Uncategorized
Симон Трпчески одушеви и во Мадрид
По одличните концертни настапи со рецитали и учество во камерни состави во рамките на Музичкиот фестивал во норвешкиот град Хардангер, Симон Трпчески настапи во камерната сала на „Аудиторио Национал де Музика” во шпанската престолнина
Концертот на македонскиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески, се одржа во организација на Македонската амбасада во Шпанија со поддршка на нашето Министерство за култура.Пред присутната публика во која биле и дипломатски претставници од голем број држави, како и македонскиот вицепремиер Ивица Боцевски, маестро Трпчески и неговите гости, виолинистите Ѓорѓи Димчевски и Климент Тодороски, извеле дела од Шопен, Менделсон, Дебиси, како и од Шахов, Глишиќ, Шуплевски и Албениц, де Фаља и Сарасате, правејќи вистински потег со комбинацијата на шпански и македонски композитори која ја натерале мадридската публика да ги награди изведувачите со овации со стоење и повици на бис, при што било изведено делото „Скопско оро” во аранжман на Дамир Имери.„Мислам дека ова беше навистина многу убаво претставување на Република Македонија во главниот град на Шпанија, особено пред мадридската публика која очигледно нема големи познавања за нас и особено не за нашата музика. Избрав програма од повеќе стилови, колоритна музика, потоа презентација на македонската музика и, секако, шпански дел од програмата со кој покажавме како Македонците ја чувствуваат шпанската музика. Многу сум среќен што на концертот ми се придружија нашите двајца прекрасни виолинисти Климент Тодороски и Ѓорѓи Димчевски. Според самата градација на атмосферата во салата и топлата и искрена реакција на публиката со овациите на нозе, очигледно на присутните им се допаднале нашите изведби. Мене тоа не ме изненадува со оглед на десетината настапи низ Шпанија што се зад мене, но на овој концерт, освен официјалниот дел посетители, дојдоа и многумина кои се интересираа или за мене како пијанист или за македонските дела што ги претставивме. Се’ на се’, сметам дека навистина оваа вечер ќе им биде дополнителна мотивација за уште подобро запознавање со нашата земја”, изјави Трпчески.Следниот месец македонскиот пијанист ќе настапува во Велика Британија, САД и Швајцарија, а во меѓувреме, во практиката што самиот Трпчески ја воведе, ќе и’ понуди убави моменти и на домашната публика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

