Uncategorized
Дванаесетта конференција на ПЕН во Охрид
Дванаесеттата Охридска конференција на Македонскиот ПЕН центар свечено ќе биде отворена вечерва во хотелот „Милениум“ во Охрид. Тема на конференцијата годинава е „Литературата како стока: естетиката на бестселерот“
На конференцијата ќе учествуваат 30 писатели од Македонија и од уште 12 земји. Гостите на свеченото отворање ќе ги поздрави претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Георги Старделов.Работниот дел на конференцијата почнува утре (петок), а воведен излагач и модератор на дебатата ќе биде писателот Венко Андоновски.Претседателот на Македонскиот ПЕН центар Ристо Лазаров на денешната прес-конференција изрази очекување дека конференцијата ќе биде плодна и интересна со квалитетни прилози кои ќе придонесат уште повеќе за зацврстување на местото што конференцијата во има во календарот на активности на светскиот ПЕН.Учесниците на конференцијата в сабота ќе ја посетат галеријата на kерамичката колонија во Ресен, манастирот „Св.Ѓорѓи“ во Курбиново и селото Брајчино. Ќе биде претставен и новиот број на ревијата на Македонскиот ПЕН.Меѓу учесниците на конференцијата се писателите Фатемех Сајади и Тери Карлбом (Шведска), Жужа Ракаш и Софија Добожи (Унгарија), Патриција Ваското (Италија), Тереза Брдечкова (Чешка), Казимиро де Брито (Португалија), Ентела Каси (Албанија), Надежда Чачиновиќ (Хрватска), Александар Гаталица (Србија) и Георги Константинов (Бугарија), како и писатели од Словачка, Косово, Словенија.Од Македонија ќе учествуваат писателите Ристо Лазаров, Катица Ќулафкова, Ферид Мухиќ, Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски, Луан Старова, Васе Манчев, Димитар Башевски, Гордана Михаилова – Боѓњаковска, Ефтим Клетников, Данило Коцевски и Ресул Шабани.Македонскиот ПЕН-центар е формиран во 1962 година. Самостојно функционира од јули 1967 година и стекна право на гласање на конференциите на Меѓународниот ПЕН, со центар во Лондон. Регионалната Охридска конференција почнувајќи од 1991 година се одржува редовно, фокусирајќи се на литературните теми, како: литературата и идентитетот, времето, дијалогот… Дискусиите на натамошните конференции вклучуваа покрај културни и политички прашања, како: писателите во состојба на воен конфликт, ситуацијата во Босна и Херцеговина, резолуции за литературна соработка помеѓу европските ПЕН-центри, итн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

