Uncategorized
Подземни контејнери и во Прилеп
Пуштени се во употреба првите подземни контејнери во општина Прилеп.
– Контејнерите се поставени во ЈП „Пазари“, онаму каде што првично се најпотребни и каде што најмногу има отпад. Подземните контејнери ќе придонесат за подобрување на хигиената во градскиот пазар во Прилеп, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој денеска беше на разгледување на овој проект.
– Меѓутоа, ова е само почетна фаза во инсталацијата на подземни контејнери во градот. Во иднина вакви контејнери се предвидени да бидат поставени на повеќе локации: во близина на плоштадот Итар Пејо, зад Бизнис-центарот, во близина на двете катни гаражи, кај НУЦК „Марко Цепенков“, околу големите маркети во центарот на градот, како и во близина на општинската зграда. Овие подземни контејнери значително ќе ја подобрат хигиената во градот. Ова не е последен проект за ЈП „Пазари“. Досега имаме инвестирано повеќе стотици илјади евра во градскиот пазар, со што од еден руиниран пазар прерасна во еден од најмодерните зелени пазари во Македонија. Наредни проекти кои се предвидени во ЈП „Пазари“ се допокривање на пазарот, околу 200 квадратни метри, реконструкција на дуќани во пазарот и околу него и еден од најважните проекти што се планирани во наредната година и за кои се прави физибилити-студија е поставувањето соларни панели, со што сончевата енергија ќе се користи за потребите на ЈП „Пазари“ и централното градско подрачје – рече градочалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Вредноста на оваа инвестиција изнесува 1.870.000 ден, а средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа и ЈП „Пазари“ – Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

