Контакт

Спорт

Шесто издание на највисоката трка во Македонија, државното првенство во скај-трчање – „Титов Врв скајрејс“

Објавено пред

На 7.7.2024 се одржува шестото издание на највисоката трка во Македонија, државното првенство во скај-трчање – „Титов Врв акајрејс“.

dobivaj vesti na viber

Шеста година по ред како планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје со многу ентузијазам енергија и мотивација ја организара можеби најтешката трка во Македонија.

„Следејќи ги светските трендови и експанзијата на овој вид трки како земја што го зазема високото 7. место во светот во однос на територија/планини, едноставно не смееме да заостануваме во организација на овие настани од причина што имаме преубави планини и што е поважно и сѐ поголем број момци и девојки што сакаат да се предизвикаат себеси за што побрзо совладување на планинските височини и врвови истовремено уживајќи во прекрасните планински пејзажи“, велат од ПК „Македон“.

„Титов врв скајрејс“, освен во Македонија, е и највисока трка во ексју-земјите, како и една од највисоките трки и на Балканот. Од ПК „Македон“ посочуват дека оваа година трката е официјално лиценцирана од страна на меѓународната федерација за скај-трчање и го носи ISF-сертификатот, со што „Титов врв скајрејс“ е на мапата на светската скајранинг-федерација како трка достапна за сите во светот што посетуваат и се натпреваруваат на овие трки.

„Следствено, сите учесници се бодираат и рангираат по меѓународната стандардизирана скала. Сето ова придонесе оваа година трката да достигне повеќе од 100 пријавени натпреварувачи од нашата држава, регионот и пошироко. Како и претходните години, така и сега од оваа трка се формира и репрезентацијата на Македонија, која оваа година цели кон настап шеста година по ред на светското првенство, кое во септември ќе се одржи во Шпанија. Терминот sky, или по наше – небеско трчање, го доловува карактерот на овој тип екстремен спортски натпревар. Освен тоа што дистанцата изнесува 20 километри, се совладуваат речиси 2.000 метри вертикална висинска разлика во качување и спуштање и притоа самата стартна точка, Попова Шапка, се наоѓа на 1.700 метри надморска височина. Тоа значи дека повеќе од 60 проценти и од рутата се наоѓа над 2.000 метри висина“, велат од ПК „Македон“ и додаваат:

„За споредба, за оние што немале можност да го посетат ски-центарот, највисоката точка на нашето локално Водно изнесува 1.000 метри надморска височина. Настрана од цифрите што ја опишуваат рутата, самиот терен е еден од главните предизвици за тркачите“.

Движењето почнува по самите ски-патеки и продолжува по немилосрден и изложен срт. Стрмните падини се карактеризираат со технички каменест терен. Имајќи го сето ова предвид, безбедното завршување на трката е голем успех само по себе.

На десеттиот километар учесниците го совладуваат Титов Врв, највисока точка на трката и највисок врв на Шар Планина. Покрај Титов Врв, тркачите ги качуваат придружно и Син Врв – 2.550 мнв, Карабунар – 2.600 мнв и Бакардан – 2.704 мнв.

„’Титов врв скајрејс’ се одржува во рамките на нашиот најмлад национален парк Шар Планина, со што трката е еден од неговите најголеми промотори и одлична можност за вметнување на Попова Шапка и Шар Планина на европската туристичка планинарска мапа. Па, така, ‘Титов врв скајрејс’ е повеќе од спортски натпревар, трката е отворена покана за сите поддржувачи на спортот и љубители на природата да го посетат и уживаат природното богатство. Од година на година бројот на посетители расте, и тоа не само тркачи, туку нивната поддршка, бројот на волонтери, планинари и случајни минувачи. Можностите и убавините што ги нуди Шара се неизмерни и неизмерно неискористени и надежно оваа трка ќе послужи како еден вид мегафон за ова“, истакнуваат од ПК „Македон“.

Настанот го организира планинарскиот клуб од Скопје, „Македон“, со поддршка од Федерацијата за планинарски спортови.

„На голема жалост и мало изненадување, поддршката што ја даваат државните институции за овој настан е главно во форма на штама. Во споредба со трките од ваков калибар, не само на Западот туку и во блискиот регион, кои се поддржани од разноразни фирми, брендови и државни органи, ‘Титов врв скајрејс’ живее главно од ентузијазмот на членовите на клубот ‘Македон’ и самите пријавени спортисти. Оваа разлика, иако можеби звучи поразително, е доказ за упорноста и потенцијалот не само на клубот, туку и на спортот. Од финансиските средства, логистиката, па сѐ до обележувањето на рутата и поддршката на помошните станици и на самата рута, целиот вложен труд е од волонтерски карактер“, изјавија од „Македон“.

Скај-тркањето кај нас сѐ уште е во својот изгрев. Бројката од стотина пријавени оваа година говори гласно за брзината со која спортот зема замав и се популаризира.

„Без разлика дали имате планинарско искуство или каков било спортски ентузијазам, без разлика дали сте љубител на планините или не, доколку сте барем малку љубопитни и сакате да си поминете викенд на ладовина, далеку од бетонските жештини и во незаборавна атмосфера, сметајте го ова за покана. Бидете дел од вревата на финишот и којзнае, можеби еден ден и вие ќе стоите зад стартната линија одбројувајќи од 10 наназад“, завршуваат од ПК „Македон“.

 

Спорт

УЕФА му прогледа низ прсти на Белингем

Објавено пред

Дисциплинската комисија УЕФА сепак нема да го казни англискиот фудбалер Џуд Белингем поради неговата  гестикулација на натпреварот против Словачка.

dobivaj vesti na viber

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата може да се извлече само со парична казна.

Германскиот Билд пишува дека ќе добие петцифрена казна, но оно што е важно е дека нема да прескокне ниту еден натпревар.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роберто Фирмино стана свештеник

Објавено пред

Бразилскиот фудбалер Роберто Фирмино, поранешна ѕвезда на Ливерпул, на социјалните мрежи откри дека станал евангелски свештеник.

dobivaj vesti na viber

„Три години од црквата Мана (што ја основал тој). Каква незаборавна ноќ… Откако го запознавме Христос, сакаме луѓето да ја запознаат таа љубов. Сега имаме друга одговорност: да бидеме пастори“, напиша 32-годишниот центарфор на Инстаграм, кој моментално игра за саудискиот клуб Ал Ахли.

„Црква Мана“ има и два храма во Англија, каде Фирмино играше осум сезони, од 2015 до 2023 година, во Ливерпул. Во својот врв, тој формираше напаѓачко трио со Египќанецот Мохамед Салах и Сенегалецот Садио Мане, со кои ја освои Лигата на шампионите во 2019 година.

За репрезентацијата на Бразил постигна 17 гола на 55 натпревари. Се пласираше на Светското првенство во Русија во 2018 година, а следната година ја освои Копа Америка во Бразил. Бразилските евангелисти сочинуваат околу една третина од бразилското население од 203 милиони.

Прикажи повеќе...

Спорт

Вуков од Силверстоун: Се надевам дека малерот остана во Австрија

Објавено пред

Македонскиот возач Ристо Вуков продолжува меѓу светската елита во Порше Суперкуп кој се вози пред трките на Формула 1.

dobivaj vesti na viber

На претходниот викенд во Австрија, патека каде што Вуков тренираше во претсезоната, тој успеа да се најде на 16 место на стартот и да биде во добра позиција за освојување нови бодови.

Сепак, ривалот Дирк Шоутен направи погрешна проценка и во вториот свиок по стартот со неприлагодена брзина влезе во свиокот, по што го удри Вуков и предизвика негово извртување и пад на последната позиција.

– Ривалите се одвојија, имаше голема разлика меѓу нас. Некогаш се случува да се има возило за безбедност, па човек ќе успее да фати чекор со групата, но овој пат тоа не се случи. Навистина жалам бидејќи ми пропадна одлична шанса за освојување поени. Автомобилот беше во одлична форма и немам зборови за професионалноста на мојот тим „Омбра рејсинг“ кој застанува зад мене во тешките моменти,- рече Вуков.

По Имола, Монако и Ред Бул Ринг, овој викенд на програмата е трката на англискиот Силверстоун.

– Се надевам дека малерите и проблемите не добија виза и останаа во Австрија. Силверстоун е сосема поинаква патека каде што има свиоци низ кои возилото струи без да се допираат сопирачките. Патеката ми се допаѓа и верувам дека инженерите повторно ќе го тјунираат возилото на најоптимален начин. Најавени се променливи временски услови, но ќе видиме колку тоа ќе се погоди во термините од Порше Суперкуп. Со нетрпение очекувам да имам „нормален“ викенд во кој конечно потенцијалот што го имаме, ќе биде соодветно награден со бодови!

Трката се вози во недела на пладне, три часа пред онаа од Формула 1.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура2 часа

Љутков: Целата постапка на преземањето на Универзалната сала е проблематична, нарачавме ревизија

Целата постапка на преземањето на Универзалната сала на Министерството за култура од Град Скопје е многу проблематична, изјави министерот за...

Македонија3 часа

Главчев: Нема промена во позицијата на Бугарија кон Северна Македонија, бараме почитување на договорите

Позицијата на Бугарија во однос на Република Северна Македонија е непроменета – нашата земја сака да се почитуваат потпишаните договори....

Економија4 часа

За 450 евра минимална плата ќе се разговара на првата седница на економско-социјалниот совет, најави министерот Дурмиши

Барањето на синдикалците минималната плата да биде 450 евра новиот министер за економија и труд, Бесар Дурмиши, најави дека ќе...

Македонија4 часа

Mицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи, ако имаат подобра идеја за Судскиот совет, нека ја кажат

Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата. Еве, ако знаат подобро решение, нека дојдат и нека...

Култура5 часа

Фестивалот „Браќа Манаки“ ги има поднесено сите извештаи уредно и редовно во Агенцијата за филм, тврди директорот Дамевски

Извештајот на работната група, кој ја критикува работата на Агенцијата за филм и Друштвото на филмските работници (ДФРМ), е нарачан...

Македонија6 часа

120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло, тврди Радев

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на работна средба со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, во Атина разговарале за итно интензивирање на...

Македонија6 часа

Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата за време на состанокот со австрискиот...

Свет8 часа

Русија тврди дека уништила украински „миг-29“ на аеродромот „Долгинцево“

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека на аеродромот Долгинцево во областа Дњепропетровск е уништен украински борбен авион МиГ-29....

Регион8 часа

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС-предупредувања: се приближува силно невреме, град и грмежи

Граѓаните и туристите во Солун, Лариса и други области на северна Грција добија предупредување во форма на итна СМС-порака поради...

Свет8 часа

(Видео) Ураганот Берил уништува сè пред себе: Јамајка е погодена од ветрови со брзина од 215 километри на час, следно е Мексико

Силниот ураган Берил ја погоди Јамајка со силни ветришта и дожд оштетувајќи згради и корнејќи дрвја на карипскиот остров, јавува...

Свет9 часа

Американскиот новинар Такер Карлсон најави интервју со Зеленски

Американскиот новинар Такер Карлсон, кој го привлече вниманието на светската јавност кога во февруари го интервјуира рускиот претседател Владимир Путин...

Регион9 часа

Силни молњи предизвикаа пожари на Тасос

Силни молњи вчера предизвикаа два пожара на грчкиот остров Тасос, еден ден откако пожарникарите се справија со шумските пожари поттикнати...

Македонија9 часа

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот Коце Трајановски, кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата

По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година, велат од СДСМ. „Јавното...

Македонија23 часа

Јавниот превоз ќе продолжи сепак да функционира непречено, откако од ЈСП рекоа дека скопјани ќе останат без приватен автобуски превоз

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе...

Македонија1 ден

Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ: Освен темелни промени, не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите

Денеска, во седиштето на партијата Венко Филипче ја презеде функцијата претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски. Ковачевски му...

Македонија1 ден

Нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат, Чибишев за нови ќе објави конкурс

На Токсикологија повеќе нема да работат осумнаесетте лица со истечени договори. Новиот директор на Клиниката, Андон Чибишев, најави дека ќе...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај граничниот премин Богородица, загина 35-годишник

Денеска, во 00.30 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопатот кај клучката Гевгелија кон Граничниот премин Богородица...

Македонија1 ден

За децата со посебни потреби, кои не може да следат редовна настава, министерката Јаневска најавува општински училишта со ресурсен центар

Тоталната инклузија во образовниот процес на децата со посебни потреби кај нас, министерката за образование, Весна Јаневска, смета дека е...

Македонија1 ден

Дамева: Граѓаните заслужуваат правда, не им е важно кои се членовите или претседателот на Судскиот совет, туку кој судија останува во судница

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева не ја поддржува тезата за колективна одговорност и смета дека индивидуалната одговорност мора да...

Македонија1 ден

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за седмо одделение

Ниеден учебник за седмо одделение не е даден на печатење, вели министерката за образование, Весна Јаневска. Иако јавно беше соопштено...