Uncategorized
Концерт на Сафадиски песни и поезија за Битола
Вечерва во 20,30 ч. во рамките на културната манифестација Бит Фест, во Завод и музеј Битола во Концертаната сала, ќе се одри коцерт на сарфадски песни со Даниела Димова – сопран и Жанет Бенун – пијано, а во Магаза од 21 часот ќе се одржи манифестацијаат Поетите пеат за Битола
Бугарското дуо кое ќе настапи со еврејски песни го сочинуваат сопранот Даниела Иванова Димова дипломирала на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија соло пеење во класата на проф. Реса Коилева. Има завршено повеќе специјализации, а магистрирала кај проефсор Маргарита Лилова на Виенската музичка академија. Во Италија специјализирала „бел канто“ кај проф. Ида Фарина од Милано. Добитничка е на прва награда за соло пеење Националниот Фестивал на опера и балет во Стара Загора и прва награда на Фестивал во Јужна Кореја. Гостувала во повеќе земјим Шпанија, Белгија, Швајцарија, Италија и тн.Жанет Бенун Николаева е родена во Русе, Бугарија. Дипломирала пијано на Музичка академија во Софија. Жанет е професор по пијано во Русе. Има гостувано во повеќе земји.Мотивот за организирање на едно вакво гостување е во нејзината програма и моќна интерпретација. Имено се работи за изведба на Сарфадски песни од 14 век, кои еврејскиот народ ги донел со себе при доаѓањето на Балканот. Тие песни се живи и денеска низ македонскиот и мелосот на другите балкански народи. Чуството да се слушнат тие песни во оригинална изведба на автентичен напев и јазик е повеќе од возбудливо. Вечерва ќе бидат изведени „Морена ме“, „иламан“, „Адио Керидо“, „Каминандо пор ла страда“, „Адио керидо“, „Алта, Алта алта е ла луна“ идр.Битола како град е најзастапен во перата на македонските поети. Со цел да се доближи поезијата до граѓаните на Битола, а и пошироко, извршен е избор од поезијата во која е опеана Битола и направено е сценарио. Стиховите од повеќе автори од Битола и пошироко се надоврзуваат едни по други градејќи целина која како дијалог ќе биде презентирана од актерите Соња Ошавкова и Душко Јовановиќ, пропратена со музика. Исто така ќе биде поставена изложба на песните од кои е црпен материјалот за подготовка на сценариото. Изборот на поезијата и музиката го направи Благој Николов.Ваквиот приод на избор на поезија со драмско дејствие, во нашиот град се случува за првпат. Посетителите во 40 минутно траење, ќе уживаат во преубавите стихови за Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

