Контакт

Uncategorized

„Чудесниот свет на ангелите“ – изложба во Музеј на град Скопје

Објавено пред

Вечерва, 27 мај, во Музејот на град Скопје, ќе биде отворена самостојната изложба на академската сликарка Маријета Сидовски, платна изработени во комбинирани техники на акрил. Изложбата е насловена „Чудесниот свет на ангелите“

dobivaj vesti na viber

Отворањето на изложбата е во 20 часот, а ќе биде отворена до 8 јуни.

Маријета Сидовски е родена на 1973 година во Нови Сад, Србија. Завршила средно уметничко училиште – дизајн за текстил и облекување, во Нови Сад, во 1992. Дипломирала на ФЛУ – сликарство со конзервација и реставрација, во Скопје, во класата на проф. Душан Перчинков, 1998.Во моментов на магистерски студији на Факултетот за применета уметност во Белград, оддел за конзервација и реставрација на штафелајно сликарство, под менторство на проф. Светислав Николиќ.„Сликите на Маријета Сидовски се слики на прославата на минливоста, празник на минливоста, на силата на минливиот миг, миг замрзнат во својата неповторлива единственост. Тие ги привлекуваат ангелите. Ангелите овде се враќаат по нештата што ги заборавиле во нашиот свет. Ангели се спуштиле овде. Ангелите од небото над Скопје“ – Емил Алексиев, куратор на изложбата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Елтон Џон за Мајкл Џексон: Тој беше ментално болен

Објавено пред

Сер Елтон Џон во своите мемоари „Јас: Елтон Џон“ го нарече кралот на попот Мајкл Џексон ‘ментално болна, вознемирувачка личност’.

dobivaj vesti na viber

Автобиографијата на Џон е полна со шокантни откритија за неговиот живот во шоу-бизнисот, а во еден дел тој детално ја опишува неговата дружба со покојната контроверзна ѕвезда.

„Го познавам Мајкл уште кога имаше 13 или 14 години. Тој беше најслаткото дете што можете да го замислите. Но, во одреден момент во годините што следеа почна да се одвојува од светот и реалноста, нешто слично како Елвис Присли”, пишува Џон. Тој во своите мемоари зборува и за зависноста на Џексон од лекови против болки.

„Господ знае што се случуваше во неговата глава и Бог знае со какви лекови на рецепт го полнеа. Секогаш кога ќе го видев во неговите подоцнежни години си мислев дека кутриот тотално ги изгубил нервите. И не на лесен начин… Тој стана навистина ментално болен, делуваше вознемирувачки“, напиша легендарниот британски музичар.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Манасков се врати во Вардар

Објавено пред

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес. Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.

dobivaj vesti na viber

-Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава. „Црвено-црните“ полека го градат тимот со кој и сезонава ќе атакуваат на двојната круна во домашното првенство се вели во известувањето од клубот.

Манасков во Скопје доаѓа по неколку сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно настапуваше за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар, Рајн Некар и на крајот во Веспрем.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

18 лица загинаа во рација на бразилската полиција во Рио де Жанеиро

Објавено пред

Најмалку 18 лица се убиени во вториот по големина град во Бразил, Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација во сиромашна населба, соопшти државната воена полиција, цитирана од „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Оперативни тимови на цивилната и воената полиција на Рио де Жанеиро вчера извршија рација во комплексот Алемао, група фавели во северниот дел на градот, како дел од операцијата против организирана криминална група осомничена за повеќекратни кражби и грабежи на банки, како и што се однесува до планирањето напади врз сиромашните квартови, се вели во соопштението на воената полиција.

Во акцијата учествуваа околу 400 полицајци, четири авиони и 10 оклопни возила.

Поради големиот број загинати, оваа полициска акција поттикна истрага за можни прекршувања на човековите права, наведува британската агенција.

– Има знаци на големи прекршувања на човековите права и оправдано сомневање дека ова е една од операциите со најголем број смртни случаи во Рио де Жанеиро – се наведува во соопштението на државниот омбудсман.

Полициските сили на сојузната држава Рио редовно вршат вакви рации во сиромашните квартови на градот, насочени против криминални групи, во кои често има неколку мртви луѓе и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој ги поддржува таквите полициски тактики во борбата против организиран криминал, изјави претходно „дека се надева дека криминалците ќе умрат на улиците како лебарки“, според „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Нови 693 позитивни на Ковид 19, починати се две лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.480 тестови,...

