Uncategorized
2016 година на младата фудбалска репрезентација
Годината која изминува мина во знакот на младите македонски фудбалери, кои обезбедија пласман на Европското првенство. Во 2016-та шахистите на Алкалоид станаа европски шампиони, одбојкарите го задржаа трендот на добри резултати, кошаркарите се изрезилија и не успеаја да се пласираат на наредното ЕП. Поединечно годината беше успешна за Лина Ѓорчевска, Кире Лазаров, Дејан Недев, Томи Стефановски…
Репрезентацијата на Македонија, играчи до 21 година, со селекторт Благоја Милевски, се запиша во фудбалската историја, откако избори пласман на Европското првенство во Полска наредната година. Младинците брилијантно ги одиграа квалификациите и како победници на групата се најдоа меѓу 12-те репрезентации кои ќе се борат за европската титула во оваа конкуренција.
Шахистите на Алкалоид изминатиот месец се искачија на европскиот врв, откако го освоија Европскиот куп, најсилното континетално клупско натпреварување. Историскиот успех Алкалоид го оствари во состав: ВМ Лирен Динг, Кина (2.764), ВМ Дмитри Андрејкин, Русија (2.736), ВМ Павел Ељанов, Украина (2.736), ВМ Дмитри Јаковенко, Русија (2.709),ВМ Јангуи Ју, Кина (2.721), ВМ Јури Криворучко, Украина (2.702) и Македонсците ВМ Трајко Недев (2.480) и ИМ Филип Панчевски (2.503). Капитен на екипата беше ВМ Драгољуб Јаќимиќ.

Одбојкарската репрезентација продолжи со низата на добри резултати откако го повтори остварувањето од 2015 година, освојувајќи го второто место на завршниот турнир во Европската лига.
Ракометарите годината ја започнаа со скромниот настап на Европското првенство во Полска, но и со изборен настап во квалификациите за пласман на Олимписките игри. Турнирот за пласман во Рио де Жанеиро беше целосен дебакл за ракометната селекција, која во конкуренција на Полска, Тунис и Чиле не успеа да стане првата национална селекција со изборен пласман на најголемата спортска смотра. Поради неуспехот РФМ го смени селекторот Ивица Обрван, на негово место дојде Лино Червар кој низ баражот со Чешка, со ракометарите се пласира на Светското првенство во Франција, што ќе започне за две недели.

На домашен план ракометарите и ракометарките на Вардар, односно фудбалерите на Вардар и кошаркарите на МЗТ ги освоија шампионските титули. Ракометарките на Вардар во Лигата на шампионките го освоија третото место, откако во полуфиналето беа шокирани од Букурешт, а за третото место славеа против Будуќност.
Ракометарите на Вардар, завршија како втори во СЕХА лигата, во финалето беа поразени од Веспрем, а од истиот противник беа елиминирани во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Индивидуално Кирил Лазаров и во 2016 година ја потврди високата класа. 35-годишниот десен бек и оваа година е избран за најдобар на својата позиција во светот. Лазаров е прогласен и за спортист на годината.
Лина Ѓорчевска стана првата Македонка која настапила на еден грен слем турнир. Фантастичната година Ѓорчевска ја заврши на 205-то место во сингл и 129-то место во дубл, поради што таа го доби признанието за спортистка на годината.

Дејан Недев, пред нецел месец, постигна извонреден успех, тој во Крањска Гора првпат стана шампион на Европа во дисциплината кати поединечно. На ова Европско првенство злато освои и Мила Саздова во кадетска конкуренција.
Во годината која изминува беше одржан и традиционалниот „Охридски маратон“, на кој прв пат победи македонски пливач. Ветаранот Томи Стефановски победи во Охрид, а сезоната ја заврши на првото место во генералниот пласман во далечинско и маратонско пливање на FINA Гран При серија. Стефановски оваа година стави крај на својата импресивна кариера.

Оливера Наковска-Бикова, го освои сребрениот медал на Меѓународниот натпревар во стрелаштво кој се одржа во Хановер, Германија. Македонските параолимпијци, со два медали го завршија учеството на Меѓунардониот натпревар во Хановер, претходно Каранфилов, Јовановски и Наковска-Бикова осовоија бронза во екипна конкуренција.
Македонските репрезентативци на Европско првенство во карате за младинци, јуниори и постари јуниори У21 освоија еден сребрен и пет бронзени медали. Среброто го освои Абдурахман Идризи, а бронзени беа Моника Пендаровска, Столе Смилковски, Петар Спасеновски, Азис Исмаил и ката тимот.
Поединечни настапи македонските спортисти имаа и на Олимписките игри во Рио, младинските Зимски олимписки игри во Лилехамер, Европското првенство во пливање и Светскоот првенство во пливање во 25-метарски базени.
На ОИ во Рио де Жанеиро атлетичарите Ристе Пандов (100 метри) и Дрита Исљами (400 метри со пречки), пливачката Анастасија Богдановски (200 метри слободно), џудиската Катерина Николовска (-63 кг), Нина Балабан (стрелаштво, воздушна пушка 10 метри). Марко Блажевски (пливање), постигнаа резултати далеку под нивните можности.

