Контакт

Uncategorized

СДСМ: Неодговорното однесување на Вељаноски и ВМРО-ДПМНЕ завршува, ќе има и конститутивна седница и нова Влада

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Одлуката на Трајко Велјаноски да не свика веднаш координација и продолжување на конститутивната седница е уште една потврда за тоа дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот интерес и ништо друго, порачуваат од СДСМ.

 

„Објаснувањето на Велјаноски дека граѓаните на Македонија треба да чекаат Илија Димовски да се врати од пат, за да се одржи продолжението на конститутивната седница е безобразно и несовесно поигрување со волјата на граѓаните кои со месеци го чекаат формирањето на новата Влада, како и понижување на Парламентот“, велат од СДСМ.

 

„Ако Димовски е на пат, може да го претставува негов заменик, а и после 3 месеци неработење што и му е друга обврска на Илија Димовски од тоа да е во Собранието кога има должност да ги извршува важни парламентарни обврски. Неодговорното однесување на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека тие воопшто не водат сметка за интересот на граѓаните и тоа ќе заврши многу брзо“, додаваат од партијата.

 

Демократските процеси се незапирливи, ќе има и конститутивна седница, мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија, заклучуваат од СДСМ./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Макрон најави забрана за социјалните мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Од

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните медиуми за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Одлуката следува по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученици врз 31-годишен директор на училиште пред основно училиште во градот Ножан.

„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пишува Политико од Брисел.

Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на возраста би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.

Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на страниците што продаваат ножеви преку интернет.

Тој најави големи казни и забрани за страниците што не се придржуваат.

„15-годишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер, Франсоа Бајру, претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на ножеви на малолетници.

Француските власти веќе преземаат чекори за да ги принудат платформите како што се X, Reddit и Bluesky да спроведат проверка на возраста, третирајќи ги како страници со содржина за возрасни.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Макрон со најава: ќе го забрани пристапот до социјални мрежи за деца под 15 години

Објавено пред

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објави дека ќе го забрани пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија.

dobivaj vesti na viber

Оваа одлука следеше по вчерашниот смртоносен напад од страна на ученик врз 31-годишен училишен надзорник пред основно училиште во градот Ножан.

„Не можеме повеќе да чекаме“, рече Макрон во телевизиско обраќање на каналот „Франс 2“, пренесува бриселски „Политико“.

Тој истакна дека прекумерната употреба на социјалните мрежи меѓу децата е фактор на ризик и дека воведувањето контрола на старосната граница би можело да помогне во заштитата на младите луѓе.

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе предводи иницијатива во рамките на ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат на интернет, но Макрон сака Франција да преземе мерки дури и пред евентуалната заедничка европска одлука.

Макрон, исто така, најави дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на веб-страниците што продаваат ножеви преку интернет.

Тој најави големи казни и забрани за сајтовите што не се придржуваат.

„Петнаесетгодишник повеќе нема да може да купи нож преку интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер Франсоа Баиро претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на какви било ножеви на малолетници.

Француските власти веќе преземаат чекори за да ги обврзат платформите како што се Ix, Reddit и Bluskaj да применуваат проверки на возраста, третирајќи ги како сајтови со содржина за возрасни.

Во Франција, на 7 јуни, стапија во сила мерките што ги обврзуваат порнографските сајтови да ја потврдат возраста на корисниците.

Како резултат на тоа, сајтот „Pornhub“ престана да работи во земјата, што предизвика ненадејно зголемување на употребата на VPN услуги што ја заобиколуваат геолокацијата, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

(Видео) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

Објавено пред

Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.

Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Голем пожар кај Вардариште, жителите на делови од Ародром, Ново Лисиче и Гази Баба без струја

Пожар кај Вардариште остави беа струја делови од неколку скопски општини. Жителите преку социјалните мрежи со остри реакции и повици...

Свет4 часа

(Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути...

Свет5 часа

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија5 часа

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија6 часа

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија6 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија7 часа

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија8 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет9 часа

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија9 часа

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет20 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија21 час

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ23 часа

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија1 ден

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија1 ден

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија1 ден

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија1 ден

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија1 ден

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија1 ден

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија1 ден

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...