Контакт

Uncategorized

Ангелски гласови во Венеција

Објавено пред

На 20 април, во престижниот театар Ла Фениче во Венеција се случи промоцијата на зборникот Охридски пораки за мир за мир и соживот, публикација која произлезе од Меѓународната конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која пред 2 години се одржа во Охрид

dobivaj vesti na viber

Имено, оваа промоција беше дел од големиот концерт на УНЕСКО, УНЕСКО – Концерт за мир: музика за дијалог и помирување, на кој настапија околу 50 музичари од 12 земји, меѓу кои и Македонија. Покрај маестро Борис Трајанов и тенорот Благој Нацоски, публиката во Венеција уживаше во изведбата на женскиот хор Света Злата Мегленска. За приказната на овој хор кој е единствен од ваков тип во Македонија, како и за впечатоците од Венеција, поразговаравме со основачот и диригентот, Летка Димовска-Полизова.Женскиот камерен хор Света Злата Мегленска е формиран во 1996 г. при Македонската православна црква. Составен е од 22 женски вокали, од кои повеќето се академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Госпоѓата Летка Димовска-Полизова како диригент се афирмира со ангажирање на повеќе хорови кои самата успешно ги води: хорот Златно Славејче, Младинскиот мешан хор Кочо Рацин, камерниот хор при Соборниот храм Свети Климент Охридски, детскиот архиепископски хор Херувими итн. Програмски, овој хор најмногу се фокусира врз црковната музика, но во зависност од критериумите на различни фестивали, вметнуваат и композиции од световната и фолклорната музика. Света Злата Мегленска за сите овие години оствари извонредно значајно меѓународно претставување и афирмирање на македонската црковна музика во Велика Британија, Франција, Германија, Португалија, Шпанија, Хрватска, Бугарија, Грција, Полска, Италија, Шведска, Швајцарија, Србија, Црна Гора, Австралија…„Со формирањето на хорот Свети Климент Охридски во 1991 г. и осветувањето на Соборниот храм кај мене се појави интерес за црковното пеење и сакав да дадам и свој придонес кон овој храм. Со хорот Свети Климент Охридски започнавме со литургиски пеења секоја недела и тоа беше прв професионален хор за во црква. Но, мојата креативна моќ беше огромна и сакав да направам нешто повеќе. Така дојдов до идејата да формирам женски хор чиј интерес исто така ќе биде црковната музика, но овојпат да биде концертен и фестивалски хор”, ја започнува приказната госпоѓата Полизова. “Со формирањето на Света Злата Мегленска не само што се слушна за црковната музика надвор од храмовите, туку и за она што значи традиционалната музика во Македонија. Имаме огромен репертоар од православна црковна музика, како и три литургии од различни автори. Тука се, пред сè, Бадев, Сотир Голабовски и Атанас Динев и концертни композиции од светската музичка литература. Практикувам секоја година репертоарот да го збогатувам со 3-4 нови композиции”. Овој хор постојано се развива и „експериментира” и со различни стилови и периоди. На нивните концерти публиката никогаш не останува рамнодушна. Не ретко се случува да видите солзи во очите. Соработуваат и со многу хорови од целиот свет кои се со сличен сензибилитет. Најмалиот успех кој го имаат постигнато е второто место.“На сите тие фестивали и концерти се здобиваме со многу пријатели и така се шири кругот за настапи и соработка. Претежно соработуваме со црковни хорови од Италија, Словенија, Полска, Бугарија, со кои сме се среќавале на фестивалите во различни категории и секогаш сме биле во финалињата и натпреварот за Гран-при наградата. Разменуваме адреси, искуства, се препорачуваме меѓусебно, познавајќи ги сопствените квалитети. Така, за настапот кој во јуни ни следува во Калифорнија, САД, имаме препораки од асоцијацијата Musica Mundi која е организатор на сите светски хорски манифестации. Од таквите познанства произлезе ова патување во Америка”, продолжува госпоѓа Полизова. Во Венеција им понудиле композиции од сите стилови кои ги застапува овој хор – црковна, световна, фолклорна музика, но жирито на крајот се одлучило за македонската традиционална музика. Целиот настап бил збогатен со прекрасните униформи со мотиви од фолклорот кои се идеја на госпоѓата Полизова. „Венеција ја доживеавме онака како што заслужува. Јас буквално лебдев после настапот. Нешто величенствено ми се случи во таа прекрасна сала каде што настапиле имиња како Марија Калас и Павароти. На секој уметник му посакувам да го доживее ова што му се случи на нашиот хор. Не дека сме немале успешни настапи насекаде во светот, а и кај нас, но Венеција е врвот на мојата уметничка кариера. Она што е многу важно, и во Венеција и насекаде каде што сме настапиле, хорот Света Злата Мегленска ја претставува Македонија под уставното име”.Но и покрај сите овие успеси, хорот финансиски не може сам да опстојува. Ниедна од поголемите компании кај нас досега не покажала интерес за финансирање на овие девојки кои се вистински професионалци. Освен поддршката од Министерството за култура и некои донации од дијаспората, немаат други приходи. Се надеваме дека во иднина ваквата состојба ќе се промени.Мал дел од критиките за Света Злата Мегленска„Интерпретацијата на боите е со комплетна динамичка ширина. Секогаш совршено контролиран, вокален звук кој беше употребуван во служба на музиката. Промената на музиката беше пренесена достојно, перфектно и со самодоверба… апсолутна контрола на гласот…” Бил Ајвс, професор на Оксфорд и интернационален музички критичар„Овие прекрасни ангелски гласови нè споија со универзалната убавина.”Жак Лакарер, француски поет, Париз, 1999„Денес се спои небото со земјата. Вие сте Божји дар, што го прими француската публика. Ова е настан на годината.”Јордан Плевнеш, драматург „Со одличниот настап на Вашиот хор, со богатата и висококвалитетна програма со каја настапивте, придонесовте многу за успехот на овој фестивал. Нашите граѓани, како и луѓето од сиот овој регион, Ви се заблагодаруваат за незаборавните моменти на величествената музика и нежните мелодии, кои сè уште одѕвонуваат во нас. Ви честитаме и Ви се заблагодаруваме од дното на нашите срца.”Василиос Аврамидис, градоначалник на Аргос Орестико, Грција, 2002„Кога духовен подвижник каков што е женскиот хор Света Злата Мегленска при МПЦ, ќе најде простор како париската катедрала Сен Северин, почнува празник за поклониците на повеќегласното пеење. Тоа се потврди и неодамна на велигденскиот целовечерен концерт на овој реномиран скопски хор, чии членови небаре материјализирани ангели , просто ја зашеметија париската публика. Диригентката Летка Димовска-Полизова на концертот суверено ја развејуваше и ја собираше звучната прав под сводовите на париската катедрала за на крајот да ја крене публиката на нозе…”Георги Барбаровски, уредник



