Uncategorized
Прв џез-фестивал во Штип
Во организација на Домот на млади од Штип, утре и задутре ќе се одржи првиот џез-фестивал во овој град, насловен „Астибо џез-фестивал“
На овој прв тридневен хепенинг на џез-композиции, ќе се претстават реномирани музичари, професори и студенти од џез-одделот при Штипскиот факултет за музичка уметност.На првата фестивалска вечер ќе настапат трио гитари – Китановски, Поповски и Панев, а потоа и групата на тапанарот Михаил Парушев. Втората вечер е резервирана за настапите на „Перкашн ансамбл“, гитаристот Ѓорѓи Шаревски со свој квартет и групата „Сетстат“. На последната вечер ќе настапи турскиот перкусионист Изет Кизил од Истанбул и гитаристите Венко Серафимовски и Драган Гиновски, како и професорите од ФМУ во Штип, гитаристот Тони Китановски, перкусионистот Алек Секуловски и контрабасистот Иван Бејков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Ди Kаприо се присети кога Бред Пит ги помешал неговите родители со статисти: „Никогаш нема да го заборавам тоа“
Холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо неодамна се присети на ситуација кога Бред Пит ги запознал неговите родители.
Имено, 51-годишниот актер во интервју за списанието „Тајм“ се присети на симпатичен момент од снимањето на филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, кога Бред Пит ги запознал неговиот татко Џорџ Ди Каприо и маќеата Пеги Ен Фарар.
„Мојата маќеа е следбеничка на сикизмот. Мојот татко потекнува од хипи контракултурата, израснал во Сан Франциско и Лос Анџелес и се дружел со многу луѓе од андерграунд уметничкото движење во Лос Анџелес во 1970-тите“, раскажа Ди Каприо, објаснувајќи зошто Бред Пит бил збунет кога ги сретнал неговите родители.
„Се сеќавам на моментот кога излегувавме од ресторанот Musso & Frank’s на Холивуд Булевар и му реков на Бред Пит: ‘Тоа е мојот татко, а ова е мојата маќеа’. А тој ми одговори: ‘Да, сигурно’. Јас му велам: ‘Не, навистина, тоа се тие’. А тој повторно вели: ‘Да, сигурно’“, раскажа Ди Каприо низ смеа.
Актерот потоа додаде дека е свесен оти неговите родители навистина изгледаат како статисти во филмот.
„Си помислив: ‘Знам дека изгледаат како статисти во овој филм, но тоа навистина се тие. Така се облекуваат секој ден’. Тоа беше неверојатен момент. Никогаш нема да го заборавам“, додаде Ди Каприо.
Инаку, филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ (2019) е деветтиот филм што го напиша и режираше Квентин Тарантино. Станува збор за хумористична драма сместена во Лос Анџелес во 1969 година, која претставува „љубовно писмо“ до последните моменти на златната ера на Холивуд.
Фото: Depositphotos
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram

