Uncategorized
Путин ја осуди објавата на карикатури на Мухамед
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја осуди објавата на карикатури на пророкот Мухамед во европскиот печат, оценувајќи дека со тоа го продлабочува јазот меѓу религиите, а Данска би требало да побара извинување.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја осуди објавата на карикатури на пророкот Мухамед во европскиот печат, препорачувајќи и на Данска да побара извинување.
“Ги осудуваме карикатурите кои го продлабочуваат јазот меѓу религиите, ги провоцираат и навредуваат чувствата на верниците“, изјави рускиот претседател, кој денеска ја започна дводневната посета на Шпанија.
Путин смета дека пред објава или цртање на нешто, би требало да се промисли “стотина пати“ и “ако државата веќе не може да ја спречи нивната објава, би требала барем да бара извинување“.
Протестите на муслиманите ширум светот во меѓувреме продолжуваат. Над 500 муслимани протестираа денеска пред данската амбасада во Анкара, по публикување на карикатурите на пророкот Мухамед во данскиот печат, соопшти турската полиција.
Околу дипломатското претставништво се преземени сите мерки за безбедност, а полицијата веќе затвори голем број од улиците за движење.
Демонстрантите, членови на младинската организација на Партијата за националистички дејства, протестираа со плакати со написи “Рацете, што се издигаат над Пророкот, ќе бидат искорнати“, како и “Исус Христос нема да ви прости“.
Истовремено, голем број на протести започнаа во неколку турски градови, иако данската амбасада во Анкара ги осуди публикациите на карикатурите.
Протести имаше и на палестинските територии. Палестински демонстранти, бесни поради објавување на карикатурите на пророкот Мухамед во Европа, денеска ја каменувале локалната канцеларија на меѓународните набљудувачи во Хеброн, на Западниот брег.
Околу 200 учесници фрлале камења и шишиња врз штабот на меѓународната мисија, разбивајќи неколку прозорци на зградата. Групата демонстранти се пробила и во дворот на зградата, каде ги искршила стаклата на неколку автомобили.
Малубројните палестински полицајци задолжени за чување на зградата се обиделе да ги растераат пукајќи во воздух, но демонстрантите биле побројни.
Ниту еден припадник на Меѓународната мисија, што ја чинат 73 набљудувачи од Норвешка, Шведска, Данска Италија, Швајцарија и Турција, не е повреден во инцидентот.
/крај/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.
Uncategorized
Премиерот Џафери и владиниот државен врв во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја
Владиниот државен врв ги одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет, 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе и им оддаде почит на борците од Народноослободителната борба пред споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.
На официјалната церемонија, реализирана со воени почести, почит оддадоа и положија цвеќе и: делегација на Сојузот на борците од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска, аѓутант, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, како и претставници од дипломатскиот кор во државата, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, делегација на Град Скопје, претставници на политички партии.
Претходно, во церемонија со воени почести, делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на државата, од Собранието, од Сојузот на борците од НОАВМ, претставници од дипломатскиот кор, од Град Скопје, од политичките партии, оддадоа почит и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.
Република Северна Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата. Така било за време на Втората светска војна кога земјата била рамо до рамо со прогресивните антифашистички сили. Нашата држава е создадена на рушевините на фашизмот, во извојуваната слобода и со прогресивната идеја за напредок. И, денес, во сложениот геополитички контекст, стоиме со сојузниците како рамноправна членка на НАТО и идна членка на Европската Унија темелејќи го развојот на демократијата.
Пораката на премиерот Талат Џафери и на Владата во чест на денешниот 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, е дека цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било форми на современ фашизам, кои се закана за мирот и прогресот насекаде во светот. Исто така, со искрена почит кон големата европска идеја, на која се темели изградбата на Европската Унија, ќе продолжиме да придонесуваме во заштитата и афирмацијата на европските вредности како гаранти на мирот и перспективите и на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија припаѓа во европското семејство на народи и држави и стремежот на граѓаните за членство во Европската Унија заедно ќе го оствариме.
Uncategorized
Oсмани: Ја победивме албанската опозиција со над 40.000 гласа, да се почитува волјата на народот
Прелиминарните резултати покажуваaт длабока победа на Европскиот Фронт, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа, изјави кандидатот за претседател, Бујар Османи, кој според првичните неофицијални резултати е пред неговиот опонент од албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари.
„Оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава“, рече Османи, додавајќи дека волјата на народот е јасна и треба да се почитува од сите.
Како што додаде, резултатите покажуваат дека се уште имаме поделено општество, притоа нагласувајќи дека Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите кажале дека самите одлучуваат за својата иднина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив.
Приврзаниците на ДУИ вечерва се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје за да ја слават објавата на првичните неофицијални резултати од првиот круг.