Uncategorized
„Јас сум време“ – нова поетска збирка од Радован Павловски
Во издание на издавачкиот центар „ТРИ“ деновиве излезе од печат најновата поетска книга од академик Радован Павловски, „Јас сум време“
„Јас сум време“ содржи 39 песни , создадени во изминатите три децении и никогаш необјавени досега.Во сите нив провејува препознатливиот метафоричен ракопис на Павловски, со голема творечка вдахновеност.Радован Павловски (роден во Ниш, Србија, на 23 ноември 1937 год.) е современ македонски поет, есеист, патописец и публицист. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, Србија (1982 – 1985) и од 1985 година е во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на МАНУ и на Сојузите на писатели на Хрватска и на Србија.Автор е на книгите: „Суша, свадба и селидби“ (поезија, 1961), „Корабија“ (поезија, 1964), „Високо пладне“ (поезија, 1966), „Боемија на природата“ (1969), „Низ проѕирката на мечот“ (поезија, 1971), „Сонце за кое змијата не знае“ (поезија, 1972), „Пир“ (поезија, 1973), „Зрна“ (поезија, 1975), „Молњи“ (поезија, 1978), „Стражи“ (поезија, 1980), „Чума“ (поезија, 1984), „Отклучување на патиштата“ (патопис, 1986), „Клучеви“ (поезија, 1986), „Марена“ (поезија, 1986), „Избрани дела“ во три тома (1986), „Темелник“ (поезија, 1988), „Зрна, Молњи и Клучеви“ (трилогија, 1989), „Бог на утрото“ (поезија, 1991), „Што може поезијата“ (есеи, 1993), „Вселенски деца“ (поезија за деца, 1993), „Демократска џунгла“ (политички есеи, 1994), „Јавач на звукот“ (поезија, 1995), „Порака на поетот до сите поети на светот “- Струшки вечери на поезијата (1995), „Синот на Сонцето“ (поезија, 1999), „На едно око“ (поезија, 2002).Автор е на манифестите: „Епското на гласање“ (коавтор, 1960) и „Манифест на Поетска Република Железна Река“ (1990).Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“, на странските награди: „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972). Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во Тринаесетата едиција на интернационалното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Интернационалниот биографски центар (Кембриџ, Англија) се објавени детална биографија и библиографија.Посебни поетски книги му се објавени на англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

