Македонија
(Видео) Костадинов: Мицкоски нема поддршка ниту од оние пратеници кои останаа да бидат дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Сите пратеници да се издигнат над партиските интереси за конечно Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. Антизападниот Мицкоски се приклучи на протестите против НАТО и ЕУ на Јанко Бачев, и со тоа се докажуваат кој е поголем противник на македонската интеграција во НАТО и ЕУ, изјави денеска пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Мицкоски работи против членството во НАТО и ЕУ, против врвните национални и државни интереси. Станува збор за два различни концепти. Од една страна се Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ. Ние, и мнозинството граѓани, сакаме Македонија да оди напред, да биде во ЕУ и НАТО“, изјави Костадинов.
Портпаролот на СДСМ додава „нивната антизападна агенда не поминува и тоа јасно се гледа преку слабата поддршка на антизападните протести овде, пред Собранието. Немаат поддршка дури ниту од оние пратеници кои останаа да бидат дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“.
Костадинов посочи дека граѓаните и пратениците знаат дека Македонија нема алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО преку прифаќање на договорот од Преспа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

