Uncategorized
Проектот на Башески на Венециското биенале
Македонија на 54-то светско биенале во Венеција е претставена со два проекта, од кои едниот е проектот „Прескок“ на скулпторот Жарко Башески со кој се претставува Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп
По тој повод во четврток се одржа прес конференција во Центарот, на која беше посочено дека како институција им е голема чест што ги претставуваат Прилеп и Македонија на престижната манифестација.„Нашето учество на Биеналето е потврда за високото реноме на институцијата, потврда дека сме водечки на полето на ликовната уметност во земјата“, рече Тони Чатлески, директор на прилепскиот цента р за култура „Марко Цепенков“.На 54-то Биенале во Венеција, во павиљонот на Република Македонија во платата „ Песаро Папафава“ земјата е претставена со два проекта од кое едниот е „Прескок“ на авторот Жарко Башески. Станува збор за проект чијашто приказна е заснована врз идеите на германскиот филозоф Фридрих Ниче, за човековите настојувања кон себенадминување, за можноста себе да се надрасне, да се прескокне себеси и да ги прескокне ограничувањата на стварноста што самиот тој ја создава. Овој проект можете да се разбере и како метафора на актуелните состојби во Македонија и во светот.Инсталацијата се состои од три сложени супер-реалистични скулптури на еден ист човек, со димензии нешто поголеми од вообичаените, во три ситуации. Врската меѓу скулптурите – човек кој самиот себе се носи, човек кој самиот себе се прескокнува и човек кој самиот себе се надвисува – е вечното човеково настојување за самонадминување. Автор на скулптурите е Жарко Башески.Жарко Башески Факултетот за ликовни уметности во Скопје го завршил во 1988 година. Постдипломските студии ги завршил во истата институција во 1998 година. Во 2000 година е избран за наставник во звањето доцент по предметите вајање, вајарски техники и цртање, а во 2005 година во звање вонреден професор по истите наставни дисциплини, а сега работи како редовен професор на истиот факултет.Башески е скулптор кој веќе има изведено неколку монументални бронзени скулптури на плоштадите во својата земја, како што се скулптурите на Александар Македонски (Прилеп) и коњаничките скулптури на македонските национални херои Гоце Делчев и Даме Груев на плоштадот во центарот на главниот град (Скопје).Во проектот ПРЕСКОК тој се свртува кон обичниот човек. Одново враќајќи се во скулптурата кон човекот и човековото тело како носечка тема, Башески се обидува да ги постави прашањата за смислата на човековото постоење. Човекот на Башески, како и човекот на Ниче, е во постојан напор на самонадминување – тој е акробат, жонглер со сопственото тело, одач по жица оптегната над светот.Човековата скулптура (претставувањето на човекот во скулптурата), како врвен израз на моќта на една цивилизација, секогаш ги преставувала боговите и хероите – скулптурата на Башевски претсваува еден обичен мал човек кој денес ја презема ролјата на надчовек во своите напори да се надмине себеси. Трите скулптури претставуваат обид да се коментира можноста за надраснување на човекот, токму денес кога светот е на пресвртница и кога човекот стои на работ од бездната меѓу урнатините на Историјата, Религијата и Уметноста во пустињата на стварноста (Бодријар) кој самиот ја има создадено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Бајден: Знаеме кои сме, време е да му го покажеме тоа на светот и на самите себе
Џо Бајден им се придружи на американските претседатели од редовите на Демократската партија во осудата на смртоносната пукотница во Минеаполис. Коментирајќи ја веста дека федералните агенти го убиле 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети, Бајден рече дека чинот претставува „предавство на најосновните вредности на Американците“.
Во изјавата во која се повикува на уставното право на правична постапка, Бајден рече: „Ние не сме земја што пука во своите граѓани на улица. Ние не сме земја што дозволува бруталност врз граѓаните за остварување на нивните уставни права. Ние не сме земја што го гази Четвртиот амандман и толерира тероризирање на нашите соседи“.
„Луѓето од Минесота нè потсетија на сè што значи да се биде Американец, а тие веќе претрпеа премногу под оваа администрација. Насилството и теророт немаат место во САД, особено кога нивната сопствена влада ги таргетира американските граѓани“, додаде тој.
Во малку прикриена критика кон Доналд Трамп, чија администрација се соочува со растечки критики за тактиките за имиграција, Бајден истакна: „Никој не може да го уништи она за што се залага и во што верува Америка, дури ни претседателот, ако ние, целата Америка, се заложиме и проговориме“.
„Знаеме кои сме. Време е да го покажеме тоа на светот. Уште поважно, време е да го покажеме и на самите себе“, истакна тој. Тој повика на „целосни, фер и транспарентни“ истраги за „бесмислените“ убиства на Прети и Рене Гуд.
Изјавата на Бајден следува по осудите што ги упатија претходно Барак Обама и Бил Клинтон. И двајцата ги повикаа Американците да проговорат и предупредија дека основните американски вредности се нападнати по засилената репресија на администрацијата на Трамп против имиграцијата во Минеаполис.
По напуштањето на функцијата, Бајден претежно се држеше подалеку од јавноста. Тој моментално се лекува од рак на простата и е ангажиран во пишување мемоари и развивање на претседателската библиотека.
Неговите изјави доаѓаат во време кога многу демократи се незадоволни од неговата одлука да остане претседателски кандидат на партијата долго време во текот на изборниот циклус во 2024 година, потег што критичарите го оценија како ослабување на моментумот на партијата.
Бајден на крајот ѝ ја отстапи номинацијата на потпретседателката Камала Харис, која Трамп ја победи и освои втор мандат во Белата куќа.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