Економија5 часа

Државата нема контрола како се враќаат парите од ковид-мерките, тоа ќе ја чини 23 милиони евра

Државата не предвидела како ќе го контролира враќањето на доделените средства за финансиска поддршка на работодавците и физичките лица за...

Македонија5 часа

Нема хоспитализиран пациент со мајмунски сипаници на Клиниката за инфективни болести

Нема хоспитализиран пациент суспектен за мајмунски сипаници, информираат од Клиниката за инфективни болести. „Во врска со пациентот што се споменува...

Европа5 часа

Полскиот премиер ја обвини ЕУ за империјалистичко однесување кон помалите членки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја обвини Европската Унија за империјалистичко однесување кон помалите членки во статија објавена на веб-страницата „Велт“...

Свет6 часа

Хаос на аеродром во Париз, маж се заканувал со нож, полицијата го убила

На парискиот аеродром „Шарл де Гол“ полицијата отворила оган врз маж вооружен со нож, јавува BFMTV повикувајќи се на неименуван...

Македонија7 часа

Гори борова и дабова шума во Охридско

Сè уште е активен пожарот кај охридските села Вапила и Сирула. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, гори борова...

Свет8 часа

Кина најави нулта толеранција за сепаратистичките активности на Тајван

Предупредувањето од Пекинг, кој го смета Тајван за своја територија, дојде неколку дена по невидените воени вежби на Кина во...

Свет8 часа

Зеленски: Војната на Русија против Украина мора да заврши со ослободување на Крим

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека конфликтот со Русија нема да заврши додека не се ослободи црноморскиот полуостров Крим,...

Свет8 часа

Јенс Столтенберг: Србија со години е близок партнер на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека Северноатлантскиот сојуз е долгорочен и близок партнер со Србија велејќи дека партнерството...

Свет8 часа

Русија: Од почетокот на август од Украина се извезени 370.000 тони храна

Над 370.000 тони храна се извезени од украинските пристаништа во 12 брода од почетокот на август, изјави шефот на рускиот...

Свет8 часа

Во експлозија на аеродромот на Крим загина едно лице, а осум се повредени

Едно лице загина, а осум се повредени во инцидент на аеродром на Крим, соопшти локалното Министерство за здравство. „Бројот на...

Свет22 часа

Нов вирус се појави во Кина: Заразени 35 луѓе – имаат треска, замор, кашлица, анорексија

Нов тип на хенипавирус добиен од животинско потекло, Langia henipavirus, кој може да зарази луѓе е пронајден во источната кинеска...

Свет23 часа

Поранешен шеф на кампањата на Трамп: Споделив доверливи информации со Русите

Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година, призна дека споделил доверливи...

Македонија24 часа

МОН го повлекува учебникот по Социологија за втора година гимназиско образование

Министерството за образование и наука информира дека е формирана Комисија за давање предлог за повлекување од употреба на одобрен учебник...

Македонија1 ден

Регистрирани 679 новозаразени од коронавирус, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се...

Економија1 ден

ССМ: Вредноста на минималната синдикална кошничка во јули 2022 е 47.042 денара

Вредноста на синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за јули изнесува 47.042,00 денара и не може да...

Македонија1 ден

МНР: Ги отфрламе сите наводи дека се подготвуваат нови обврски за двете држави надвор од договорените принципи

„Во врска со појавени шпекулации во јавноста за нови заемни документи меѓу Северна Македонија и Бугарија, дозволете да информираме дека...

Регион1 ден

Румен Радев: Изборите на 2 октомври треба да произведат стабилно и одговорно мнозинство

„За сите од најголема важност е овие избори да дадат одговорно мнозинство. Исто така, важно е ова мнозинство да ужива...

Свет1 ден

Градоначалникот на Нагасаки: Нуклеарното оружје е реална и присутна закана

Нуклеарното оружје е реална и присутна закана откако Русија ја нападна Украина, изјави денеска градоначалникот на Нагасаки на 77-годишнината од...

Свет1 ден

Зеленски со порака до Западот: Забранете им на Русите да влезат, нека живеат во свој свет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите руски граѓани. Во интервју за „Вашингтон...