Uncategorized
Најзначајните книжевни фестивали во Британија
Британскиот магазин „Times“ ги одбра најзначајните книжевни фестивали во Британија за 2009 година
Фестивалот „Chapter and Verse Literature Festival“ (во слободен превод би било „Фестивал на проза и поезија“) во арт-центарот „Bluecoat“ во Ливерпул. Се одржува од 14 до 18 октомври и оваа година ќе биде во знакот на одбележувањето на 100 години од раѓањето на еден од најпознатите поети и романсиери од овој регион, Малком Лаури.
Книжевниот фестивал во Манчестер се одржува од 15 до 25 октомври на повеќе локации низ Манчестер. Овој фестивал се организира четврта година по ред и претставува навистина иновативна литературна манифестација, а се фокусира врз независната сцена. Оваа година ќе гостуваат автори како Маргарет Етвуд, Кејт Аткинсон, Џоан Бејквел, итн.
„Hebden Bridge Festival“ – различни локации низ Хебден, западно од Брадфорд. Се одржува од 26 јуни до 12 јули. Оваа година фестивалот беше свртен кон одбележувањето на 200-годишнината од смртта на Чарлс Дарвин, а самиот настан покрај литературата, го одбележуваат и многу музика и комедија.
Фестивалот за крими-литература во Харогејт, Јоркшир. Секоја година се одржува во „Crown Hotel“ од 23 до 26 јули. Харогејт е место познато по многуте бањи, соби за чајанки и прекрасни градини и нуди навистина одлична атмосфера за одржување на еден од најпопуларните крими-фестивали во Британија.
„Ledbury Рoetic Festival“ – најголемиот поетски фестивал на британскиот остров веќе 14 години се одржува од 3 до 12 јули во Ледбури, Хирфордшир. Овој фестивал нуди спој на многу екцентрична и возбудлива музика и поетски перформанси, работилници по креативно пишување, филмски проекции…
„BBC Proms Literary Festival“ – „Ројал Алберт Хол“ и салата на Кралскиот колеџ за музика од Лондон се локациите каде се одржува најголемиот фестивал на музика и зборови во Англија, 17 јули – 12 септември. Поети, писатели, историчари, се среќаваат и дискутираат за теми од културата и богатото наследство на Британија – од митовите поврзани со Елизабета I до славење на антихероите од Викторијанското доба.
„Islay Book Festival“ – се одржува на западниот брег на Шкотска на 5 и 6 септември. Основан е во 2006 година и вклучува програма за деца и за возрасни. Најупешните шкотски автори и политичари ги разменуваат своите литературни искуства на најразлични работилници, каде децата се запознаваат со сета магија на пишувањето преку раскажување на приказни.
Фестивалот на раскажување приказни од Единбург, Шкотска – одбележување на долгата традиција на раскажување приказни и бајки и современ пристап кон овој културен феномен. Се одржува од 23 октомври до 2 ноември.
Фестивалот посветен на поетот Дилан Томас – „Refusal to Mourn“ („Одбивност кон оплакување“) се одржува во Свонси, во Дилан Томас центарот. Овогодинешното 11-то издание ќе биде во знакот на воениот период во поезијата на Томас, а воедно ќе биде доделена и наградата „Дилан Томас“ за поети до 30 години, во износ од 60 илјади фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.