Uncategorized
Шолц – Германија да се снабди со нуклеарно оружје!
Поранешниот германски министер за одбрана, Руперт Шолц, смета дека Германија би требала да ја разгледа можноста за набавка на нуклеарно оружје, пишува денеска дневниот весник „Билд“.
Поранешниот германски министер за одбрана, Руперт Шолц, смета дека Германија би требала да ја разгледа можноста за набавка на нуклеарно оружје, пишува денеска дневниот весник „Билд“.
„Ние мора да отстапиме од табуто, кое се однесува на Германија и нуклеарното оружје“, изјави Шолц, кој е член на владеачката Христијанско – демократска унија (ЦДУ), или попозната како партија од која доаѓа канцеларката Ангела Меркел.
Тој укажа на фактот дека за време на Студената војна Германија била под заштита на своите НАТО партнери, но во меѓувреме, според него, состојбата се променила.
„Ние од своите партнери мора да имаме доказ дека во случај на терористички напад имаме добра нуклеарна заштита, а доколку не е така, мора да размислиме за одбрана со сопствено нуклеарно оружје“, смета поранешниот министер за одбрана.
Тој изрази загриженост, бидејќи реално гледано, опасноста според него не е апстрактна.
„Иран, уште сега со своите ракети со среден дострел, може да ги нападне Хамбург, Берлин или Келн. Кој ќе ни помогне во тој случај?“, запраша Шолц.
Германија во 1955 планираше да се снабди со материјал и технологија за производство на нуклеарно оружје, но, подоцна се откажа.
Денеска на нејзина територија се наоѓаат неколку десетици нуклеарни боеви глави, кои се дел од вооружувањето на американската војска.
/крај/хина/мс/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.