Uncategorized
Пратениците денеска ќе го слушаат Иванов и ќе штанцаат закони
Повеќе од триесет предлог-закони треба да поминат на собраниските седници закажани денеска. Претседателот на Собранието веќе има закажано пет пленарни седници, а паралелно во тек се и четири комисиски расправи. На пладне пред пратениците претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ќе го одржи последното новогодишно обраќање бидејќи завршува неговиот втор мандат, а само еден час потоа закажана е седница со една точка на дневен ред, предлог-законот за медиуми. Очекувањата се дека власта и опозицијата веќе се усогласени за предложените измени во регулативата за медиумите бидејќи само половина час подоцна собранискиот спикер Талат Џафери закажа продолжение на 66-тата седница каде ќе расправаат за Законот за возила со кој се воведуваат налепниците за возилата и Законот за царинска управа, а на дневен ред е и продолжение на дискусијата за загадениот воздух.
Попладне, во 15 часот, веќе има закажно нова седница на која се реформските закони со европско знаменце, меѓу кои законот за судови, за прекршоци, за Судски совет и за управни спорови. На истата седница пратениците ќе расправаат и за предлог-законот за спречување корупција и судир на интереси, за кои опозицијата имаше поднесено 40-тина амандмани. А на дневен ред се и измените на Кривичниот законик за кој опозицијата рече дека нема да учествува во дискусијата бидејќи за нив тоа е упад во правото, а реакцијата следуваше по обидот на власта да го промени членот 353 поврзан со злоупотреба на службена положба по кој се гонат најголем дел од обвинетите од СЈО. Под притисок на јавноста членот 353 сега нема да се менува, но остана членот 275, став 3 , за злопутреби за договор за јавна набавка, со кој се намалува казната од 5 на 4 години затвор, а овие измени исто така се поврзуваат со дел од обвинетите од СЈО – Сеад Кочан и Василије Авировиќ.
За доцна попладне е закажана друга седница со 16 точки на дневен ред меѓу кои закони од економска и социјална сфера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

