Uncategorized
Манделсон: ЕУ има потреба од пишан устав
Европската унија се уште има потреба од пишан устав, правила за институциите, за да може подобро да се справи со поголемиот број држави членки, изјави еврокомесарот за трговија Питер Манделсон.
Европската унија се уште има потреба од пишан устав, правила за институциите, за да може подобро да се справи со поголемиот број држави членки, изјави еврокомесарот за трговија Питер Манделсон.
Уставниот договор, отфрлен на референдумите во Франција и Холандија во мај и јуни лани "содржи елементи за идните уставни промени, кои се неопходни", изјави Манделсон, прецизирајќи дека сегашниот текст треба да биде променет.
ЕУ се зголемува и ние треба да изработиме правила и да создадеме институции, кои ќе дозволат да се раководи населението на унијата и големиот број држави-членки, истакна Манделсон.
"Верувам, дека во очите на многу луѓе договорот во сегашната форма не дава добро разрешување на проблемот, но сметам, дека тој е добра основа и во многу аспекти содржи идеи и предлози, кои не треба да ги занемаруваме", додаде еврокомесарот. Тој смета дека во моментот граѓаните на ЕУ не се подготвени да го прифатат уставот./крај/бгнес/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.