Контакт

Uncategorized

Фестивалот „Фонетика“ по втор пат

Објавено пред

Во кампот Ливадиште во Струга на 1 и 2 август по втор пат по ред ќе се одржи музичкиот фестивал „Фонетика“. Картите за дводневниот настан во предпродажба ќе се продаваат по цена од 200 денари.

dobivaj vesti na viber

„Фонетика“ е во организација на промоторската агенција „Баланс“. Фестивалот ќе има две посебни музички сцени. На првата која ќе биде на самата плажа ќе настапат Кирил Џајковски со неговиот оркестар, Суперхикс, Зоран Ристевски Бејбе, Тамара Тодевска, групата на Ѓорѓи Шаревски и Џијан Емин, како и диџеите: Самоил Радински, Марјан Стојановиќ- Маци, Томи Бојаџи, Александар Мискоски, Флудер, Роботек, Мирко Попов и Игор Зотик. На втората сцена ќе настапат: диџеј Гоце од САФ, Легијата – СТР2, Грин аут, Против сите, Ронин, и Да Џака Накот како и реге изведувачите Мастрафизам и Андреј Бартлинг. Во исчекувањето на фестивалските вечери „Фонетика“ ќе одржи мини-турнеја низ Македонија. На 17 јули во Гевгелија во кафе Q и во летниот клуб Ава. На 17 јули ќе имаат коцерт во Кавадарци во клубот Александрија. Ди-џејската турнеја на 24 јули ќе продолжи во Кочани во хотел Гратче, а на 25 јули во Излет кафе во Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized

Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски му се заблагодари на Памер за поддршката што Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите.

Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувано во наредниот период, истакна Мицкоски.

Воедно, беше потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот, кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Силен земјотрес ја погоди Франција

Објавено пред

Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика, ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како на изборна кампања“, реагира Лога

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е...

Македонија8 часа

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата. Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски...

Македонија9 часа

ВЛЕН: Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието

„За новата влада на Република Северна Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот...

Македонија10 часа

Општина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, кој е монтиран без безбедносните сертификати, а нема ни одобрение за работа

Општина Карпош објави дека за разлика од другите надлежни институции, иако има минимални надлежности, води постапка против дивопоставениот лунапарк кај...

Македонија11 часа

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата што освоила помал број мандати да стане дел од владата

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во име на „Европскиот фронт“ ги обвини албанските политички субјекти, кои...

Македонија11 часа

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и...

Македонија12 часа

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ13 часа

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...

Македонија14 часа

Шокаровски: Смртноста на кардиохирургија се намалува, разрешувањата се незаконски, а 170-те пациенти не се фантоми, туку по грешка не се заведени во „Мој термин“

Смртноста на Клиниката за кардиохирургија не е зголемена, туку има тренд на намалување, нема пациенти фантоми, кои не се заведени...

Топ16 часа

Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на...

Македонија16 часа

Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе дејствува како пратеник

Градоначалникот на општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени со...

Свет16 часа

Северна Кореја ѝ испрати балони полни со измет на Јужна Кореја, стаса и предупредување: „Останете во затворено“

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја, јавуваат светските медиуми. Северна Кореја пуштила 90 балони...

Свет17 часа

Стејт департментот: САД жалат за трагичната загуба во Рафа, но Израел има право да го нападне Хамас

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави „длабоко жали за трагичната загуба”, што е резултат на израелскиот напад врз кампот...

Свет17 часа

Макрон: Франција е подготвена да ја признае Палестина во корисен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави за време на посетата на Германија дека признанието на палестинската држава не е „табу тема“,...

Свет17 часа

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба: НАТО подготвува нуклеарен напад, разработува сценарија

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба, ФСБ ги обвини земјите на НАТО дека се подготвувале да извршат нуклеарни напади...

Македонија1 ден

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја...

Македонија1 ден

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија1 ден

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија1 ден

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....