Uncategorized
„Битола отворен град“
Младински културен центар – Битола, по деветти пат оваа година, го организира Меѓународниот Младински Арт Фестивал „Битола отворен град 2010“. Фестивалот е отворен за сите алтернативни уметности во изведба на млади луѓе.
Во досегашните фестивалски изданија имавме можност да видиме уметници од САД, Франција, Германија, Словенија, Шведска, Данска, Финска, Шпанија, Јапонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, и многу македонски значајни алтернативни уметници од рангот на Тони Китановски, како и музичките групи Мизар, Архангел, Mooger Foger, Суперхикс, Фолтин, Сет, Паркети, Д.Н.О., Дина, Three minutes on the rain, Bei the fish итн.Повеќе од 500 уметници од 40тина земји од цел свет се имаат претставено пред фестивалската публика со свои дела во рамките на групните изложби и проекциите на уметничките кратки филмови. Изминатите две години гости беа легедарните рок изведувачи Рамбо Амадеус и Ван Гог, имиња кои привлекоа огромно внимание кај домашната и странската публика.Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина на Балканот. Фестивалот трае четири дена и традиционално се одржува во втората половина од месец aвгуст, со што му дава посебен белег на летото кое завршува. Оваа година терминот за одржување на фестивалот е 21-25 август 2010 година.Значаен белег на фестивалот му дава Младинскиот меѓународен волонтерски камп Битола отворен град кој секоја година е домаќин на десет волонтери од десет различни земји. Волонтерите се дел од логистичката поддршка на фестивалот и уште една можност да ја претставиме Битола како град со позитивна креативна енергија.Од друга страна фестивалот дава можност за вклучување на локални граѓани како учесници во креативните работилници, како логистичка поддршка на фестивалот и како конзументи на уметноста со цел да се потсетат на вистинските вредности, да се запознаат со други традиции, култури, начини на живот. Фестивалот им дава можност на локалните граѓани и гостите да го прошират својот видик и да се збогатат со уште едно искуство и квалитетно да го потрошат своето слободно време.Програмата вклучува изложба на дигитални графики, улични перформанси, креативни работилници, графити работилница, изложба на уметничка фотографија, улични концерти и журки на отворено.Интернационалниот младински арт фестивал е во организација на Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола), а главниот настан е во ko-организација или партнерство на МКЦ-Битола и Fresh Union.Главниот настан ќе се одржи во недела на 22 август на Олимпискиот базен во Битола.Оваа вечер ќе настапат неодамна реоформените алтер-рок битолчани Небо, дел од ѕвездите на МНА продукција PMG Kolektiv и Д.Н.О., актуелните Bernays Propaganda и DJ-ите Goran Tech и Dejan Dex.На оваа вечер исто така ќе се појави и неповторливиот Кирили Џајковски заедно со Серџук Оркестра…Влезниците се пуштени во претпродажба во Пица Буре- Битола, Југотон- Скопје и вашите омилени кафулиња низ Републиката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

