Контакт

Uncategorized

Француска супериорност

Објавено пред

62. Кански фестивал

dobivaj vesti na viber

Од Кан – Благоја Куновски-Доре Стана сосема јасно зошто фестивалскиот тандем Жакоб-Фремо го темпирале за самиот крај 4-от француски претставник Влез во празнотијата  на авторот Гаспар Ное. Без разлика на конечната одлука на жирито, 62-риот Кан го доби моралниот победник што ја одбележува годинашната компетиција, супериорно потврдувајќи им го со тоа висококвалитетниот настап на домаќините. Ако лани победи едноставната ТВ-драма Клас на режисерот Лоран Канте, снимана во ентериерите на едно училиште, овојпат доколку имаше две Палми обете би требало заслужено да му се доделат на ова ремек-дело во кое Ное, покрај режијата, е и сценарист, снимател, монтажер и продуцент. Влез во празнотијата е магична, експлозивна драма за сестрата Линда (ја игра новото шпанско актерско откритие, новата Пенелопе Круз, Паз Де Ла Хуерта на која ì нема рамна во конкуренцијата за женската награда) и братот Оскар, кои, по семејната трагедија кога во тешка сообраќајка умираат нивните родители кои со љубов ги раѓале и одгледувале, си ветуваат дека ќе бидат неразделни. Кога ќе пораснат се среќаваат во Токио каде Оскар ќе биде убиен, како дилер на дрога, во една полициска рација. Губејќи го последното најдраго во животот – братот, Линда е очајна и сака да умре. Но, во духот на базично инспирирачката Тибетанска книга на мртвите Ное го подига филмот над реалноста, реинкарнирајќи го духот на Оскар во една визуелно халуциногена симфонија. Со позиција на субјективна камера од рака, нè воведува наркотички во интимата на нивните животи, меѓу раѓањето и смртта, меѓу љубовта и злото, со постојано бранување на камерата во разните амбиенти како и вертикалните, од птичја перспектива снимани панорами на цивилизациската бетонска џунгла Токио во која зрачи животната празнина. Затоа и по 2,5-часовното траење, будејќи многу асоцијации, Ное не го завршува филмот Влез во празнотијата испишувајќи Крај), туку Празнотија .По првоприкажаниот Пророк на режисерот Одиар (за кој веќе пишував), вториот филм На почетокот на режисерот Ксавиер Џианоли, ја засили позицијата на француските претставници, кон што се придружи и филмот Луди тревки  на ветеранот, 85-годишниот Ален Рене, за со филмот на Ное да кулминира супериорноста на филмовите на домаќините. Во филмот На почетокот сценаристот и режисер Џианоли тргнал од автентична животна приказна за измамник кој по излегување од затвор одново започнува од нула, но место да краде, своите незаконити акции ги става во функција на изградба на автопат, фалсификувајќи документи од една градежна компанија под лажно име. Врз таа автентична личност и патот што го градела, Џианоли прави парабола за тоа како еден негативец може да стане позитивен, да стане некој, да биде Бос кој ќе им помага на другите во сегашното време на рецесија, на безработност. Иако надвор од законот, главниот јунак (го игра одличниот Франсоа Клузе, заедно со неговиот сонародник од филмот Пророк – Тахар Рахим, најсериозни кандидати за машката актерска награда) е сепак позитивен карактер, кој алтруистички, со личен ризик за самоуништување, сака да создаде надеж за другите луѓе, за нивните животи, семејства, да биде почитуван и сакан. Така аутсајдерот прераснува во полезен човек, иако во судир со законот. Епилогот во филмот и во автентичниот живот е што измамникот бил затворен, автопатот бил завршен од узурпираната компанија, а тој, по одлежувањето на новата казна затвор, исчезнува и денес ништо не се знае за него во Франција.

