Контакт

Uncategorized

Италија се подготвува за погребот на Берлускони: само на најблиските им е дозволено да му оддадат почит во неговиот дом

Објавено пред

Италија се подготвува да се збогува со четирикратниот поранешен премиер, лидер на десниот центар и медиумски милијардер, Силвио Берлускони.

dobivaj vesti na viber

Тој почина вчера на 87-годишна возраст.

Владата прогласи национален ден на жалост за утре кога во миланската катедрала ќе биде организиран државниот погреб на лидерот на партијата Форца Италија, пренесува АНСА.

Италијанските и европските знамиња се веат на половина копје на јавните згради во Италија, како и на дипломатските и на конзуларните згради во странство. Неговото тело нема да лежи во неговото телевизиско студио „Медијасет“ во Келн Монтсе пред погребот, како што првично беше најавено, од безбедносни причини.

Телото на Берлускони лежи во неговиот дом во вилата Сан Мартино во Аркоро, во близина на Милано, а само на роднините и пријателите им е дозволен пристап за да му оддадат почит на починатиот премиер.

Погребот на Берлускони ќе се одржи утре во 15 часот, а церемонијата ќе ја предводи миланскиот надбискуп, монсињор Марио Делпини.

На плоштадот пред катедралата беа поставени големи видео бимови за јавноста да може да го следи погребот.

Uncategorized

„Најубавата мајка раѓа најубави деца“: Ана Курникова ги воодушеви фановите со семејна фотографија

Објавено пред

Познатата тенисерка Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) станаа родители по четврти пат. Иако името и полот на бебето сè уште се непознати, славниот пар покажа како изгледа.

dobivaj vesti na viber

Ана објави семејна фотографија од сите нивни деца, а секако немаше недостаток од убави коментари.

Многумина веќе ги нарекоа Ана и Енрике најубавиот пар на светот, а со тоа и нивните деца се „најубавите деца на светот“.

„Тие се прекрасни“, „Совршени деца“, „Вие сте најслаткото семејство на светот“, „Можете да видите колку го сакаат бебето“, „Нереални деца“, „Најубавата мајка раѓа најубави деца“, беа само дел од коментарите.

Не е познато кога Ана и Енрике ќе го откријат името на своето новородено бебе, но веројатно ќе се обидат да го чуваат во тајност што е можно подолго, со оглед на тоа што го правеле тоа со секое дете, а денес се познати како „обични“ родители кои се обидуваат да се осигурат дека нивните деца водат „нормален“ начин на живот и покрај тоа што се популарни на глобално ниво.

Ана Курникова ја заврши својата професионална кариера во 2003 година, а е во врска со Иглесијас од 2001 година.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени  

Објавено пред

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.

dobivaj vesti na viber

„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.

„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.

Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Израелски напад врз училиште во Појасот Газа

Објавено пред

Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.

dobivaj vesti na viber

Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.

Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.

Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.

Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија8 часа

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...

Топ8 часа

Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника

Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда. Настанот бил пријавен...

Македонија9 часа

Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците

Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе...

Македонија10 часа

Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на...

Македонија10 часа

(Фото) Се преврте цистерна на патот Струга – Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи информира дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин...

Свет11 часа

Украина: Нема докази за напад врз резиденцијата на Путин, тоа не се случило

Украина соопшти дека не постојат докази за тврдењата на Русија дека украински беспилотни летала нападнале една од официјалните резиденции на...

Економија11 часа

Зголемени цените во индустријата во ноември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември 2025 година се зголемени за 0,3 отсто во...

Македонија12 часа

Декемвриската пензија ќе се исплати навремено, на 2 јануари 2026 година, известува Фондот на ПИОМ

Фондот на ПИОМ ги известува сите корисници на пензија дека целосно се обезбедени потребните средства за исплата на пензиите за...

Македонија12 часа

„Дали на Бихаќка Нова година ќе си честитаат по дубајско време“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за...

Македонија13 часа

(Видео) Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, остро реагираше на начинот на кој се носи новиот...

Регион13 часа

До кога Бугарите ќе можат да плаќаат и во лева и во евра по 1 јануари 2026 година

За разлика од неограничената размена на лева за евра, плаќањата во обете валути, познати како период на двојна циркулација, се...

Топ14 часа

Уапсен возачот кој во скопски Чаир со автомобил удри во дете и избега

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 65-годишниот С.И. поради сторено кривично дело по член 300 од...

Европа15 часа

Медведев: Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот

По нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Володимир Зеленски ќе мора да...

Македонија16 часа

Земјотрес почувствуван во Охрид и блиската околина

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет1 ден

Украина: Русите измислија напад врз резиденцијата на Путин, имаат две причини за тоа

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека руските тврдења за наводниот „обид за напад врз резиденцијата на Путин“...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија1 ден

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...