Uncategorized
На 5 јуни започнува театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“
44-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ се отвара во петок, 05 јуни, со театарската претстава „Свето срце“ на МНТ-Скопје, во режија на Љубиша Георгиевски
На свеченото отворање ќе бидат доделени наградите за животно дело на актерите Димитар Костов и Љубица Гојковиќ. Истата вечер на полноќ, ќе биде изведена претставата „Таму каде што не сум бил“ на Прилепскиот театар, во режија на Зоја Бузалковска.До 11 јуни театарската публика во Прилеп ќе види вкупно 17 театарски претстави во ON и OFF програмите, а ќе се одржат и 3 трибини. Официјалната ON-програма е следната: „Свето срце“ на МНТ – Скопје, режија Љубиша Георгиевски, „Кинегонда во Карлаленд“ на Драмскиот театар – Скопје, режија Сашо Миленковски, „Тероризам“ на НТ „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ – Велес, режија Александар Ивановски, „Албански ноќи“ на Албанскиот театар – Скопје, режија Ентон Каца, „Сијах Калем“ на Турскиот театар – Скопје, режија Владо Цветановски, „Тетовирани души“ на Кумановски театар, режија Јани Бојаџи, „Црна се чума зададе“ на Битолскиот театар, режија Владимир Милчин, „Глоговиот џбун“ на Народниот театар од Штип, режија Стојан Стојаноски, „Последниот ден на Мисирков“ на Струмички театар, режија Дејан Пројковски и „Тапани во ноќта“ на Прилепски театар, во режија на Мартин Кочовски.Придружната OFF-програма ќе понуди 7 претстави: „Таму каде што не сум бил“ на Прилепски театар, режија Зоја Бузалковска, „Црна птица“, Буден театар – Скопје во соработка со Драмскиот театар, режија Бојан Трифуновски, „Дивите пајки“ на Кумановскиот театар, режија Кирил Петрески, „Лет во три глави“ на МНТ, режија Никола Ристов, „Чернодрински експрес“, копродукциски проект на театар „Скрб и утеха“ и НТ „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, режија Јордан Витанов, „Вака, вака и вака“, испитна претстава на студентите од 2-ра година на Факултетот за драмски уметности од класата на Владо Цветановски и Мими Таневска и „Тестостерон“ на Битолски театар, со што свечено ќе биде затворен фестивалот и ќе бидат доделени наградите за најдобрите во минатата театарска сезона.Инаку, Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма – Војдан Чернодрински, драмски автор, актер и режисер. Традиционално секоја година се одржува во градот Прилеп во почетокот на месец јуни.Првата претстава на овој реномиран фестивал се одржала на 4 јуни 1965 година.На фестивалот континуирано се презентираат најдобрите театарски/драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција работени според дела од светската драматургија, а особено се афирмира македонското драмско творештво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram

