Uncategorized
Нови жртви на истокот од Украина, САД ја осудија Русија
Најмалку девет лица загинале во петокот на линијата на раздвојувањето на истокот од Украина, шестиот ден од борбите кај градот Авдеевка, а Вашингтон ги осуди „агресивните акции“ на Москва.
Градот Авдеевка или на украински Авдиивка, на 6 километри северно од Донецк, има околу 35 илјади жители, од кои 63 отсто се изјаснуваат како Украинци а 33 отсто како Руси, но големо мнозинство од 87 отсто го наведува рускиот како мајчин јазик, според пописот од 2001 година. Градот претставува важна железничка станица во регионот на Донбас.
Украинската армија и властите во рускојазичните самопрогласени ткн „народни републики“ во Донецк и Луганск меѓусебно се обвинуваат за почнување офанзива во индустрискиот град Авдеевка, кој е под контрола на силите лојални на Киев и за отворање оган од тешка артилерија со што се кршат договорите од Минск.
Украинските власти известија во петокот за загинување 5 украински војници во близина на боиштето во последните 4 часа, а бунтовничките власти за 2 цивили загинати во украинско гранатирање на Донецк. Украинските сили објавија дека во најновите борби во Авдеевка загинале жителка и спасувач, па така бројот на жртвите од неделата се искачил на 34.
Станува збор за најголемото насилство од воспоставувањето на „неограниченото“ примирје по најкрвавиот период од војната во 2014 и 2015 година, кога според ОН загинале над десет илјади луѓе.
Во петокот, сепак, гранатирањата кај Авдеевка биле со помал интензитет. Додека украинската армија објави дека „метар по метар, чекор по чекор“ војската „напредувала“.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјави дека оваа изјава дефакто докажува дека украинската армија преземе обиди да заземе нови територии на истокот што ги поткопува мировните договори од Минск.
Но и покрај тоа, во својот прв настап во Советот за безбедност на ОН, американската амбасадорка во светската организација, Ники Хејли изјави дека САД сакаат „подобри односи со Русија“, но „решително и јасно го осудуваат руското дејствување“, кое го нарече „агресивни акции“. Таа во четвртокот предупреди дека санкциите на Русија нема да бидат укинати „сé додека контролата на полуостровот (Крим) не се препушти на Украина“.
„Русија може да донесе мерки на политички и на дипломатски план, што и го прави. Сеа е важно на овој или на оној начин да се присили и убеди Киев да се откаже од ваквите злосторнички авантури“, ѝ возврати Песков./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

