Uncategorized
„Пред дождот“ на двд во Бразил
Филмовите на македонски режисер Милчо Манчевски продолжуваат да патуваат низ светот
Македонскиот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски деновиве е издаден на двд издание во Бразил , една од земјите каде што филмот беше актуелен кога се појави пред 15 години.
На неколку критичарски листи во Бразил тогаш беше вброен меѓу десетте најдобрите филмови на годината, а беше тема и на академски есеи на бразилските универзитети. Подоцна во Бразил беше издаден и на видео.
Последниот филм на Манчевски „Сенки“ ќе има премиера на јавниот ТВ сервис во Германија. Како што најавува Каналот БР во брошурата за филмската програма, на јавниот сервис „Сенки“ ќе игра на 23 мај. „Сенки“ пред 3 години имаше светската премиера на фестивалот во Торонто, а покрај на десетици фестивали играше на редовниот репертоар во кината во Мексико, САД, Индија, Унгарија, Романија, Турција, Јужна Кореја, Грција и во голем дел од Европа, на Балканот и Јужна Америка.
На крајот на минатата година трите филма на Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“ во Македонија се издадени на двд сет во издание на „Манаки филм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Северина објави нови фотографии од Малдивите, позира во костим за капење
Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажа на Малдивите каде што отпатува неодамна.
Таа позира во костим на капење, а покрај фотографиите, ги напиша стиховите од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери.
Таа претходно позираше во розов лелеав долг фустан од Макс Мара, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.
Uncategorized
Фатени бегалци од затвор барани со потерници
На 02.01.2025 околу 02 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги и СВР Тетово во Тетово ги лишија од слобода Е.З. (24) од с. Грчец, скопско и А.О. (24) од с. Грчец, скопско, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.
Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело по чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од КЗ, а А.О. на казна затвор од три години за сторено кривично дело по чл.215 ст.1 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.
Uncategorized
Автомобил удри во заштитна ограда кај Градско, повредени две жени
На регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река, автомобил со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Н.М.(57), а со телесни повреди се здобила сопатничката Б.П.(45), двете од Градско, констатирани во болницата во Велес.
Извршен е увид.