Долгоочекуваниот филм на Квентин Тарантино Неславни копилиња (сниман во Франција и Германија) беше посебен настан за Кан. Тарантино е секогаш расположен за шега и смеа, со него е пријатно да се разговара, зрачи позитивна енергија, неговите филмови се дел од неговата природа. Првото чувство за Неславни копилиња е дека и тој е нов анфантерибловски резултат на темпераментниот Тарантино, кој, како автор на сценариото, нè враќа во Втората светска војна во Франција, во окупираниот Париз каде во неговата откачена визија ќе бидат убиени Хитлер и неговите соработници. Во прологот е ликвидацијата на еврејското семејство на девојката Шошона, која единствена ќе преживее и ја подготвува подоцнежната одмазда во Париското кино. Натаму, во својата визија Тарантино, во стилот на шпагети вестерните, чиј поклоник е, со многу пукање и крв, го воведува американскиот полковник Алдо (Бред Пит), кој ги предводи американските Евреи герилероси војници, наречени Копилиња, кои им се одмаздуваат на нацистите со сечење на нивните скалпови во стилот на Апачи Индијанците во вестерните. Типична тарантиновска жанр-пародија, од истата матрица на Евтини приказни, Касапски Кучиња, Убиј го Бил, Смртен доказ. Филмот Неславни копилиња има одличен кастинг во кој, не толку Пит, туку брилјира германскиот полиглот актер Кристофер Волц во улогата на СС-наредникот Ланда.

Враќањето во Кан на Алмодовар со филмот Скршени прегратки  е уште една потврда на неговиот изразен стил, овојпат создавајќи меланж од љубовен трилер и трагикомедија, пак со Пенелопе Круз, овој пат како глумицата Лена вљубена во режисерот во чија комедија игра, но е во спрега и со многу постариот продуцент кој е подготвен на сè, да плаќа но и да убие, само убавата Лена да ја има за себе. Бегајќи од злиот старец, тие се кријат во Ланзароте, но таа умира во една сообраќајка, а режисерот останува трајно слеп живеејќи го својот втор живот под псевдонимот Хари Кејн. Во пакувањето на овој филм во филм, Алмодовар намерно говори и за судбината на режисерот кој е секогаш изложен на ризик од нелојалноста на продуцентите.

Кога пишував за филмот Рибник на Шкотланѓанката Арнолд, го споредив нејзиниот филм со делата на Кен Лоуч, кој, пак, и овојпат е изразно доследен во најновиот филм Барајќи го Ерик  и заедно со својот верен соработник, сценаристот Пол Лаверти, гради ефектна драмска комедија како комбинација од фудбалска ѕвезда и негов фан. Имено, Ерик од филмскиот наслов е фактички прославениот поранешен француски интернационалец, фудбалерот на Манчестер Јунајтед Ерик Кантона, кој во филмската сторија му се појавува на неговиот фан именикот Ерик, кој пак, со неговите совети и помошта од фановите на Јунајтед, го спасува интегритетот свој и на своето семејство во конфликтот со локалните гангстери. Уште една одлично режирана верзија за испреплетувањето на најважната споредна работа на светот – фудбалот со животот.Сепак, и покрај “домашниот терен” на кој Французите сметаа, највисоката канска награда Златната палма за 2009 г. му припадна на австрискиот филм Белата лента  на режисерот Михаел Ханеке.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Лавров: САД и НАТО мора да ја признаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан

Објавено пред

Русија очекува САД и НАТО да ја препознаат одговорноста за ситуацијата во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

dobivaj vesti na viber

„Загрижени сме поради обидите на фактори надвор од регионот да станат активни околу Авганистан. Целосното обединување на напорите на земјите од регионот и земјите од НАТО е можно само доколку алијансата ја признае одговорноста за катастрофалниот исход од нејзиното воено присуство во Авганистан“, се вели во обраќањето на рускиот министер на 5. состанок за Авганистан, одржан во Казан.

Неговиот говор го прочита специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, Замир Кабулов.

Лавров посочи дека земјите од Западот нанеле непоправлива штета на народот на Авганистан и затоа мора да го понесат најголемиот товар за обнова на земјата во постконфликтниот период.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Британска помош за зајакнување на НАТО-капацитетите на МНР

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, потпишаа меморандум за соработка за реализација на проектот за менторство и градење на капацитетите на Директоратот за НАТО и политичко-безбедносни прашања при Министерството за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

„Со денешното потпишување на меморандумот дополнително го зацврстуваме нашето сојузништво во рамките на НАТО и ја збогатуваме договорната рамка меѓу двете земји. Обединетото Кралство, како наш значаен сојузник и пријател, придонесува за натамошно зајакнување и развој на капацитетите на Министерството за надворешни работи, со цел уште поефикасно остварување на нашата политичка и координативна улога во врска со разни прашања врзани со членството на Северна Македонија во алијансата“, истакна Османи.

