Uncategorized
Најмалку 40 загинати цивили, Бејрут пред хуманитарна катастрофа
Израелската војска ноќеска изведе неколку ограничени копнени напади врз Либан, а продолжи и со бомбардирање од воздух, при што има десетици загинати либански цивили.
Израелската војска ноќеска изведе неколку ограничени копнени напади врз Либан, а продолжи и со бомбардирање од воздух, при што има десетици загинати либански цивили.
Агенцијата франс прес јави дека најмалку 40 либански цивили се загинати ноќеска во одделни напади на израелската војска врз повеќе помали населени места на југот на Либан.
Хезболах синоќа истрела 20 ракети на израелска територија, при што најмалку едно лице е загинато во градот Нахарија.
Израелската воена кампања врз Либан влегува во втора недела, а не се гледа крајот на воените дејствија. Од почетокот на израелската офанзива во Либан загинаа 297 лица, од кои 268 се цивили.
Над 100.000 лица досега ги напуштија своите домови во Бејрут, а се очекува тоа да го сторат околу 500.000 лица во наредните денови, доколку продолжи израелската офанзива.
Обединетите нации предупредија дека на Бејрут му се заканува хуманитарна катастрофа. /крај/х/бг/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.