европската недела на имунизација.

-Се организира акција која веќе е во тек, таканаречена „спринт за имунизација“, каде над 70 тимови на доктори и медицински сестри ќе излезат на терет и ќе посетат над 3.000 семејства на невакцинирани деца со фокус на вакцинација за пертусис и морбили. Исто така, Министерството за здравство од Програмата за имунизација обезбеди средства за сите вакцинални пунктови при здравствените домови низ Македонија достојно да ја одбележат неделата за имунизација со настани поврзани за прмоција, рече Демири.

Тој апелираше до родителите да ги вакцинираат децата, затоа што високиот опфат на вакцинација на соодветна возраст, создава колективен имунитет.

-Со редовна вакцинација ги заштитуваме децата, најблиските и пошироката заедница од тешки заразни заболувања. Вакцините се апсолутно безбедни, а со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита од заразни болести се постигнати најдобрите резултати во историјата на медицината“, изјави Демири.

Д-р Ставридис ги презентираше најновите бројки во однос на стапката за вакцинација во 2023 година, од што може да се констатира дека опфатот со задолжителните вакцини во земјава сè уште е под препорачаните 95% и за сите вакцини е под 90 отсто.

-Во нашата земја по дваесет години, првпат во 2020 година, е регистриран опфат под 90 отсто за примовакцинација со три дози на ДиТеПер/ИПВ вакцина. Во текот 2023 година, опфатот за примовакцинацијата со три дози на ДиТеПер/ИПВ/ХиБ вакцина, како и вакцината против хепатит Б, бележи зголемување во однос на 2021 и 2022 година, но сепак е понизок од 90%. Опфатот на примовакцинација (со три дози) со вакцините вклучени во поливалентните вакцини (ХиБ/ДиТеПер/ИПВ), бележи зголемување во однос на 2022 година (84,1%) и изнесува 86,3 %, а за вакцината против Хепатит Б изнесува 85,8%, посочи д-р Ставридис.

ДиЏовани ги повика родителите да ги вакцинираат своите деца за враќање на колективниот имунитет.

-Не чекајте да избие епидемија за да ги заштитите вашите деца. Веројатно не се сеќавате дека вашите родители ве одвеле на вакцинација, но со тоа помогнале да станете дел од едно од најголемите достигнувања на човештвото. Обезбедете им ја на вашите деца заштитата што ви ја дале вашите родители во минатото. Заедно можеме да направиме пресврт и да го вратиме колективниот имунитет, изјави ДиЏовани.

Јохансен потенцираше дека во моментов со финансиска поддршка на УСАИД, Светската здравствена организација ја поддржува иницијативата „Спринт за имунизација“ низ целата земја.

-Оваа иницијатива има за цел да ја подобри пристапноста и да ги зголеми стапките на покриеност во сите региони на државата преку проширување на достапноста за услугите за вакцинација на локално ниво, обезбедување вакцинација на самото место преку мобилни тимови за вакцинација на национално ниво и делење информативни материјали за имунизација базирани на докази. Овие наши активности ќе траат сè додека секое лице кое ги исполнува условите не биде целосно вакцинирано. СЗО ќе продолжи и во иднина да ги поддржува владините напори за зајакнување на програмите за имунизација, вклучително и поддршка во развојот на новиот Правилник за имунизација, зајакнување на капацитетите за планирање и спроведување на процесите на вакцинација и поддршка на успешното спроведување на националниот план за вакцинација и многу повеќе, истакна Јохансен.

Во однос на вакцинацијата, опфатот со ротавирусната вакцина (од воведувањето во 2019 година) континуирано бележи пораст, достигнувајќи 67,9 отсто.

Опфатот со МРП вакцинација, бележи зголемување во однос на 2022 година (70,7%), но сè уште има низок опфат од 73,4 отсто што е далеку од препорачаниот опфат од 95 отсто.

Вакцината против ХПВ инфекција, како и секоја година од воведувањето, има најнизок опфат (56,6%). Сепак, бележи зголемување на опфатот во однос на 2022 година (52,5%), а особено во однос на 2020 година (35,5%).

Со исклучителен успех е спроведена вакцинацијата на територијата на Пехчево, каде опфатот за сите вакцини е 100 отсто. На територијата на ЦЈЗ Кочани, ЦЈЗ Кочани/ПЕ Виница, ЦЈЗ Охрид/ПЕ Дебар и ЦЈЗ Куманово/ ПЕ Кратово за сите вакцини опфатот е над 90 отсто, а за одредени вакцини достигнува 100 отсто.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската...

Македонија7 часа

ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат

Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува...

Македонија10 часа

Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“. Беше констатирано...

Македонија11 часа

Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа

Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан...

Македонија12 часа

Главчев: Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи европската перспектива, повеќе нема да правиме отстапки

Се надевам дека Северна Македонија ќе ја продолжи својата европска перспектива. Од наша страна, немаме каде да правиме повеќе отстапки....

Македонија12 часа

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање што зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100-те дена техничка Влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната Влада,...

Македонија13 часа

(Видео) Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека она што го најавив пред сто дена и го спроведов

Претседателот на Владата, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека се обврзал пред граѓаните оти ќе овозможи слободно изразување на...

Македонија15 часа

Апасиев: Некои битки мора да ги водиме повеќе од еднаш за да можеме да победиме

„Нашиот успех на овие историски парламентарни Избори 2024 и освојувањето на шест мандати во Собранието на РМ е доказ за...

Скопје16 часа

Падна дрво во населбата Автокоманда во Скопје

Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“...

Европа17 часа

Путин го избра премиерот

Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот...

Свет18 часа

Германски министер: И Берлин размислува за забрана за испраќање оружје во Израел

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, рече дека Берлин размислува за слични чекори по американската закана дека ќе запрат дополнителни...

Свет18 часа

Орбан по средбата со кинескиот претседател: Ја прошируваме соработката и во нуклеарната индустрија

Кина и Унгарија ќе тргнат на „златно патување“ во билатералните односи, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со унгарскиот...

Македонија1 ден

Зеленски и ја честиташе победата на Гордана Силјановска Давкова

Денеска, 9 мај 2024 година, на социјалната мрежа „Икс“ по повод големата победа на професорката Гордана Сиљановска-Давкова на претседателските избори,...

Македонија1 ден

(Видео) ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од одржаните претседателски и парламентарни избори. Гордана Силјановска Давкова...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалирање со партиите – во фокусот се три точки

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека претпладнево одржал состанок, на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе го...

Македонија2 дена

Нов состав на Собранието ќе биде избран во следните 20 дена, инаугурацијата на Силјановска-Давкова најдоцна викендов

По завршувањето на парламентарните избори, следен чекор е мандатот на новиот собраниски состав да биде верификуван од ДИК. Во согласност...

Македонија2 дена

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија2 дена

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија2 дена

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Бугарскиот претседател Румен Радев вели дека набргу ќе биде јасно дали новоизбраната претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, и...

Македонија2 дена

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...