Контакт

Uncategorized

„Теоремата на Алмодовар“

Објавено пред

Романот „Теоремата на Алмодовар“ е дебитантска книга од шпанскиот автор Антонио Касас Рос. Интересен е податокот дека авторот ја напишал својата книга по една сообраќајна несреќа, а самата приказна го вклучува и славниот режисер Педро Алмодовар

dobivaj vesti na viber

Според критичарите, „Теоремата на Алмодовар“ е оригинален, силен и интересен роман и воопшто не е лесен за читање, но штом читателот започне со прелистување на неговите страници веднаш ќе биде фасциниран од чудната мешавина на стварноста и сонот.Уште на почетокот, авторот го воведува читателот во животот на главниот лик, кој по една сообраќајна несреќа ќе ја изгуби саканата девојка, а неговото лице е осакатено. Огромна желба на јунакот на романот е режисерот Алмодовар да сними филм инспириран од неговиот живот. Додека во својата фантазија го разработува сценариото за филмот, во неговиот живот влегува Лиза. Реална или измислена, Лиза му носи нов живот. Нејзе и‘ е важна само суштината, а не формата, односно неговиот надворешен изглед на монструм и таа постојано и отворено зборува за хаосот во нивниот живот, за деформитетите, различностите, длабочината на душата…Шокантна и нежна истовремено, нивната приказна не би била интересна без еден необичен сведок кој ќе се појави. Инаку, авторот Антонио Касас Рос поради сообраќајната несреќа ги прекинал студиите по математика. Моментално живее во Рим, но никој од неговата издавачка куќа се‘ уште не го запознал лично.„Теоремата на Алмодовар“ не е преведен на македонски. Издаден е на српски јазик од издавачката куќа Mono i manjana. Се надеваме дека наскоро и нашите читатели ќе имаат можност да го вкусат овој роман на македонски јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

(Видео) Моќен ракетен систем „Искандер“ уништен во Русија, објавија Украинците

Објавено пред

Украинското Министерство за одбрана објави дека моќен руски ракетен систем „Искандер“ е уништен во Русија.

dobivaj vesti na viber

„Украинските војници уништија руски ракетни системи ‘Искандер’. Еден руски ракетен фрлач експлодира, а два други веројатно се оштетени. Резултатите од нападот сè уште се утврдуваат“, објави украинското Министерство за одбрана.

Според повеќе извори, системот се наоѓал во регионот Брјанск во Русија и бил во активна служба. Се верува дека бил користен за таргетирање на Киев.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Судот ги поништи царините на Трамп, ги прогласи за незаконски

Објавено пред

Федералниот суд на Соединетите Американски Држави ги блокираше многу високите царини што претседателот Доналд Трамп ги воведе на странски земји, пресудувајќи дека тој ги пречекорил своите овластувања.

dobivaj vesti na viber

Пресудата, донесена од страна на судии на Американскиот суд за меѓународна трговија, ги запре сеопфатните царини од 10 проценти што Трамп ги воведе на „речиси секој трговски партнер на САД“, а десетици земји беа загрозени со повисоки царини, пишува „NBC News“. Судот, исто така, блокираше посебен сет царини што ги воведе администрацијата на Трамп врз Кина, Мексико и Канада, во кои како причина за зголемувањето се наведоа трговијата со дрога и нелегалната имиграција.

Администрацијата на Трамп ги оправда царините со повикување на Законот за овластување за меѓународна економска вонредна состојба од 1977 година, или IEEPA, кој му дава на претседателот овластување да го регулира увозот за време на одредени вонредни состојби.

Сепак, судот вчера го отфрли толкувањето на законот од страна на владата и рече дека би било неуставно кој било закон донесен од Конгресот да му даде на претседателот целокупно овластување да одредува царини.

„Судот не донесува одлука за мудроста или можната ефикасност на употребата на царини од страна на претседателот. Оваа употреба е недозволива не затоа што е неразумна или неефикасна, туку затоа што (федералниот закон) не го дозволува тоа“, наведе тричлениот судски совет во одлуката, пренесува Танјуг.

Судот рече дека царините за Кина, Канада и Мексико не се легални затоа што „не се справуваат со заканите идентификувани во тие наредби“. Тројцата судии кои ја напишаа пресудата беа номинирани за судскиот совет од поранешниот претседател Роналд Реган, поранешниот претседател Барак Обама и Трамп во неговиот прв мандат. Администрацијата на Трамп во судските документи посочи дека ќе поднесе жалба на пресудата до Федералниот апелационен суд.

Портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, одговори на пресудата, бранејќи го образложението за царините, велејќи дека трговскиот дефицит на САД со други земји „создаде национална вонредна состојба што ги десеткуваше американските заедници“. Тој тврди дека царините се неопходни за да се поттикне производството во САД и да се стави крај на она што тој го смета за неправедни трговски практики.

Со воведувањето на царините на почетокот на април, Трамп го нарече трговскиот дефицит „национална вонредна состојба“, што ја оправда неговата царина од 10 проценти за целиот увоз, со повисоки стапки за земјите со кои САД имаат најголем трговски дефицит, особено Кина.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Предлог-закон за формирање инспекторат за грбот, знамето и за химната

Објавено пред

На денешната собраниска прес-конференција портпаролот и пратеник на политичката партија Левица, Амар Мециновиќ, го најави законот за инспекторат за државни инсигнии, со кој, како што рече, се гарантира почитувањето на грбот, знамето и на химната на Република Македонија, како и на симболите на етничките заедници.

dobivaj vesti na viber

„Веќе 27 години постои Закон за употреба на државното знаме и грб, но овој закон нема орган што го спроведува. Исто така, постои и Закон за знамињата на заедниците и тој закон пропишува глоби, но нема институција што ги изрекува тие глоби. Практично, имаме мртво слово на хартија“, рече Мециновиќ на собраниската прес-конференција.

Како главен мотив за донесување на овој закон од партијата ги наведуваат честото непочитување на државните инсигнии и провокациите што предизвикуваат меѓуетничка нетрпеливост и тензии, а државата останува со врзани раце, без можност да изрече казна за непочитување на постојните закони или сквернавање на државните инсигнии.

Од партијата соопштија дека со овој предлог-закон инспекторатот за инсигнии ќе биде сместен во рамките на Министерството за правда, а ќе има право да врши надзор како на институциите така и на правните и на физички лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...

Македонија1 час

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит на Дебарско – кичевската епархија

Игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) е избран за нов духовен водач на Дебарско-кичевската епархија Тој е назначен на местото на упокоениот митрополит...

Македонија2 часа

Бројот на гости и ноќевања расте со историски 20% во однос на лани, целта ни е да стигнеме до четири милиони ноќевања, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски утрово при посетата на Машинскиот факултет историски успех го нарече зголемениот број регистрирани ноќевања и туристи во...

Македонија2 часа

Картел во фармацевтскиот бизнис – две веледрогерии го оштетиле буџетот за 1,1 милион евра

Вишиот управен суд со пресуда го потврди решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата со кое утврди дека две големи...

Македонија3 часа

Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи, тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, велат од СДСМ

Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, според СДСМ, уште на почетокот го покажал својот вистински лик, надмен, без допир...

Македонија4 часа

Филипче со денови молчи за бугарската фирма, Обвинителството да поведе постапка, бара ВМРО-ДПМНЕ

Филипче со денови молчи за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е во негова 100% сопственост, а ја основал на...

Свет5 часа

Германскиот министер за одбрана: Правиме сè што можеме за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, пристигна во Киев за да разговара за воената поддршка за Украина во нејзината војна...

Македонија5 часа

За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна...

Свет16 часа

Вучиќ е единствениот кој не ја потпиша декларацијата за поддршка на Украина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги опиша денешните состаноци во Одеса на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ како многу успешни, но тој...

Македонија17 часа

Меџити во Украина: Силно ја осудуваме руската агресија и бараме итно запирање на војната

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Изет Меџити, денес учествуваше на Самитот...

Топ19 часа

Битолчанка сакала да ги убие своите баба и дедо, ги избодела со нож

Полицијата приведе жена од Битола која со нож ги избодела своите баба и дедо. „По овластување на јавен обвинител од...

Економија21 час

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато, Министерството за енергетика почна серија брифинзи за новиот закон

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани...

Македонија23 часа

Македонската дипломатија нема да биде ничија партиска сопственост, одговори МНР по прозивките од СДСМ

Македонската дипломатија не е, и нема да биде ничија партиска сопственост. По години на политичка злоупотреба, ја враќаме дипломатијата на...

Македонија23 часа

Побаран доживотен затвор за убијците на Вања и Панче: Двете дела се убиства на свиреп начин за кои е предвидена најтешка казна

Обвинителките Ана Стојковиќ-Димитровска и Жаклина Крстевска во завршните зборови на денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот...

Македонија24 часа

(Видео) Обвинителството да отвори постапка за криминалниот круг Филипче – Заев – Зобек мининг, бара Петрушевски

Фрапирани сме од молкот во СДС и кај Венко Филипче, за неговата фирма во Бугарија, џипот купен од фирма која...

Македонија1 ден

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија1 ден

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија1 ден

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија1 ден

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет1 ден

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...