Uncategorized
Собир на комунистички лидери во Лисабон
Делегации на 70 комунистички и работнички партии од 10.до 12.ноември во Лисабон ќе разменуваат мислења за „стратегијата на империјализмот“ и за „перспективите на социјализмот“.
Делегации на 70 комунистички и работнички партии од 10.до 12.ноември во Лисабон ќе разменуваат мислења за „стратегијата на империјализмот“ и за „перспективите на социјализмот“.
Комунистичките лидери ќе расправаат за „погубноста на империјалистичката милитаристичка офанзива врз човештвото“ и за „можностите за примена на искуствата на Латинска Америка“, соопшти организаторот на собирот, Комунистичката партија на Португалија (ПЦП).
„Ќе расправаме за тоа дали искуствата на Венецуела, Боливија и Бразил може да бидат појдовна точка за формирање социјалистички држави во XXI век и кои грешки од минатото треба да се избегнат“, изјави членот на Политичкиот одбор на ПЦП Ангело Алвес.
Комунистичкиот собир во Лисабон ќе биде осми од 1998 година. Претходните беа одржани во Грција.
Меѓу лидерите кои го потврдија присуството на средбата во Португалија се генералните секретари на комунистичките партии на Јужна Африка Блад Нзиманде, на Грција Алека Папарига, на Руската федерација Генадиј Зјуганов и на Куба, Фернандо Естеноз. Партијата на трудот на Северна кореја се уште не го потврдила учеството.
/крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Силен земјотрес ја погоди Франција
Франција денеска ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 10 километри југоисточно од градот Тарбес и 120 километри југозападно од Тулуз, на длабочина од четири километри, се наведува на веб-страницата ЕМСЦ.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Uncategorized
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.
Uncategorized
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.
До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.