Uncategorized
Почнува „Астерфест“

На петтото, јубилејно издание на филмскиот фестивал „Астерфест“ од 27 до 31 мај ќе бидат прикажани околу 50 филмови, распоредени во седум категории
Во категориите Астердокс, Мувиленд, Глобална фикција, Една жена/еден филм, Посвети, Мери-дионс и Анимирани филмови ќе бидат прикажани кратки и документарни филмови, од кои најголемиот дел премиерно во Македонија. Официјално трочлено меѓународно жири ќе одлучува за Златната, Сребрената и Бронзената потковица помеѓу следниве креативни документарци во конкуренција: „Боровинки од Брод“ на Ерик Фуско (Холандија), „Вода и оган“ на Киро Урдин (Македонија), „Информативни разговори“ на Намик Кабил (Босна и Херцеговина), „Јаболка“ на Ахмет Тас (Германија), „Нагоре“ на Георги Лазаревски (Франција), „ОК“ на Блерта Зекири (Косово), „Приказната за Никола“ј на Давид Офек и Елинор Коварски (Израел), „Ремек дело“ на Стефанос Монделос (Грција), „Рене“ на Хелена Трештикова (Чешка) и „Чедо“ на Аљоша Симјановски (Македонија). Во оваа главна селекција преовладуваат нишки кои директно или индиректно допираат југоисточноевропски теми или пак се правени од автори од ЈИЕ, без ограничувања во уметничката слобода на филмскиот израз. Посебно жири ќе додели награда за најдобар филм од програмата Мувиленд, кој оваа година опфаќа филмови продуцирани од Србија или од српски автори. Во оваа компетиција влегуваат кратките филмови: „Епитаф за соништа“ на Филип Чоловиќ, „ Замокот Розалин 1937“ на Маја Милановиќ, „Точка на прекин“ на Игор Тохољ, „Фантазмагорија 2008“ на Растко Ќириќ и „Хелиум“ на Ѓузепе Скетино. Исто така, ќе се додели специјална награда за најдобар светски краток игран филм. Во оваа категорија ќе се жирираат филмовите: „Алиса во земјата на чудата“ на Мартин Валц (В.Британија/Полска), „Баба отиде“ на Томаш Јуркиевич (Полска), „Вечно лето“ на Михаел Руф (Германија), „Јалда“ на Естер Џонсон (В. Британија), „Моето лево око“ на Анамарија Цхиовеану (Романија), „На изгрејсонце“ на Ѓорче Ставрески (Македонија), „Преод“ на Стивен Кип Милс (САД), „Птички“ на Рунар Рунарсон (Исланд), „Украдени приказни“ на Мигел Техерина Алба (Шпанија) и „Условно примирје“ на Притви Конанур (Индија). Повеќето наслови од официјалната програма имаат референци од учества на бројни филмски фестивали и се наградувани ширум светот. Во неофицијалната програма, исто така ќе има ексклузивни филмови, меѓу кои и први јавни прикажувања. Фестивалот ќе биде отворен на 27 мај, в среда, во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 20 часот. Пред влегувањето на публиката, во ѕвезденото астраионско небо на Струмица симболично ќе бидат испукани пет ракети, во знак на петгодишниот роденден на струмичкиот филмски фестивал. На фестивалот треба да пристигнат реномирани гости и автори од повеќе европски држави. Првата вечер на бугарскиот режисер Рангел В’лчанов свечено ќе му биде врачено признанието Астер за високи достигнувања во полето на авторскиот филм, а за таа пригода е предвиден и краток музички настап на Драган Даутовски. „Астерфест“ е поддржан од Собранието на Општина Струмица и Филмскиот фонд на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.
Uncategorized
Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.
Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.
„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.
„Господ знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.
Uncategorized
Манасков се врати во Вардар

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес. Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.
-Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава. „Црвено-црните“ полека го градат тимот со кој и сезонава ќе атакуваат на двојната круна во домашното првенство се вели во известувањето од клубот.
Манасков во Скопје доаѓа по неколку сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно настапуваше за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар, Рајн Некар и на крајот во Веспрем.