Sochi Winter Olympic Games – Pre-Games activity – Monday
На младинските ЗОИ, Македонија настапи со двајца спортисти: Лука Божиновски на ЗОИ настапи во четири алпски дисциплини, во три (супервелеслалом, велеслалом и слалом) не оствари пласман, додека во комбинација заврши на 24-то место, а нордиецот Ставре Јада. на трката на 10 километри го освои 34-то место, додека на трката во крос кантри (спринт и слободно) беше 43-ти, односно 44-ти.
Пливачите во своите настапи на ЕП и СП во 25-метарски базени имаа добри настапи, поставувајќи нови државни рекорди во сите дисциплини во кои настапуваа. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Трагедија во Петровец: 23-годишно момче загина откако врз него паднал тежок предмет при изградба на објект
На 19.02.2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А. (23) од Велес.
Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Uncategorized
Објавени сите досиеја на Епстин: на листата повеќе од 300 имиња на познати личности
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се објавени и дека во овие документи се наведени повеќе од 300 имиња на познати личности.
Пам Бонди тврди дека никакви записи поврзани со истрагата за Џефри Епстин не се објавени „поради срам, повреда на угледот или политичка чувствителност“, објави „Фокс њуз“.
Во писмо од саботата таа објави дека сите досиеја на Епстин се објавени во согласност со Законот за транспарентност на документите.
Според написите „Фокс њуз“ го добиле писмото адресирано до претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чак Грасли, републиканец од Ајова, конгресменот Дик Дарбин, демократ од Илиноис, претседателот на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, Џим Џордан, републиканец од Охајо, и конгресменот Џејми Раскин, демократ од Мериленд.
Писмото, како што е неведено од медиумот, содржи список од повеќе од 300 имиња на познати личности, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама, британскиот принц Хари, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, актерот Вуди Ален, сопственикот на „Фејсбук“ Марк Закерберг, пејачот Курт Кобејн и Брус Спрингстин.
Некои од споменатите имиња имале обемен директен контакт преку е-пошта со Епстин или неговата соработничка Гислен Максвел, додека други биле споменати во дел од документот (вклучувајќи пишување во печатот) кој на прв поглед не е поврзан со прашањата за Епстин и Максвел, се наведува во писмото.
Документот наведува широк спектар на материјали, вклучувајќи информации за организации и мрежи за кои се тврди дека се поврзани со трговијата со луѓе и финансиските операции на Епстин во корпоративните, непрофитните, академските и владините сфери, како и интерни е-пораки, меморандуми и белешки од состаноците на Министерството за правда за тоа дали да се покрене обвинение, да се отфрли или да се продолжи истрагата.
Документите, исто така, вклучуваат записи поврзани со потенцијалното уништување или прикривање на релевантен материјал и документација поврзана со притворањето и смртта на Епстин, вклучувајќи извештаи за инциденти, интервјуа со сведоци и извештаи од медицински испитувач и обдукција.
Во писмото се наведува дека лицата чии имиња беа редигирани поради чувствителност не беа вклучени, се додава во писмото, додавајќи дека процесот на редигирање бил обемен, вклучувајќи консултации со жртвите и нивните адвокати.
Кембел спомената стотици пати
Името на британската манекенка Наоми Кемпбел се појавува стотици пати во документите на Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, а истражувањето на документите покажува дека Кемпбел побарала лет со приватниот авион на Епстин, била видена во неговата вила во Њујорк и на островот, но нејзиниот адвокат тврди дека таа не била свесна за неговите злосторства и дека никогаш не учествувала во несоодветно однесување.
Во милионите документи објавени по смртта на Епстин во 2019 година, беа прикажани е-пошта и преписка што покажуваат дека Кемпбел побарала да се сретне со Епстин во неговата вила во Њујорк и ја користела неговата мрежа за да присуствува на луксузни настани низ целиот свет, пишува Њујорк Тајмс (NYT).
Во една од е-поштата испратена до асистентката на Епстин, Кемпбел навела дека „сака да го види Џефри“, а на крајот од пораката се потпишала како „исцрпена убавица“.
Во интервјуата со федералните истражители, неименуваните жртви на Епстин рекле дека тој ги запознал со Кемпбел на друштвени настани и дека ја виделе во неговата вила и на неговиот остров.
Документите покажуваат дека моделот останал во својата околина и во контакт дури и откако Епстин беше осуден во Флорида во 2008 година за охрабрување на малолетници да се занимаваат со проституција.
Адвокатот на моделот Кемпбел, Мартин Сингер, рече дека неговата клиентка немала сознанија за „страшните кривични дела“ на Епстин сè до неговото апсење во 2019 година и дека таа немала никаков контакт со него потоа.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)