„Обединетото Кралство беше постојан партнер во поддршката на интеграцијата на Северна Македонија во НАТО. Овој проект е уште еден пример за континуираната поддршка на Обединетото Кралство за Северна Македонија како сојузник во НАТО, со цел развој на капацитетите и вештините за да може да продолжи да придонесува и да исполнува позначајна улога како членка на НАТО“, рече амбасадорот Лосон додавајќи дека донациите на Обединетото Кралство под формата на опрема, обезбедување инструктори за обука, упатување советници и учество во заеднички вежби придонесоа за исполнување на заедничката цел – обезбедување мир, стабилност и безбедност во регионот. Воедно, додаде дека овие напори се доказ за заложбите на двете земји за гарантирање на колективната одбрана и безбедност на НАТО.

Проектот е предвидено да трае до март 2024 година и преку упатување резидентен експерт се очекува да придонесе за вешто и високо компетентно учество на Министерството за надворешни работи и цивилните експерти во работата на структурите на НАТО. Дополнително, проектот треба да придонесе и за целокупната подготвеноста на нашите институции за обезбедување високо ефективен и ефикасен менаџмент на политичките улоги во областа на безбедносната политика и безбедносни прашања.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Шарец: Заедно даваме видлив придонес во сојузничката одбрана и одвраќање

Објавено пред

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, и словенечкиот министер за одбрана, Марјан Шарец, денеска, во Министерството за одбрана го потпишаа договорот за соработка во одбраната помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија.

dobivaj vesti na viber

Министрите Петровска и Шарец имаа тет-а-тет средба и билатерална средба со делегациите од двете држави по што следуваше и заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците.

„Со задоволство го потпишавме новиот договор за соработка во одбраната помеѓу двете влади, што несомнено ќе придонесе во градењето на нашето пријателство и нашата соработка. Областите во кои ќе соработуваме се многубројни, но она што е најзначајно е дека преку реализацијата на овој Договор ќе придонесеме кон зајакнувањето на мирот, довербата, стабилноста и просперитетот во земјите од регионот, но и во целата евроатлантска област“, рече министерка Петровска.

Таа истакна дека двете земји заеднички придонесуваат во мултинационалните сили во Латвија со што јасно покажуваат дека не отстапуваат од заедничката цел, а тоа е безбедна Алијанса и сигурни граѓани. Петровска се заблагодари за континуираната словенечка поддршка во процесот на интеграција кон Европската Унија и за помошта да го изградиме заедничкиот европски мост.

„Македонската приказна во НАТО е успешна, но останува уште една стратешка цел која мораме да ја направиме да биде реалност. Благодарни сме за вашата неизмерна поддршка на патот на Северна Македонија кон ЕУ и за тоа што ни помагате да го изградиме овој заеднички европски мост“, рече Петровска.

Министерот Шарец порача дека е исклучително важно што ја продолжуваме соработката во меѓународните операции и мисии и што детектираме нови области во оваа област.

Заедничкиот придонес во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, тој го нарече „успешна приказна“.

„Заедно даваме видлив придонес во сојузничката одбрана и одвраќање, додека истовремено ја зголемуваме подготвеноста и поврзаноста на нашите вооружени сили, што демонстрира една регионална димензија на соработка. Словенија одлучи да го продолжи своето воено присуство во Латвија и ние неизмерно го цениме вашиот придонес и вашата подготвеност да продолжите успешно да соработувате со нас во овој ангажман“, заклучи Шарец.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Приведен криумчар на мигранти, ги сокрил во бункер меѓу кабината и товарниот дел

Денеска (02.10.2023) околу 19 часот на регионалниот пат Стојаково-Богданци, полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица...

Регион4 часа

Вучиќ за Си-ен-ен:„Ги ценам извештаите од Белата куќа, но не се секогаш точни“

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Си-Ен-Ен зборуваше се случувањата во Бањска на 24 септември. На почетокот тој рече...

