Uncategorized
„Ноќ на музеите“ по четврти пат во Македонија
Музејот на Македонија се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, 18 мај. По тој повод в сабота, 16 мај, започнува манифестацијата „Ноќ на музеите“
Оваа празнична ноќ е замислена како едно поинакво излегување навечер и покрај отворањето на изложби и презентација на проекти, ќе биде збогатена со концерти, видео проекции, дегустација на храна и пијалоци. Манифестацијата започнува со отворањето на 2 изложби: „Карневалот – Цар на Европа“, во 19:30 часот, проследена со џамаларски игри од ученици на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Оддел за традиционална музика и игри и изложбата „Портали од исламски верски објекти во Македонија – Османлиски период“ во Куршумли-ан во 20 часот. На оваа изложба ќе следува дегустација на храна и пијалоци од ориентално потекло и концерт на џез составот „Сетстет“.„Карневалот – Цар на Европа“ е проект започнат пред 2 години на Етнографскиот музеј на Трентино од Сан Микеле ал Адиџе, Италија. Партнери на овој проект се Музејот на Македонија, Етнографскиот музеј од Загреб, Националниот етнографски музеј од Софија и Музејот на европските и медитеранските цивилизации од Марсеј. Целта на овој проект е да се популаризираат карневалите ширум Европа и свесноста за европскиот културен идентитет. На изложбата чиј комесар во Македонија е Владимир Боцев, ќе бидат претставени фотографии, маски, предмети, филмови кои се дел од истражувањата на овој проект. Изложбата ќе ја отвори евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере.„Портали од исламски верски објекти во Македонија – Османлиски период“ чиј кустос е Марија Мурџиева првпат ќе има своја видео презентација. Ќе бидат прикажани најзначајните и најимпресивните екстериери на десетина џамии во Македонија од 15 и 16 век, како Јаја паша во Скопје, Шарената џамија во Тетово, Јени џамија во Битола, итн.Како дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, едукативното одделение при Музејот на Македонија на 16 мај ќе ги презентира неколкумесечните проекти „И јас знам што е тоа археологија“, „Грнчарство“ и „Ткаено килимче“ кои неколку месеци ги посетуваа децата од градинките и основните и средните училишта, под раководство на музејските едукатори Симонида Миљковиќ и Сузана Марковска. На 18 мај, во 12 часот предавање ќе одржи м-р Гоце Наумов, на тема „Орнаментите и визуелните идентитети на неолитските заедници од Македонија“. Потоа следува презентација на работилниците реализирани во соработка со Интернационалното средно училиште од Скопје во рамки на проектот „Хералдика“, под раководителство на музејскиот едукатор Лена Ангеловска и хералд Јован Јоновски.Инаку, во рамки на одбележувањето, изложби на Музејот на Македонија ќе бидат поставени и во други музеи низ земјата. Утре, 15 мај, во Музеј и галерија Кавадарци ќе биде отворена изложбата „Дедо Иљо Малешевски“, а на 22 мај во Струмица ќе биде поставена изложбата „Танцот на стаклените перли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