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Трагедија во Петровец: 23-годишно момче загина откако врз него паднал тежок предмет при изградба на објект

Објавено пред

На 19.02.2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А. (23) од Велес.

dobivaj vesti na viber

Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопшти МВР.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Објавени сите досиеја на Епстин: на ​​листата повеќе од 300 имиња на познати личности

Објавено пред

Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се објавени и дека во овие документи се наведени повеќе од 300 имиња на познати личности.

dobivaj vesti na viber

Пам Бонди тврди дека никакви записи поврзани со истрагата за Џефри Епстин не се објавени „поради срам, повреда на угледот или политичка чувствителност“, објави „Фокс њуз“.

Во писмо од саботата таа објави дека сите досиеја на Епстин се објавени во согласност со Законот за транспарентност на документите.

Според написите „Фокс њуз“ го добиле писмото адресирано до претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чак Грасли, републиканец од Ајова, конгресменот Дик Дарбин, демократ од Илиноис, претседателот на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, Џим Џордан, републиканец од Охајо, и конгресменот Џејми Раскин, демократ од Мериленд.

Писмото, како што е неведено од медиумот, содржи список од повеќе од 300 имиња на познати личности, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама, британскиот принц Хари, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, актерот Вуди Ален, сопственикот на „Фејсбук“ Марк Закерберг, пејачот Курт Кобејн и Брус Спрингстин.

Некои од споменатите имиња имале обемен директен контакт преку е-пошта со Епстин или неговата соработничка Гислен Максвел, додека други биле споменати во дел од документот (вклучувајќи пишување во печатот) кој на прв поглед не е поврзан со прашањата за Епстин и Максвел, се наведува во писмото.
Документот наведува широк спектар на материјали, вклучувајќи информации за организации и мрежи за кои се тврди дека се поврзани со трговијата со луѓе и финансиските операции на Епстин во корпоративните, непрофитните, академските и владините сфери, како и интерни е-пораки, меморандуми и белешки од состаноците на Министерството за правда за тоа дали да се покрене обвинение, да се отфрли или да се продолжи истрагата.

Документите, исто така, вклучуваат записи поврзани со потенцијалното уништување или прикривање на релевантен материјал и документација поврзана со притворањето и смртта на Епстин, вклучувајќи извештаи за инциденти, интервјуа со сведоци и извештаи од медицински испитувач и обдукција.

Во писмото се наведува дека лицата чии имиња беа редигирани поради чувствителност не беа вклучени, се додава во писмото, додавајќи дека процесот на редигирање бил обемен, вклучувајќи консултации со жртвите и нивните адвокати.

Кембел спомената стотици пати
Името на британската манекенка Наоми Кемпбел се појавува стотици пати во документите на Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, а истражувањето на документите покажува дека Кемпбел побарала лет со приватниот авион на Епстин, била видена во неговата вила во Њујорк и на островот, но нејзиниот адвокат тврди дека таа не била свесна за неговите злосторства и дека никогаш не учествувала во несоодветно однесување.

Во милионите документи објавени по смртта на Епстин во 2019 година, беа прикажани е-пошта и преписка што покажуваат дека Кемпбел побарала да се сретне со Епстин во неговата вила во Њујорк и ја користела неговата мрежа за да присуствува на луксузни настани низ целиот свет, пишува Њујорк Тајмс (NYT).

Во една од е-поштата испратена до асистентката на Епстин, Кемпбел навела дека „сака да го види Џефри“, а на крајот од пораката се потпишала како „исцрпена убавица“.

Во интервјуата со федералните истражители, неименуваните жртви на Епстин рекле дека тој ги запознал со Кемпбел на друштвени настани и дека ја виделе во неговата вила и на неговиот остров.

Документите покажуваат дека моделот останал во својата околина и во контакт дури и откако Епстин беше осуден во Флорида во 2008 година за охрабрување на малолетници да се занимаваат со проституција.

Адвокатот на моделот Кемпбел, Мартин Сингер, рече дека неговата клиентка немала сознанија за „страшните кривични дела“ на Епстин сè до неговото апсење во 2019 година и дека таа немала никаков контакт со него потоа.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден

Објавено пред

Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.

По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.

На местото на несреќата излегла увидна екипа.

Фото: илустрација (depositphotos)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија2 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ4 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија5 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија5 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија7 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа8 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија8 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија9 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија9 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет9 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет9 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа11 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа11 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа11 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија21 час

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија1 ден

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...