Uncategorized
ХАМАС ќе формира Влада
Прва седница на новото Собрание на Палестина се одржува денеска во Рамалах на која се очекува избор на владата составена од кандидат на победникот на неодамнешните избори – ХАМАС.
Прва седница на новото Собрание на Палестина се одржува денеска во Рамалах на која се очекува избор на владата составена од кандидат на победникот на неодамнешните избори – ХАМАС.
Седницата се оддржува во атмосфера на закана од Ерусалим дека ќе наметне економски санкции доколку движењето формира министерски кабинет на автономијата.
Според информациите на светските агенции, за нов премиер на Палестина треба да биде избран Исмаил Ханија, еден од лидерите на ХАМАС.
Ова радикално движење кое западните земји се уште го водат како терористичка организација, на последните избори освои 74 од 132 места во палестинскиот парламент.
Според Ројтерс, 43 годишниот Ханија важи за „прагматичен исламист“, преку кој движењето се надева дека ќе има полза како во односите со опозицијата на досегашниот лидер на ФАТАХ Махмуд Абас, така и со изралеските власти.
Израел синоќа се закани дека ако ХАМАС формира влада, размислува за наметнување економски санкции кон Автономијата, вклучувајќи ја и најрадикалната мерка, забрана за движење на Палестинците надвор од Западниот брег. Тоа би значело загрозување на приходите на сите оние кои имаат работни места надвор од таа територија.
/крај/риа/б
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.
Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.
Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.
Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.