Uncategorized
Европа да ја преиспита на политиката кон бегалците
Државите членки на Советот на Европа, треба да си ја преиспитаат политиката кон бегалците и луѓето кои бараат засолниште, оцени во својата декларација претседателот на Комисијата за миграции, бегалци и население при Парламентот на Совет на Европа, Мевљут Кавусоглу.
Државите членки на Советот на Европа, треба да си ја преиспитаат политиката кон бегалците и луѓето кои бараат засолниште, оцени во својата декларација претседателот на Комисијата за миграции, бегалци и население при Парламентот на Совет на Европа, Мевљут Кавусоглу.
Статистиката на Комисијата на Обединетите Нации за бегалци, вели дека бројот на бегалците во Европа е намален за 15 насто во текот на 2005 година.
Причина за ова, е подобрување на условите на живеење на земјите од кои доаѓаат бегалците, но и политиката на државите на Европската Унија, во кои престојуваат бегалците.
Во декларацијата се наведува дека особено внимание треба да се посвети и на степенот на смртност кај луѓето кои се обидуваат да мигрираат од една во друга држава, предизвикан од начините и патиштата кои тие ги користат за да стигнат до Европа, но и на засилените контроли на границите.
Проблемите на луѓето кои се во потрага по подобар живот не завршуваат тука, бидејќи по пристигнувањето во европските земји, тие се приведувани и малтретирани по затворите.
Декларацијата за преиспитувањето на политиката на земјите од ЕУ кон мигрантите, беше иницирано по повод светскиот ден на бегалците, кој ќе биде одбележан во текот на утрешниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.