Контакт

Daily news

Заврши состанокот на КОСАП, поддршка за влез на Западен Балкан во ЕУ до 2025 година

Објавено пред

Заврши 13. состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европски интеграции на земјите учеснички во процесот за стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа -КОСАП, кој беше оддржан во Скопје на 25 и 26 февруари 2018 година во Собранието на Република Македонија. На состанокот учествуваа членовите на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и од Србија. Членовите на комисиите за европски интеграции на Големото национално собрание на Република Турција и на парламентот на Косово присуствуваа на Конференцијата како набљудувачи. Претседателот на Комисијата за европски прашања и контрола на европските фондови на парламентот на Бугарија, претставниците на Европскиот парламент, претставниците на невладините организации и претставниците на дипломатскиот кор учествуваа на состанокот како специјални гости.

dobivaj vesti na viber

Со цел за редовна размена на ставовите по однос на прашањата што се однесуваат на процесот за стабилизација и асоцијација (ПСА), како и на процесот за проширување на ЕУ, а во врска со новата стратегија за кредибилна перспектива на проширувањето и за поголем ангажман на ЕУ со земјите од Западен Балкан на Европската комисија, членовите  на 13-тата Конференција во Скопје – КОСАП ги поздравија приоритетите на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во првата половина на 2018 година во однос на европската перспектива и поврзаноста на Западен Балкан, како и оддржувањето на самитот на шефови на држави и влади во април годинава, посветен на Западен Балкан. Во тој контекст позитивно ја оценија обновената  поддршка на ЕУ за иднината на регионот како составен дел на ЕУ по состанокот на Европскиот совет во Солун во 2003 година.

Тие изразија целосна согласност со оценките содржани во стратегијата за кредибилна перспектива на проширувањето и за поголем ангажман на ЕУ со земјите од Западен Балкан и ја подржаа политиката  на проширувањето  како долгорочен и стратегиски концепт во Европа и во регионот, кој ќе придонесе кон заеднички придобивки за мирот, безбедноста и  просперитетот на Европа. Позитивно го оценија новиот пристап на стратегијата како документ што определува обврски не само за земјите од Западен Балкан туку и за ЕУ, односно процесот на проширување го прави двонасочен. Истовремено, искажаа задоволство во врска со планот на Европската комисија за пообединета, посилна и  подемократска Унија до 2025 година, во кој се предлага, врз основа на важечкитедоговори, подобрување на ефикасноста на процесот за донесување одлуки во рамките на ЕУ, со унапредување на процесот на гласање со квалифицирано мнозинство за прашањата за надворешната политика или за прашањата од внатрешниот пазар.

Позитивно е оценето и зголемувањето на финансиската поддршка за имплементација на стратегијата, која во 2018 година ќе изнесува една милијарда евра за поддршка на процесот на трансформација на општествата на земјите од Западен Балкан, како и на инвестициската рамка за Западен  Балкан, во која инструментот за претпристапна помош – ИПА постепено ќе се зголемува до 2020 година и ќе има централна улога во поттикнувањето финансирање на странски инвестиции во регионот.

Учесниците ја поздравија иницијативата на Европската комисија за зајакнување на владеењето на правото со проширување на постојните инструменти за преговарање и на акциските планови за сите земји од Западен Балкан. Се согласија дека овие политики треба да се приспособуваат кон стандардите на ЕУ преку подобрување на оценувањето на спроведените реформи, со вклучување нови советодавни мисии во сите земји. Тие ја поддржаа иницијативата на Европската комисија за зајакнување на соработката во областа на безбедноста и миграцијата преку поголема соработка во областа на борбата против организираниот криминал, тероризмот и насилниот екстремизам, како и во областа на пограничната безбедност и управувањето со миграциите. Исто така, позитивно ја оценија иницијативата на Европската комисија за поголема поддршка за социо-економскиот развој со фокус на вработувањето и социјалната политика.

Тие исто така се согласија со иницијативата на Европската комисија за зголемување на транспортната и енергетската поврзаност на регионот со ЕУ, вклучително и поддршката за новите инвестиции, со акцент на зајакнување на енергетскиот сојуз на ЕУ во сите негови димензии и негово проширување со земјите од Западен Балкан. На Конференцијата е акцентирана важноста на иницијативата на Европската комисија за дигиталната агенда за Западен Балкан преку полесно намалување на трошоците за роаминг, поддршка на воведување широкопојасен интернет во регионот и развој на системите за електронска управа, електронска набавка, електронско здравство и развој на дигиталните вештини.

Се согласија со иницијативата на Европската комисија за поддршка на помирувањето и добрососедските односи, која опфаќа поддршка за транзициската правда, проблемот со исчезнатите лица и зголемената соработка во областа на образованието, културата, младите и спортот. Изразена е и поддршка на Берлинскиот процес, инициран од германската   канцеларка Ангела Меркел и на одржаните самити во Берлин, Париз, Виена, Трст, како и на претстојниот самит во Лондон, кои се во насока на ревитализирање на политиката на проширување и видливо ја зајакнаа регионалната соработка. Особено го поздравија потпишувањето на декларацијата за регионална соработка на министрите за надворешни работи од Западен Балкан во Виена за решавање билатерални прашања, во која повикуваат да нема блокирање на напредокот на соседите кон членството во ЕУ. Го истакнаа значењето на договорот за транспортна заедница, потпишан во Трст, потребата од негово спроведување преку конкретни развојни проекти, како што се коридорите 8 и 10, со цел да се подобрат транспортната инфраструктура и регионалното поврзување, подобрување на економиите и на животниот стандард на граѓаните. Го поздравија основањето на Регионалната младинска  канцеларија за соработка (РИКО) со седиште во Тирана како можност за враќање на довербата кај младите и унапредувањето на нивната меѓусебна соработка на патот кон ЕУ.

„Нагласена е важноста на вклучување на организациите и здруженијата на граѓанското општество и пошироко на ниво на секој граѓанин во работата на парламентарните комисии за европски интеграции/прашања од аспект на следење на ЕУ-законодавството и промовирање на европските вредности. Предложено е да ѝ се даде поголем импулс на регионалната соработка помеѓу парламентарните комисии за европски интеграции/прашања во  промовирање на европските вредности, размената на најдобри пракси при усвојување и хармонизирање на националната легислатива со европското право и зајакнување на парламентарната надзорна функција. Исто така, изразено е очекување за заокружување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија до 2025 година“, се вели во соопштението од Комисијата за европски прашања.

 

 

 

 

 

 

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

ДИК за одзивот до 15 часот: за претседателски избори гласале 33.73 отсто а за парламентарни 37.44 отсто од гласачите

До 15 часот како што информра ДИК биле пристигнати податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки...

Македонија55 минути

Гласачите задолжително да се прашуваат дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори, Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби, апелира ДИК

Избирачките одбори да ги почитуваат законските одредби и задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за...

Македонија4 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија4 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија5 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ7 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија7 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ7 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет7 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија8 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет8 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет9 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет9 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет9 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ22 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија24 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија1 ден

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...