Uncategorized
Илјадници полицајци биле подготвени да ја бранат границата, но поради страв од медиумите Меркел ја повлекла идејата
Во 2015-та година германската канцеларка Ангела Меркел пуштила илјадници мигранти во земјата, бидејќи се плашела дека затворањето на границата тоа ќе било лошо прикажано на телевизија, пренесува Daily Mail.
Меркел уште во септември 2015-та година била решена да ја затвори границата, пишува британскиот весник, но добила предупредување дека во рок од два дена во Германија може да влезат 40 илјади мигранти, по што во последен момент се откажала од идејата, тврди германскиот новинар Робин Александар во својата книга “Водени од настаните: политиката на Меркел кон бегалците”.
Според предупредувањето, германската канцеларка веќе одобрила мерки за затворање на границата, кои биле донесени по итните телефонски разговори со високи политичари, вклучувајќи и со министерот внатрешни работи Томас де Мезиер. По ова, Меркел се согласила тајно да бидат распоредени илјадници полицајци на границата со Австрија.
Германските медиуми тогаш начуле за активностите на Меркел, но се согласиле да не ја објават веста за случката, бидејќи постоеле безбедносни ризици. Канцеларката ја сменила својата одлука, откако Де Мезиер ја прашал: “Ќе можеме ли да живееме со сликите кои ќе излезат за оваа ситуација? Што ќе се случи ако 500 бегалци со деца во рацете се стрчаат кон обезбедувањето на границата?“.
Кога шефот на германската федерална полиција Дитер Роман одговорил дека полицајците ќе решаваат на лице место и ќе реагираатт според евентуалната ситуација, Меркел се решила да ја остави границата отворена, а како резултат на тоа границата на Германија остана отворена уште 180 дена.
Границата со Австрија беше конечно затворена во март 2016-та година, а Робин Александар тврди дека политиката на Ангела Меркел кон мигрантите е обележана со недостаток на храброст. “На крајот на краиштата Меркел одби да ја преземе одговорноста, дури и кога се посочуваше дека границите мора да бидат затворени”, пишува Александар во својата книга. Благодарение на “политиката на отворени врати” на Меркел, Германија, во 2015-та година прими преку еден милион мигранти./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

