Uncategorized
Мигрант обвинет за убиство и за силување деца во Германија
Германското обвинителство во средата најави обвиненија за силување и за убиство на деца против одбиен ирачки барател на азил, случајот поттикна вжештена дебата за криминалот извршен од мигранти, пренесува „Брејтбарт“.
Обвинетиот во случајот „Сузана”, 21-годишниот Али Башар, избегал од Германија по извршеното кривично дело во Северен Ирак, но бил екстрадира, а во мисијата учествувал лично и шефот на германската Федерална полиција, Дитер Роман.
Башар е обвинет за претепување, силување, а потоа и за смртта на ученичката Сузана Марија Фелдман (14), во шумска област во близина на засолништето за бегалци во кое престојувал во Визбаден минатиот мај.
Претходно, тој двапати силувал 11-годишно девојче – еднаш во април 2018 година, откако го заклучил девојчето во својата соба, и повторно во близина на паркинот на еден супермаркет следниот месец.
Обвинителството покренало обвиненија за силување на истото 11-годишно девојче и против еден млад Авганистанец кој живеел во истото засолниште за бегалци, Мансур К., за кој се верува дека имал најмалку 14 години во тоа време.
Обвинителите велат дека помладиот брат на Али, Башар, за кој се верува дека е во Ирак, исто така учествувал во насилниот сексуален напад врз помалото девојче. По реакцијата на јавноста поради смртта на Сузана, германската федерална полиција го вратила Башар назад од Ербил, Северен Ирак, каде што бил уапсен од локалните курдски безбедносни сили иако не постои формален договор за екстрадиција меѓу Ирак и Германија.
Башар првпат пристигнал во Германија во 2015 година со своите родители и петте браќа и сестри. Тој се соочил со депортација откако неговото барање за азил било одбиено во декември 2016 година, но во меѓувреме добил дозвола за привремен престој.
За тоа време, неколку пати имал проблеми со полицијата поради тепачки, грабежи и нелегално поседување ладно оружје. Тој исто така се соочува со обвинение за грабеж на парков во кој претепал, давел и му се заканувал со нож на човек за да му ги украде часовникот, торбата, телефонот и банкарската картичка.
Случајот „Сузана“ ги поттикна политичарите, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел, да се залагаат за забрзување на депортациите на барателите на азил кои го прекршиле законот во Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.

