Uncategorized
Силите на сириската арапско-курдска коалиција влегоа во аеродромот Табкa под контрола на IS
Борците на арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF), предводени од курдската милиција Единици за одбрана на народот (YPG) воспоставија контрола над дел од територијата на аеродромот Табка, на 50 километри од градот Рака, истиснувајќи ги борците на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, за која Рака преставува „престолнина“ во Сирија.
„Сириските демократски сили воспоставија контрола на дел од територија на воениот аеродром Табак. Започна операција за негово деминирање“, изјавил за Reuters, портпаролот на коалицијата чијашто ударна моќ ја сочинуваат курдските борци, Талал Сило.
FDS заземале повеќе од половината од аеродромот Табка. Борбите продолжуваат и надвор од аеродромот чиешто целосно заземање би требало да следи за неколку часа, изјавил за AFP портпаролот Село.
Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SОHR), со седиште во Лондон, соопшти дека џиадистите се повлекле поради интензивниот артилериски оган и воздушните напади на меѓународната коалиција предводена од САД.
Либанската телевизија Al-Mayadeen пренесе во неделата дека огнената поддршка на силите на SDF им даваат околу 100 американски маринци кои слетале во средата западно од Табка, во обидите да се завладее аеродромот на периферијата од градот.
Станува збор за многу важна етапа во офанзивата на арапско-курдската коалиција за освојувањето на Рака, бидејќи се затвора патот кон запад и продолжува обидот за целосно опкружување на овој градот во северна Сирија во кој живеат околу 300.000 луѓе.
Воениот аеродром Табка беше последното упориште на сириските владини сили во покраината Рака, од којашто поголемиот дел е под контрола на џихадистите. Во Табка пред. почетокот на сирискиот конфликт во март 2011 година живееја околу 80.000 жители. Контролата над овој град во близина на најголемата брана и хидроцентралата на реката Еуфрат, која е изградена во 1970-ти години од тогаш советските стручњаци, беше заземен во август 2014 година. Поради борбите запрена е работата на браната, којашто исто така е под контрола на Исламската држава, што доведува до опасно зголемување на нивото на водата, а медиумите јавуваат дека поради борбите дел од браната е урнат./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
„Најубавата мајка раѓа најубави деца“: Ана Курникова ги воодушеви фановите со семејна фотографија
Познатата тенисерка Ана Курникова (44) и Енрике Иглесијас (50) станаа родители по четврти пат. Иако името и полот на бебето сè уште се непознати, славниот пар покажа како изгледа.
Ана објави семејна фотографија од сите нивни деца, а секако немаше недостаток од убави коментари.
Многумина веќе ги нарекоа Ана и Енрике најубавиот пар на светот, а со тоа и нивните деца се „најубавите деца на светот“.
„Тие се прекрасни“, „Совршени деца“, „Вие сте најслаткото семејство на светот“, „Можете да видите колку го сакаат бебето“, „Нереални деца“, „Најубавата мајка раѓа најубави деца“, беа само дел од коментарите.
Не е познато кога Ана и Енрике ќе го откријат името на своето новородено бебе, но веројатно ќе се обидат да го чуваат во тајност што е можно подолго, со оглед на тоа што го правеле тоа со секое дете, а денес се познати како „обични“ родители кои се обидуваат да се осигурат дека нивните деца водат „нормален“ начин на живот и покрај тоа што се популарни на глобално ниво.
Ана Курникова ја заврши својата професионална кариера во 2003 година, а е во врска со Иглесијас од 2001 година.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

