Uncategorized
Независниот синдикат на на полицијата тврди: дел од припадниците на МВР со години немаат здравствено осигурување (видео)

Независниот синдикат на полицијата обвинува дека голем број припадници на МВР, некои од нив и по неколку години наназад, немаат здравствено осигурување. Претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев пред влезот на МВР денеска упати јавно барање министерот за внатрешни работи Нухиу да одговри зошто министерството нема уплатено здравствено осигурување за, според неговите податоци, најмалку 227 припадници на полицијата. Делчев потенцираше дека има податоци оти одреден број вработени не се здравствено осигурани уште од 2013. година и запраша каде завршува паричната сума на планираните задолжителни средства за здравствено осигурување..
– Кој и на каков начин ќе ги обесштети и плати парите кои вработените во полицијата во изминатиот период ги давале за здравствените прегледи при посетата на здравствените домови ширум Решубликата – запраша Гоце Делчев Тодев и дополни дека неофицијално му било речено оти сметката на МВР е блокирана од суд.
НСП бара официјално објаснување на состојбите во МВР и смета дека е недозволиво оддредени високи функционери во МВР кои ги уживаат сите привилегии на своите функции, да не им ги остваруваат загарантираните права на подредените. Синдикалецот Делчев Тодев рече и дека воопшто состојбата со логистичките потреби во МВР е катастрофална, во некои полициски станици нема вода, полицајците не ги добиваат своите следувања со млеко а синдикатот мора самиот да се снаоѓа и од свои фондови да ги помага вработените во МВР. Д.М
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава

Денес во Собранието се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања.
На средбата претседателот Гаши ги поздрави присутните и го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците што значи потврда на јазикот, културата и идентитетот на бошњачката заедница. Истакна дека иако процентуално бројот на Бошњаци е мал, нивниот придонес во економскиот, културниот и општествениот живот на Република Северна Македонија е мошне значаен и учеството во сите државни процеси е од клучно значење за напредокот и развојот на државата, а истовремено и доказ и потврда за мултикултурното и мултиетничкото општество во кое живееме.
Претставниците во текот на пријателската и неформална дискусија се заблагодарија за тоа што за прв пат се поканети и пречекани во Собранието на толку високо ниво, што е индикатор дека иако во овој состав нема пратеник Бошњак, претседателот покажува интерес за прашањата кои ги засегаат.
Се осврнаа на неколку главни прашања, имено: образованието и усовршувањето на наставниците кои предаваат изборен или задолжителен предмет Босански јазик и култура во основните училишта. Во однос на политичката застапеност, ја повторија иницијативата за загарантирани пратенички места за помалите етнички заедници, како и потребата од внесување на геноцидот во Сребреница во наставните програми, со цел такви злодела на човештвото да не се повторат.
Uncategorized
(Фото) Врската со 11 години помладиот маж ѝ годи: го промени и начиниот на облекување поради него

Каде и да се појави, Џесика Алба предизвикува воздишки. Таа привлекува големо внимание од јавноста и со својот приватен живот, бидејќи по разводот од Кеш Ворен, таа започна романса со колега кој е 11 години помлад од неа.
Но, не е само нејзиниот емотивен живот тој што доживеа ренесанса… Нејзиниот начин на облекување исто така значително се промени, а често ја гледаме една од најубавите актерки во смели комбинации.
Неодамна имавме можност да ја видиме во атрактивна комбинација, а сега таа прошета по улиците на Њујорк во шик комбинација инспирирана од „old money“ стилот.
Jessica Alba Seen Out to Dinner at The Old Rose in New York City 09-18-2025
-> https://t.co/7GqKwBMA18 pic.twitter.com/3y4asNMojt— Tha Starz (@thastarz) September 21, 2025
Таа носеше бела маица и јакна со златни копчиња, а на комбинацијата додаде и лежерни фармерки и бели потпетици. Може да се каже дека нејзиниот стил е комбинација од модерно и елегантно, и совршено ѝ стои.
Едно е сигурно – Џесика Алба процвета по разводот!
фото: принтскрин
Uncategorized
Кадриу: Османи одобрил договор од 56 милиони денари за возила за ОБСЕ, цените трипати повисоки

Претставникот на „Влен“, Арбер Кадриу, презентираше договор за изнајмување возила за потребите на Министерството за надворешни работи (МНР) за време на организацијата на министерскиот совет на ОБСЕ во декември 2023 година, нарекувајќи го „доказ за коруптивниот начин на кој работел тогашниот министер Бујар Османи“.
Кадриу истакна дека договорот е склучен на износ од 56.640.000 денари за само два дена настан, без механизми за контрола и потврда на бројот на ангажирани возила.
„Во него јасно се гледаат астрономските цени што државата ги плаќала: VIP автомобил 29.000 денари на ден, возило од средна класа 23.000 денари, а миниван 19.200 денари на ден, без ДДВ,“ рече Кадриу, посочувајќи дека само еден месец претходно истата компанија склучила договор со МНР за редовни потреби по цена од 9.500 денари за ист тип возило.
„Тоа значи дека државата платила три пати поскапо за исти возила, од истата компанија, во исто време,“ додаде тој.
Од ВЛЕН обвинуваат дека во договорот „нема записник или доказ колку возила биле користени, нема внатрешна контрола, ниту службена потврда на реализацијата“.
„Ова е класичен модел на излевање на јавни пари во приватни џебови. Ова е начинот како работел Бујар Османи како министер за надворешни работи,“ истакна Кадриу, додавајќи дека ваквите тврдења се нотирани и од Државниот завод за ревизија.
ВЛЕН бара отворање кривична истрага за сите лица вклучени во овој договор, како и активирање на Државниот завод за ревизија за целосна проверка на набавките во МНР за време на мандатот на Османи.
„Бујар Османи е должник пред граѓаните. Овој договор го потпишал во свој мандат и со свој потпис ја одобрил астрономската цена. Не може да се крие зад службеници и процедури,“ рече Кадриу, повикувајќи медиуми, граѓански организации и јавноста да го погледнат договорот.