Uncategorized
„Чалгија саунд систем“ вечера во Охрид

„Чалгија саунд систем“ ја негува малку подзаборавената чалгиската музика која својот зенит го имала во 19. век кога не можело да се замисли веселба или градска кафеана без чалгии, но овој состав ја продолжува чалгиската традиција додавајќи модерни музички форми кои допираат до пошироката публика
Составот започна да работи во 2008 г. и претставува вистинско освежување на македонската музичката сцена. Претходница му беше проектот „Калдрма“ во кој членуваа Бошко Мангаровски и Дориан Јовановиќ и којшто на одреден начин беше иницијатор за заживувањето на поширокиот интерес за маргинализираната чалгиска музика.Групата во која членуваат Добрила Грашеска – вокал, Александра Кузман – виолина, Дориан Јовановиќ – ут, Бошко Мангаровски – канон и Филип Крстевски – тарабука, деф, дајре, има настапувано на разни манифестации и фестивали на којшто публиката никогаш не останува рамнодушна. Охриѓани ќе има можност да го проследат настапот на етно бендот „Чалгија саунд систем“ во петок на 19-ти ноември во кафе-паб „Кастело“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Серена Вилијамс лансира колекција куфери среде пандемија

Таа е тениска легенда и светска шампионка која поголемиот дел од својот живот го помина патувајќи низ светот за да се натпреварува на највисоко ниво.
Затоа, не е изненадување што Серена Вилијамс одбра совршен начин да ја истакне убавината на патувањата и ја започна втората линија од својата колекција куфери со Away.
39-годишната тенисерка призна дека „сонува да патува повторно безбедно и се надева дека нејзината нова линија ќе им помогне на луѓето да започнат да ги планираат своите идни патувања“.
Вилијамс пренесува париски вибрации додека пие еспресо и гледа во далечина, со голема фотографија на Ајфеловата кула во позадината, а медиумите додаваат дека Вилијамс е во својот дом.
Uncategorized
Велосипедист удрил во пешак и побегнал

Скопјанец е тешко повреден откако велосипедист удрил во него, по што побегнал. Како што информира полицијата, вчера во 14:10 часот во Скопје на улица 50-та дивизија велосипед управуван од засега непознато лице кое го напуштило местото на настанот удрил во пешакот А.Р.(47) од Скопје. На повредениот му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата.
Uncategorized
Улогата на Наоми Кембел за туризмот во Кенија предизвика полемика

Назначувањето на британскиот супермодел Наоми Кембел за кениски амбасадор за туризам предизвика бура на Твитер во источноафриканската држава.
Многумина се прашаа зошто оваа функција не ѝ била дадена на истакната Кенијка како холивудската актерка Лупита Нионго. Други преминаа во нејзина одбрана, велејќи дека дебатата на социјалните мрежи веќе ја оправдала нејзината улога.
Туристичкиот сектор во Кенија е тешко погоден од коронавирусот, а бројот на посетители е намален за 72% во периодот од јануари до октомври минатата година.
„Секторот изгуби над 110 милијарди кениски шилинзи (1 милијарда американски долари) од приходите од директни меѓународни туристи поради пандемијата на Ковид-19 “, објави минатиот месец кенискиот Институт за истражување на туризам.
Земјата е позната по возбудливите сафарија, разновидност на дивиот свет и ресорти на плажа.
Кенискиот министер за туризам, Наџиб Балала, изјави дека договорот со г-ѓа Кембел бил направен минатиот викенд откако тој се сретнал со неа минатата недела додека била на одмор во Кенија.
50-годишната икона на стилот и филантроп објави фотографии од нејзиниот престој на Инстаграм, каде има 10 милиони следачи.
„Ние ја поздравуваме возбудливата вест дека Наоми Кембел ќе се залага за туризмот и ќе патува на меѓународно ниво за брендот ‘Волшебна Кенија’“, рече Балала. Тој не наведе дополнителни детали за договорот.
Изјавата, објавена на Твитер во вторникот, предизвика инстант револт кај некои, а други ги отфлија критиките за нејзиниот избор.
Еден корисник на Твитер наброја други познати личности од Кенија кои повеќе одговараат за амбасадорската улога, вклучувајќи ги моделите Ајума Насењана и Дебра Санајпеи, како и актерката Нионго.
Друг твитерџија напиша дека ваквата реакција открива нездрав став во Кенија: „На крајот на денот, сè е за тоа кој ќе ја заврши работата. Овој менталитет е тој што предизвикува непотизам и племенство во кениските институции “.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот