Uncategorized
Џихадистите го исмејуваат указот за имиграцијата на Трамп, и најавуваат нови напади
Поддржувачите на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава ја исмејуваат одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да го суспендира влегувањето во САД на државјани од седум муслимански држави, тврдејќи дека тоа нема да ги запре терористичките напади во Соединетите држави и дека тој указ ќе помогне за регрутирање на нови радикализирани американски муслимани.
Во петокот американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша указот „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави, Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, го суспендира приемот на бегалци на 120 дена и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.
„Вашата одлука нема ништо да промени. Нападите ќе ви стасаат од Америка, од Американците родени во Америка од американски родители и дедовци и баби“, напишал еден од поборниците на Исламската држава на Telegram, апликација за испраќање пораки со енкрипција, пренесува Reuters.
Челниците на Исламската држава, која уште држи под контрола значајни територии во Сирија и во Ирак не се јавија по указот на Трамп, но тоа наместо нив го прават лица кои на социјалните мрежи се претставуваат како нејзини приврзаници и кои тврдат дека та одлука на американскиот претседател е во нивна полза.
„Трамп им забранува на муслиманите да влегуваат во САД, а ги убива во Јемен, Ирак и Сирија и им се заканува. Бедникот не знае дека е непроценлива вредноста за Исламската држава“, напишал на Twitter извесен Салем ал-Мосули.
Исламистички интернет канал на Telegram кој се нарекува „Учените од Хак“ кој го следи американската аналитичка разузнавачка агенција за следење на радикалните интернет страници SITE, го поставува прашањето за тоа дали политиките на Трамп се знак дека тој во моментов е најдобриот „повикувач на исламот“, некој кој создава нови верници.
Од првите 48 испитаници, 34 од нив одговориле дека е така, тврди SITE, кој цитира одговор на извесен Абу Магреби: „Она што го стори Трамп ја откри вистината и бруталната стварност која стои зад американската влада кон муслиманите“.
„Што ѝ прави Трамп на својата држава? Само што стана претседател, а луѓето веќе протестираат против неговите политики, а државите ширум светот го критикуваат. Трамп, ако Господ даде, ќе ја упропасти Америка“,напишал Магреби во една објава.
Исламистичките радикали, кои немаа ваква кампања во текот на мандатот на претходниот американски претседател демократот Барак Обама, иако ја одобри операцијата за ликвидација на идеологот на Ал Каеда, Осама бин Ладен во Пакистан, и ги започна воздушни интервенциите во Либија и против Исламската држава во Сирија и во Ирак каде испрати и копнени сили, сега на интернет ја исмејуваат одлуката на Трамп кој во неделата побара од своите воени советници да изготват план за поразување на џихадистите.
„Крстоносецот Трамп се претвори во непромислен фараон. Овој крстоносец кој треба да се презира, ги заборава несовесните одлуки на неговите претходници Буш помладиот и мазгата Обама. Тие не успеаја, а со Божја помош ќе му го турнеме носот вокал, како што им сторивме и на неговите претходници“, напишал на Telegram Турџман Ал Асавирти./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

