Uncategorized
„Афтершок на постмодернизмот“ – отворена дебата за современата архитектура на Скопје
Од 8 до 14 јуни во мултимедијалниот центар Мала станица, ќе се одржи втората по ред дискусиона платформа „Форум Скопје“, на која ќе учествуваат 15 интернационални и домашни гости и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, современата уметност, филозофијата и социологијата
„Форум Скопје 2009“ е интернационален проект, кој се труди филозофски да ја „прочита“ социјалната и психолошката состојба на градот, да ја стави на маса и да дискутира отворено. Оваа платформа е во организација на архитекти од Македонија, Австрија и Германија, а како главен организатор се јавува архитектот Иван Мирковски од Виена.„Форум Скопје 2009“ преку дебатите и студентските работилници во Мала станица ќе цели кон давање на еден поинаков аспект за она што му се случува на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година и неговата иднина.„Целта е преку странските екперти да се загатнат теми на кои заедно со македонските гости ќе се дискутира околу можните сценарија на градот на солидарноста – Скопје и неговата перспектива“, вели организаторот Мирковски.Годинешниот „Форум Скопје“ е дел од регионалниот проект „Да зборуваме за критичката уметност“ во кој се вклучени Македонија, Србија, Хрватска и Словенија, а е поддржан од Европската културна фондација. Главната цел е да се создаде ткиво од свесни граѓани кои ќе имаат активен однос кон своето опкружување. Врвните гости од странство ќе дебатираат со македонските интелектуалци и граѓани на Скопје за архитектурата, теоретската архитектура, урбанизмот, социологијата, уметноста, филозофијата.На 8 јуни, како прва вечер на „Форум Скопје 2009“, во Мала Станица од 19 часот е најавено целовечерно предавање на архитектот Антонио Петров од Бостон кој во моментот работи како предавач на прочуениот Харвард во полето на историјата и теоријата на архитектурата и урбаниот и дигиталниот дизајн. Овој врвен интелектуалец со потекло од Македонија за прв пат ќе се претстави пред скопската публика со предавање од ваков тип и е ретка можност за сите заинтересирани да дознаат повеќе за неговата работа на Харвард и последната публикација со тема: „Motion of Matter: Of Disturbed Fundamentals and the Embrace of Strangeness and Indeterminate Dimensions“ и неговата докторска десертација „(Им)материјалноста и просторното присуство на мега и мета црквите во Северна Америка“. Веќе на 9 јуни во Мала Станица, во 19 часот, е најавено и официјалното отворање на „Форум Скопје 2009“ преку претставување на организаторите на оваа платформа, отворање на изложба на фотографии од германскиот архитект Ханс Енгелс на тема „90 години постоење BAUHAUS архитектура“ и џез-концерт на Георги Шарески и Емин Џијан. Од 10 до 14 јуни, со почеток во 19 часот, во Мала Станица, ќе се одржат вечерните дебатни сесии помеѓу млади архитекти од Македонија и гостите од странство.Паралелно со Форумот, како и минатата година, и оваа ќе се одржи workshop со студентите по архитектура од Скопје, кој ќе го води проф. Дивна Пенчиќ, заедно со менторскиот тим составен од странските гости учесници на дебатите. Листата на гости започнува со проф. Ерих Рајт – архитект, урбанист и теоретичар, потоа Габриеле Рајтерер – теоретичар по архитектура, урбанист и социолог од Виена, Каи Воеклер – креатор на Archis Interventions, Инес Толич – докторат за Кензо Танге и неговиот проект за Скопје во Венеција, арх. Срџан Ј. Вајз – архитект и креатор на архитектонското студио NAO од Филаделфија, САД, Марко Санчанин – креатор на Платформа 9,81 од Загреб, архитект Иван Рупник – докторант на Харвард, Сергеј Никољски, архитект од Австрија, Биљана Стефановска, архитект од Дармштад, архитектите Вера Мартинез и Кристиано Лепрати од Берлин, Максимилиан Хартмут – австриски архитект со седиште во Истанбул, Марен Харнак, професор на Hafen City Universität, Хамбург, Александар Петров – архитект од Милано, креатор на СтудиоКолектив, интернационално архитектонско студио и повеќе млади македонски архитекти и теоретичари.Реализацијата на „Форум Скопје 2009“ е овозможена од Про Хелветиа, Европската фондација за култура (ECF) и Амбасадата на Австрија во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Трагедија во Петровец: 23-годишно момче загина откако врз него паднал тежок предмет при изградба на објект
На 19.02.2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А. (23) од Велес.
