Uncategorized
Скандал пред премиерата на современата балетска претстава „Боже мој!“

На само неколку денови пред премиерата на современата балетска претстава „Боже мој!“ на холандскиот кореограф Артур Кугелејн, закажана за в среда, 27 мај, на денешната прес конференција во МОБ беа изнесени сериозни обвинувања за односот на оваа куќа кон Кугелејн
Имено, минатата година оваа кореографија е селектирана од страна на директорот на Балетот, Кире Павлов. Оваа кореографија исто така е избрана од страна на познатата Јин Ксинг танцова компанија и ќе биде претставена во Шангај, Кина, во 2010 година. Со финансиска поддршка од Швајцарската културна програма за Западен Балкан понудена минатата година од Про Хелвециа, Македонската опера и балет ја добила оваа кореографија и музиката за неа бесплатно. Премиерата прво била закажана за февруари оваа година, но потоа од непознати причини е одложена за мај. Само десетина дена пред премиерата, поточно во понеделникот на 18 мај, без никакво објаснување, дирекцијата на Балетот одлучила да смени двајца балетски играчи (вкупно играат 12), кои немаат ниту време, ниту толкава енергија да се подготват за премиерата, бидејќи паралелно Балетот подготвува 4 нови проекти, а утре ансамблот заминува за Прага на Деновите на македонската култура. До премиерата, кореографот Кугелејн има само уште една проба и генералната проба.Исто така, Кугелејн тврди дека од МОБ не му е обезбедено ниту дизајнер на светлото и костими. „Можеби постојат причини за ова мое, повеќе од изненадувачко, искуство кое го стекнав тука. Но за мене, кој има работено во различни театари и земји, навистина е тешко да разберам како љубителите на уметноста, како и професионалниот менаџмент на една главна културна институција, како МОБ, може да објасни толку малку почит и време кое ми беше дадено како на еден поканет странски кореограф, заинтересиран да придонесе нешто позитивно за МОБ, како и за публиката тука. Денес, јас навистина се чудам, зошто воопшто дирекцијата на МОБ ме покани и зошто аплицираше за швајцарска финансиска поддршка, бидејќи очигледно е дека нема намера да троши ниту време ниту луѓе за оваа ко-продукција. За мене е болно, но и срамно да видам што направи МОБ од мојата кореографија. Во контекст на овој проект и на моето искуство, МОБ направи се‘ што е можно да ја направи оваа ко-продукција невозможна“, вели Кугелејн во своето соопштение до новинарите. Директорот на МОБ, Оливер Арсовски, изјави дека не гледа голем проблем во целата ситуација и дека за незадоволството на кореографот дознал дури на денешниот прес. „Оваа куќа му ги остави на располагање сите свои услови за работа и се‘ беше во договор со кореографот. Ако тој е незадоволен од досегашната работа, премиерата ќе биде поместена“, изјави Арсовски.Но, сепак е решено премиерата да биде изведена на 27 мај. И покрај сите проблеми, Кугелејн очекува добра претстава и публиката ќе има извонредна можност да види нешто ново од танцот и да биде домаќин на независни танцови компании со нови идеи и нови форми.Инаку, балетот „Боже мој“ („Dios mio!“) за првпат е изведен од мексиканската современа танц компанија „Ballet Teatro del Espacio“ на 27 јули 2007 година во Palacio de Bellas Artes во Мексико Сити. Изведбата во Скопје на 27 мај е всушност римејк на оваа претстава. Во основата на претсавата лежи прашањето за тоа што мислиме кога велиме „О мој боже“. Музиката е на Кристијан Мејер.Играат: Марина Георгиевска, Саша Евтимова (која е и асистент репетитор), Марија Глигорова, Ирена Ковачевска, Маја Костовска, Александра Ѓоревска, Миро Митрашиновиќ, Мартин Саздовски, Борјан Тетиев, Агим Бафтии, Виктор Василевиќ и Јан Кисилев (Русија).Артур Кугелејн се смета за нималку компромисен кореограф, чии дела предизвикуваат силни реакции. Во колаборација со танчерите и музичарите тој создава свој сопствен стил, кој се опишува како радикален, рептитивен, хипнотички „транс танц“. Проектите на Кугелејн – „Masters of Complications“, „After Effects“, „Okidoki stupid things“ се репер за најновите уметнички истражувања во постојната еволуција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Петровска-Најт: Северна Македонија и Вермонт покажаа како се создава вистинско сојузништво

„Северна Македонија и американската држава Вермонт имаат исклучително блиска соработка од која учиме и ние и Националната гарда на Вермонт, се развиваме заедно и ги зголемуваме капацитетите како сојузници во НАТО. Ние сме амбициозни затоа што знаеме дека ако сме посветени како и досега, нема граница за она што можеме да го постигнеме и во доменот на интероперабилноста, и во развојот на вештините и способностите на припадниците на Армијата и на Националната гарда на Вермонт“.
Тоа го истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со генерал-мајорот Грегори Најт, командант на Националната гарда на Вермонт кој престојува во неколкудневна посета на Северна Македонија, по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“.
Министерката посочи дека нема подобар пример за заедништво од она на кое сите бевме сведоци во текот на месец мај, кога армиските припадници и припадниците на Националната гарда на Вермонт заеднички се обучуваа на армискиот полигон „Криволак“ во рамки на досега најголемата вежба реализирана во Северна Македонија, Swift Response 22. Петровска упати благодарност до генералот Најт и Националната гарда и за континуираната поддршка во развојот на капацитетите на армиската единица за АБХО.
На средбата министерката Петровска се осврна и на идните планови во соработката – реализацијата на вежбата Defender 23 следната година, можностите за проширување на соработката преку трилатерално партнерство помеѓу Северна Македонија, Вермонт (САД) и Австрија, како и развојот на капацитетите за киберодбрана и развојот на подофицерскиот кор, кој е столбот на Армијата.
Генералот Најт порача дека Националната гарда на Вермонт останува силно посветена на партнерството со Северна Македонија, кое може да послужи како одличен пример како заеднички се развива интероперабилноста која е клучна во НАТО-алијансата.
Програмата за партнерство со Националната гарда на Вермонт е иницирана во 1994 година, а досега повеќе од 7.000 припадници на Армијата биле дел од заедничките активности. На Националната гарда на Вермонт доделен ѝ е Орден за заслуги, а годинава министерката Петровска на генералот Најт ќе му додели плакета по повод 30-годишниот јубилеј и долгогодишната успешна соработка.
Uncategorized
Трамп: Агентите на ФБИ ми ги украдоа трите пасоши

Агентите на ФБИ заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, напиша експретседателот на САД на социјалните мрежи:
„За време на рацијата на ФБИ ми украдоа три пасоши (еден истечен). Покрај се друго“ – напиша тој.
Umm… pic.twitter.com/ZDX1g8JWVK
— Spiro Agnew’s Ghost (@SpiroAgnewGhost) August 15, 2022
Трамп сето тоа што се случи го нарече „напад врз политички противник од размери досега невидени во САД“.
„Волстрит журнал“ објави дека ФБИ пронашол 11 комплети доверливи документи во Мар-а-Лаго, додека, пак, „Њујорк тајмс“ тврди дека Трамп е осомничен за незаконско користење воени информации, крадење и уништување документи.
Поранешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен „дипломатски“ издаден на функционери.
Трамп доби дипломатски пасош додека беше на чело на Белата куќа.
Агентите на ФБИ неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи.
Uncategorized
Во Црна Гора мерките против коронавирусот продолжени за 14 дена

Епидемиолошките мерки – задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, колективните центри и јавните превозни средства, аеродромите, продавниците, аптеките, бензинските пумпи – се продолжени за следните 14 дена, соопшти Институтот за јавно здравје.
Ваквата одлука, се наведува, е донесена во согласност со моментната епидемиолошка состојба, а врз основа на сеопфатна анализа на бројот на новозаболени и епидемиолошки показатели, што беше разгледана од работната група за контрола, превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19.
„Напоменуваме дека тековно важечки мерки се: задолжително носење заштитни маски во здравствени установи, колективни центри и средства за јавен превоз, задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, во објекти од витално значење: продавници за храна, аптеки и бензински станици, задолжително носење заштитни маски на аеродроми, железнички и на автобуски станици“, се вели во соопштението, пренесува „Блиц.рс“.