Uncategorized
Изложба на скулптури од Димо Тодоровски
Значајна јубилејна изложба 100 години од раѓањето на скулпторот Димо Тодоровски беше отворена во Националната галерија Дату пашин амам. Изложбата претставува пресек од творештвото на родоначалникот и првиот скулптор во историјата на македонската уметноста
„Овој повод е значаен за повторно да се разгледа творештвото на Тодоровски во рамките на историјата на уметноста на Македонија. За круцијалното место на скулпторот Тодоровски во Македонија доволно говори фактот што заедно со Мартиновски и Личеновски ја имаше честа да биде основач на македонската модерна уметност. Воедно уметникот Димо Тодоровски е прв академски образован скулптор кај нас и припаѓа на групата први ликовни педагози. Изложбата ги претставува преобразбите на македонската скулптура и го опфаќа периодот на почетоците на модерната, за скулпторските изразености карактеристични за крајот на минатиот век, па се до почетокот на осумдесеттите години, подоцна и до смртта на уметникот. Изложбата е пресек на неговото целокупно творештво и воедно менување на традиционалното лице на современата скулптура, “изјави Маја Крстевска директор на Националната галерија на Македонија.„Ова време во македонската уметност ќе биде обележано како време на скулптурата. Скулптурата никне по нашите булевари, улици, паркови и никогаш до сега во таква експанзија не се случило скулптурата да ги надмине сите уметности. Ни недостига одговорот на прашањето на што се должи овој факт. Сите овие скулптури што ќе ги разгледаме ќе сфатиме дека Димо Тодоровски настојувал не статички да го обликува човечкиот лик туку динамичен. Гледате како таа скулптура оди, дише. Дозволете да упатам сериозен апел од името на МАНУ дека сме должни да направиме се што остана во гипс да се обликува во бронза за да биде скулптурата вечна,“ изјави академик Георги Старделов.Од многуте дела на Тодоровски ќе останат запаметени „На мечкин камен“, „Рибар“, „Јама“, првиот монумент „Кајмакчалански јунак“, а мотиви на обработка биле и значајни личности од македонската култура бистите на Браќата Миладиновци, монументот на Кочо Рацин, монументот на св. Климент Охридски и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.
Uncategorized
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Uncategorized
Европол разби група платеници ангажирани за киднапирање водач на албанска мрежа за трговија со дрога
Европол вчера поддржа голема операција предводена од Германија, насочена кон група платеници ангажирани од криминална мрежа за киднапирање на водачот на соперничка банда за трговија со дрога.
Агенциите за спроведување на законот од Данска, Франција, Латвија и од Обединетото Кралство учествуваа во операцијата.
Координираната акција се фокусира на латвиски државјани, од кои некои беа активни во Француската легија на странци.
„Овие високообучени лица беа опремени со професионална опрема и дејствуваа во име на организирана криминална група. Ним им беше доверено киднапирањето на водачот на албанската мрежа за трговија со дрога, кој е осомничен за оркестрирање на кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра“, се вели во соопштението на Европол.
На денот на акцијата четири лица беа уапсени во Данска, Франција, Латвија и во Обединетото Кралство, а две во Германија.
„Европол одигра клучна улога со олеснување на размената на информации, обезбедување оперативна координација и обезбедување аналитичка поддршка. На денот на акцијата Европол распореди експерти во Ница за да ги олесни размената на информации во реално време и вкрстената проверка на оперативните информации во базите на податоци на Европол обезбедувајќи директни траги до истражителите на терен“, соопшти Европол.
Европол додава дека оваа операција е поврзана со феноменот насилство како услуга, во кој сторителите ги нудат своите услуги за извршување насилни дела во име на други криминални организации. Во овој конкретен случај високообучени експерти се ангажирани од организирани криминални групи за извршување насилни дела. Овој начин на дејствување се открива сè повеќе во разни операции поврзани со сериозен и организиран криминал.
Неколку осомничени во овој случај се поранешни војници на Француската легија на странци. Европол наведува дека ова претставува алармантен тренд што произлегува од војната во Украина.
„Борбено обучените поранешни војници, кои се враќаат од фронтот, би можеле да ги користат своите вештини за организиран криминал претставувајќи потенцијална закана. Како што војната во Украина продолжува и потенцијално се интензивира по нејзиното завршување, Европа би можела да се соочи со зголемен број на овие високообучени лица вклучени во криминални активности“, соопшти Европол.