Од здобиените повреди тој починал на местото на настанот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. За настанот е известен трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Uncategorized
Објавени сите досиеја на Епстин: на листата повеќе од 300 имиња на познати личности
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин се објавени и дека во овие документи се наведени повеќе од 300 имиња на познати личности.
Пам Бонди тврди дека никакви записи поврзани со истрагата за Џефри Епстин не се објавени „поради срам, повреда на угледот или политичка чувствителност“, објави „Фокс њуз“.
Во писмо од саботата таа објави дека сите досиеја на Епстин се објавени во согласност со Законот за транспарентност на документите.
Според написите „Фокс њуз“ го добиле писмото адресирано до претседателот на Комитетот за правосудство на Сенатот, Чак Грасли, републиканец од Ајова, конгресменот Дик Дарбин, демократ од Илиноис, претседателот на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом, Џим Џордан, републиканец од Охајо, и конгресменот Џејми Раскин, демократ од Мериленд.
Писмото, како што е неведено од медиумот, содржи список од повеќе од 300 имиња на познати личности, вклучувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, поранешниот претседател Барак Обама и поранешната прва дама Мишел Обама, британскиот принц Хари, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, актерот Вуди Ален, сопственикот на „Фејсбук“ Марк Закерберг, пејачот Курт Кобејн и Брус Спрингстин.
Некои од споменатите имиња имале обемен директен контакт преку е-пошта со Епстин или неговата соработничка Гислен Максвел, додека други биле споменати во дел од документот (вклучувајќи пишување во печатот) кој на прв поглед не е поврзан со прашањата за Епстин и Максвел, се наведува во писмото.
Документот наведува широк спектар на материјали, вклучувајќи информации за организации и мрежи за кои се тврди дека се поврзани со трговијата со луѓе и финансиските операции на Епстин во корпоративните, непрофитните, академските и владините сфери, како и интерни е-пораки, меморандуми и белешки од состаноците на Министерството за правда за тоа дали да се покрене обвинение, да се отфрли или да се продолжи истрагата.
Документите, исто така, вклучуваат записи поврзани со потенцијалното уништување или прикривање на релевантен материјал и документација поврзана со притворањето и смртта на Епстин, вклучувајќи извештаи за инциденти, интервјуа со сведоци и извештаи од медицински испитувач и обдукција.
Во писмото се наведува дека лицата чии имиња беа редигирани поради чувствителност не беа вклучени, се додава во писмото, додавајќи дека процесот на редигирање бил обемен, вклучувајќи консултации со жртвите и нивните адвокати.
Кембел спомената стотици пати
Името на британската манекенка Наоми Кемпбел се појавува стотици пати во документите на Министерството за правда на САД за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, а истражувањето на документите покажува дека Кемпбел побарала лет со приватниот авион на Епстин, била видена во неговата вила во Њујорк и на островот, но нејзиниот адвокат тврди дека таа не била свесна за неговите злосторства и дека никогаш не учествувала во несоодветно однесување.
Во милионите документи објавени по смртта на Епстин во 2019 година, беа прикажани е-пошта и преписка што покажуваат дека Кемпбел побарала да се сретне со Епстин во неговата вила во Њујорк и ја користела неговата мрежа за да присуствува на луксузни настани низ целиот свет, пишува Њујорк Тајмс (NYT).
Во една од е-поштата испратена до асистентката на Епстин, Кемпбел навела дека „сака да го види Џефри“, а на крајот од пораката се потпишала како „исцрпена убавица“.
Во интервјуата со федералните истражители, неименуваните жртви на Епстин рекле дека тој ги запознал со Кемпбел на друштвени настани и дека ја виделе во неговата вила и на неговиот остров.
Документите покажуваат дека моделот останал во својата околина и во контакт дури и откако Епстин беше осуден во Флорида во 2008 година за охрабрување на малолетници да се занимаваат со проституција.
Адвокатот на моделот Кемпбел, Мартин Сингер, рече дека неговата клиентка немала сознанија за „страшните кривични дела“ на Епстин сè до неговото апсење во 2019 година и дека таа немала никаков контакт со него потоа.
Uncategorized
Стравична несреќа на автопатот Скопје–Куманово: Две возила целосно изгореа по судир, еден тешко повреден
Синоќа на автопатот Скопје – Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град, се случила тешка сообраќајна несреќа во која двете возила што се судриле целосно изгореле.
Според информациите од полицијата, судирот се случил помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од селото Бујковци, и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка, со неготински таблички, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.
По ударот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Во несреќата, возачот на патничкото возило се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата излегла увидна екипа.
Фото: илустрација (depositphotos)