Свет4 часа

Тајни документи го открија американскиот план за Украина

Според доверливите материјали, целите на САД во Украина варираат од спроведувањето на протоколите и стандардите на НАТО до приватизација на...

Македонија7 часа

Меџити за детето со аутизам: Било врзувано само кога било опасно за себе и другите

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека детето со аутизам, чија мајка ги обвини лекарите за нехуман третман, било лекувано...

Македонија7 часа

Заев: Пријателството меѓу Македонија и Грција и моето со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности

Експремиерот Зоран Заев објави заедничка фотографија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, кој денеска е во приватна посета на Струмица....

Македонија7 часа

Дете со аутизам било врзувано и малтретирано во болница, потресно сведоштво на мајката

Потресно сведоштво на мајка се шири по социјалните мрежи. Таа ги обвини лекарите од болницата „Демир Хисар“ дека нејзиното дете...

Топ10 часа

Млад возач од Гостивар удрил во столб, па починал на пат кон скопската клиника

Во 00.45 часот, во ОВР Гостиварм било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко возило...

Македонија11 часа

Не треба преку амнестии да се ослободува простор во затворите, тие што имаат казни, да ги издржуваат, порача Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, истакна дека не се согласува со предлог-законот за амнестија и дека цврсто стои на...

Топ12 часа

18-годишник загина во сообраќајна незгода на автопатот Гостивар – Тетово

Ноќеска, четириесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар – Тетово, на наплатната станица Гостивар,...

Македонија12 часа

Шефовите на дипломатиите на Хрватска, Австрија и на Словенија: Западен Балкан во ЕУ што е можно побргу

Западен Балкан треба да се интегрира во ЕУ бидејќи тоа е најдобриот начин да се стабилизира ситуацијата во тој дел...

Македонија12 часа

Министерот ќе бара учебници да се доставуваат и в сабота и в недела, шестоодделенците денес почнаа да ги добиваат  

Во октомври, наместо во септември, шестоодделенците почнаа да добиваат учебници. Министерот за образование Јетон Шаќири вели дека денес почнала дистрибуцијата...

Македонија13 часа

(Видео) Стоилковски: Со потпис на Груби, мафијаш од црната листа на САД, бизнис-партнер на Македонија?

„Владата на ДУИ и СДС, Ковачевски и Артан Груби, како потписник на документот за Државната Лотарија, државната компанија Државна Лотарија...

Македонија14 часа

Спречен обид за шверцување мотоцикли и друга стока, која македонски увозник се обидел да ја внесе без да ја пријави

Македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да шверцува стока во вкупна вредност од 473.632 денара. Меѓу непријавената...

Регион16 часа

(Фото+видео) Косовската полиција објави снимки од српските напаѓачи

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свеќља, на прес-конференција изјави дека целта на нападот во Бањска била анексија на северот...

Македонија16 часа

Протест за скандалот на Онкологија: измените во Кривичниот законик нема да ги аболираат инволвираните од нивните злосторства ако ние тоа не го дозволиме

Денеска, во 18 часот, пред Владата повторно ќе се одржи протест за скандалот на Клиниката за онкологија. Протестот пред Владата...

Свет17 часа

(Видео) Во Мексико се урна покрив на црква за време на миса, најмалку седум загинати

Најмалку седум лица загинаа, а 10 се повредени, вчера, во Мексико, кога покривот на црквата се урна за време на...

Топ1 ден

Скопјанецот кој уби човек во Хром и го запали во станот може да добие доживотен затвор, мајката што донела бензин помала казна

Скопјанецот кој минатата недела со над 45 убоди усмрти човек во Хром и го запали станот заедно со мајка му...

Топ1 ден

Полицијата го уапси скопјанецот кој уби човек во Хром и со мајка му го запалија во станот за да ги сокријат трагите

Полицијата денеска во 14.20 часот на подрачјето на населба Влае, го уапси 39-годишниот А.Д. од Скопје, за кого пред два...

Билтен1 ден

Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, кажа Николовски од СДСМ

За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија, капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над...

Македонија1 ден

Ристески: 200 студенти на само ден пред почетокот на академската година без сместување во студентски

Катастрофалните политики и немањето ниту малку доблест и грижа за студентите, доведе до создавање на трул систем од кој се...