Uncategorized
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР ќе поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против И.Ф., вработен во Регионалниот центар за гранични работи Север, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, кој побарал и примил 2000 денари од лице за да му издаде документ за привремен престој, иако претходно лицето редовно си ги платило сите потребни издатоци за да му биде издаден документот.
По добивањето на пријавата, преземени се соодветни мерки и активности и И.Ф. на 30.11.2023 е лишен од слобода, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поднесен и предлог за дисциплинска постапка и отстаранување од работното место до нејзиното завршување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Забрана за сообраќај за автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, извести АМСМ.
За леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), додаваат од АМСМ.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
„Најубавата мајка раѓа најубави деца“: Ана Курникова ги воодушеви фановите со семејна фотографија
Познатата тенисерка Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) станаа родители по четврти пат. Иако името и полот на бебето сè уште се непознати, славниот пар покажа како изгледа.
Ана објави семејна фотографија од сите нивни деца, а секако немаше недостаток од убави коментари.
Многумина веќе ги нарекоа Ана и Енрике најубавиот пар на светот, а со тоа и нивните деца се „најубавите деца на светот“.
„Тие се прекрасни“, „Совршени деца“, „Вие сте најслаткото семејство на светот“, „Можете да видите колку го сакаат бебето“, „Нереални деца“, „Најубавата мајка раѓа најубави деца“, беа само дел од коментарите.
Не е познато кога Ана и Енрике ќе го откријат името на своето новородено бебе, но веројатно ќе се обидат да го чуваат во тајност што е можно подолго, со оглед на тоа што го правеле тоа со секое дете, а денес се познати како „обични“ родители кои се обидуваат да се осигурат дека нивните деца водат „нормален“ начин на живот и покрај тоа што се популарни на глобално ниво.
Ана Курникова ја заврши својата професионална кариера во 2003 година, а е во врска со Иглесијас од 2001 година.

