Uncategorized
Либерализација на пазарите самоубиство за сиромашните земји
Притисокот на индустриски развиените земји врз сиромашните и земјите во развој за либерализација на сопствените пазари ќе ја зголеми сиромаштијата во овие земји.
Притисокот на индустриски развиените земји врз сиромашните и земјите во развој за либерализација на сопствените пазари ќе ја зголеми сиромаштијата во овие земји.
Во извештајот на економистот Брет Парис, од познатата меѓународна невладина хуманитарна организација „World vision“, се вели дека ваквата либерализација и извозот на малата гама на производи би претставувала трговска лекомисленост која води кон низок економски развој и брз пораст на сиромаштијата.
Првиот заклучок на Парис е дека со либерализацијата на сопствените пазари сиромашните и земјите во развој „би извршиле економско самоубиство“, бидејќи либерализацијата би довела до трговски волунтаризам и лекомисленост и сосем сигурно би го блокирале сопствениот стопански развој.
Според Парис, откритијата се во целосна спротивност со моралните вредности што ги заговара СТО и договорите на Светската банка, кои заемите и кредитите ги поврзуваат со слободната трговија или со отвореноста за странски инвестиции.
Тој додава дека за земјите во развој од пресудно значење е индустриските земји да го сфатат проблемот и на производите и услугите од земјите во развој да им овозможат полесен пристап на сопствените пазари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.
Uncategorized
Премиерот Џафери и владиниот државен врв во чест на 9 Мај: Цврсто стоиме на браникот против фашизмот и во одбрана на европската идеја
Владиниот државен врв ги одбележува денешниот голем и значаен датум за Република Северна Македонија и за демократскиот свет, 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Владата, Талат Џафери, во состав со министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, и заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, положи цвеќе и им оддаде почит на борците од Народноослободителната борба пред споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред Владата на Република Северна Македонија.
На официјалната церемонија, реализирана со воени почести, почит оддадоа и положија цвеќе и: делегација на Сојузот на борците од НОАВМ, предводена од Наум Бурески, претседател на Градскиот одбор на Сојузот на борците, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Билјана Блажевска, аѓутант, делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Снежана Калевска-Ванчева, пратеничка, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, предводена од бригаден генерал Орце Јордев, како и претставници од дипломатскиот кор во државата, меѓу кои и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир, делегација на Град Скопје, претставници на политички партии.
Претходно, во церемонија со воени почести, делегации од Владата, од Кабинетот на претседателот на државата, од Собранието, од Сојузот на борците од НОАВМ, претставници од дипломатскиот кор, од Град Скопје, од политичките партии, оддадоа почит и положија цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.
Република Северна Македонија секогаш била на вистинската страна на историјата. Така било за време на Втората светска војна кога земјата била рамо до рамо со прогресивните антифашистички сили. Нашата држава е создадена на рушевините на фашизмот, во извојуваната слобода и со прогресивната идеја за напредок. И, денес, во сложениот геополитички контекст, стоиме со сојузниците како рамноправна членка на НАТО и идна членка на Европската Унија темелејќи го развојот на демократијата.
Пораката на премиерот Талат Џафери и на Владата во чест на денешниот 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, е дека цврсто стоиме и ќе стоиме на браникот пред какви било форми на современ фашизам, кои се закана за мирот и прогресот насекаде во светот. Исто така, со искрена почит кон големата европска идеја, на која се темели изградбата на Европската Унија, ќе продолжиме да придонесуваме во заштитата и афирмацијата на европските вредности како гаранти на мирот и перспективите и на Република Северна Македонија. Република Северна Македонија припаѓа во европското семејство на народи и држави и стремежот на граѓаните за членство во Европската Унија заедно ќе го оствариме.
Uncategorized
Oсмани: Ја победивме албанската опозиција со над 40.000 гласа, да се почитува волјата на народот
Прелиминарните резултати покажуваaт длабока победа на Европскиот Фронт, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа, изјави кандидатот за претседател, Бујар Османи, кој според првичните неофицијални резултати е пред неговиот опонент од албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари.
„Оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава“, рече Османи, додавајќи дека волјата на народот е јасна и треба да се почитува од сите.
Како што додаде, резултатите покажуваат дека се уште имаме поделено општество, притоа нагласувајќи дека Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите кажале дека самите одлучуваат за својата иднина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив.
Приврзаниците на ДУИ вечерва се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Скопје за да ја слават објавата на првичните неофицијални резултати од првиот круг.